Поголемиот за н.г од дедо мраз побара точак.Ве молам кажете ми каде да барам точак со нормални цени за 9-10 год.дете,по можност да праќаат по карго?
Ај дајте идеа за 22 месеци девојче за пакетче, покрај класично што друго да ставам, за ептен блиско, а секако и да не е многу скапо. Облека некако не би... ќе земам некоја сликовница боенка ама што друго.
некоја кукла, некоја музичка играчка, а боенка за дете што нема ни 2 години што знам дали е соодветно можеш албум со сликички да и земеш и неколку чоколадца па понатаму да и го собираат родителите
Може, не ми текна на пластелин. Ќе најдам плус нешто со новогодишен мотив. Лани купив лепенки едни за на прозор капче, па наполнив со бебешка храна и ми беше полесно, оваа година немам идеи.
Играчка! Секое дете се радува највеќе на играчка. Никогаш на памет не ми паднало да ставам облека во новогодишно пакетче, тоа би било разочарување за детето.
во бисер охрид имаше точак на попуст за деца на тас воздраст и пракаат по карго провери имаат фб страна
Ако ти се блиски можеш и да прашаш со што највеќе си игра, кукла, коцки, пластелин, убава идеја ти даде и Sesil, албум на Ж.Царство и чоколатца , некоја табла од оние со магнет на пр. со букви и бројки, фигури пластични од новиве цртани филмови... само влези во продавница за играчки и одма ќе ти текне
Јас обавезно купувам пакетче со чололада, оние стандардните. Тие ми се симбол на "подарок" за нова година. Така ми останало од времето
Лани им купив албум така сакаа, прашав ама викаат нр знаеме шо да купиш и така.. ќе биде секако и со чоколади смоки зошто се јаде, а и играчка некоја ќе морам да најдам. Ќе смислам...
И јас така Освен ако не решам и некоја играчка, тогаш сама го склопувам пакетчето, ставам играчка и плус чоколади и тракатанци. Очите им светнуваат на децава кога ќе видат во пакетчето освен чоколади дека и играчка се крие А интересни ми се некои од новиве мајки со здравите пакетчиња, баш се прашувам кое дете се израдувало на поморанџи и банани
Предлог пакетче за девојче 2 години и момче 7 години? Ќе им купам облека, ама за пакетче сакав од тие на Топер со книгите и боенките, но дали одговараат на годините?
ние во фамилијава имаме многу деца (12 сосе кумата и први и втори братучеди,за другите нема ) претржно даваме готово купено пакетче и додаваме по еден новогодишен украс додека за кумата ставаме едно играче плус и или топлинчиња или ракавичиња или шалче или капче...
Јас имам многу малечки ама повеќе пари ќе потрошам на пошта ( не сум у мк, затоа) неголи за подароци. Така да само на едно новороденче си пратив цуцли шишенца лигувчиња (интересни гумени со џепче) и една ламбичка елка со батерии. И нормално за мојата најсакана креативка (9год) 50цм чоколаден дедо мраз, калапчиња за колачиња, ламбички елка и духче, новогодишно Toffifee, cote d’or , лабело, боички, украсни ширити за машнички и честитка
Јас имам 2 бебиња во блиска фамилија(3 и 8 месеци) На помалото му купив памперс(мало пакување бр.3-видов кој го користат),влажни марамчиња и една тропалка. Ги ставив во украсна кеса. На поголемото(8 мес.) Му зедов трењерчиња,тропалка и кашичка,исто спакувани во украсна кеса. На поголемите(над 4 год што се) новогодишен украс од Џамбо и пари.
Bratce i sestrice (2ipol i 1 godina), ne mnogu bliski. Nesto zaednicko sto bi go koristele ili posebno? i Sto?
Можеш коцки за редење, заеднички ќе ги користат и играат, некои дрвени сложувалки или играчки,музичка играчка.. тоа ми текна моментално за заеднички поклон.
Исто мислење и јас делам за ова ,,Здрави" пакетчиња. Дете е нека се радува, а таа пак нека си го храни здраво по дома. За на крај баба да му подметнува смокичка или ресанка.
Имам другарка која е опседната здраво да ги храни децата. Ама еден ден си се шетала со 4-5 годишното синче, на сред шетња дете побарало Кока кола, оваа првин се сепнала како знае што е тоа и како се вика и почнала да објаснува колку е штетна, каква е гадна.. Но во еден момент синчево и се свртело и и рекло ,,мамо ај не драми, па дедо секој ден ми купува Кока кола и БУРЕК,,