2020 година на сите ни наметна грижи, предизвици и ограничувања, но за некои семејства ова е крајно тежок период. Непосредно пред новогодишните и божиќните празници, во име на Фемина Форум заедницата, би сакале да измамиме детски насмевки со новогодишни пакетчиња. Доколку познавате семејство со мали дечиња кое е во финансиска криза, пишете ни тука. Ве замолуваме за податоци* (име и презиме, адреса и телефон за контакт) за да организираме достава која ќе биде брза и безбедна за сите. Минатата година испративме пакетчиња за сите дечиња за кои добивме податоци, како и неколку хуманитарни пакети за семејства кои се наоѓаа во лоша ситуација. Веруваме дека и годинава заеднички ќе подариме малку радост. Чувајте се и славете максимално безбедно! *Податоците ќе бидат користени само и единствено за достава на подароците.
Навистина ми е драго што сум дел од овој форум. Браво @Femina за вашата хуманитарност и грижа. Не сум сретнала друг форум вака како вас да се грижи и за модераторите и за членовите и за најмалите-децата. Кој што сака нека збори, ама имате големо срце. Ви благодарам што ни ги разубавувате и ни ги правите посреќни новогодишните празници
@Bridget Да, да знам дека не е твоја идеја ама ми се допадна постот твој општо, и плус дека треба повеќе да дадат што се согласувам и одма после тоа ја видов темава, се израдував и ме потсети на тебе, затоа те тагнав.
Пишано. Лани ми ја остваривте желбата и дадовте пакетче за детето што ви го пишав, се надевам дека годинава пак ќе биде така. Браво за иницијативата, сигурна сум дека ќе насмеете многу деца.
https://shilomagazine.com.au/2020/12/24/апел-за-помош-солзите-на-мајката-се-нај/ Ajde da gi izraduvame malive napateni dusicki. Ima li nekoj od Dracevo da ni najde kontakt za lugjevo? Izvinete za Latinica.
Семејството во моментов живее на улица Корчевска број 25 во Драчево. За донации и помош секој хуман човек може да се јави на 077 / 500 – 822, кој го користи Радица Зафирова.
Многу ми е жал за дечињава, ама мајкава и татково се за еден стап ластегарка што го викаат старите па удри мавај. Зошто ги знам, татково не му се работи имаше работа во Систина, собираше постелнини и сметот, плата можеби мала ама на време, пријавен храна ама он си правеше како сака. На работа доаѓа кога сака, колегите го прикриваа некогаш жал им беше он се правдал демек децата... Цело време ескивирал да не работи па дури и шваљерка си фатил една иста ко него ги остави женава и децава и отиде кај неа да живее. Ги видов на улица за раце па уште заљубени биле многу, му реков само како не му е срам... Му наоѓаат работа ама он сака лежи лебу да те јадам. Пет деца на 30 години, а услови никакви од почеток, жално само за тие деца.