Феминки, незнам дали веќе постои оваа тема но не успеав да ја најдам во теминте. Се ближи Нова година и би сакала да си размениме неколку искуства, совети и желби во врска со Новогодишните украси. Каде да купиме поефтини а убави украси??? Јас лично сум заинтересирана да и купам елка и лампиони на цуцката моја, ама незнам од каде да земам. Дајте некој предлог каде се поефтини елките, дали во Џамбо, Валери и сл. Дали вие секоја година во различни бои ја украсувате елката??? Поздрав
Јас прва Јас за украси купувам во Веро Центар има многу новогодишни украси ако бараш нешто таму ке најдеш
Читам низ темиве дека кај некои членки веќе се вклучила новогодишната еуфорија па ајде да ја активираме темава. Јас немам време баш ама знам дека времево брзо ќе пројде па ајде да видиме
Мене веќе ме фаќа новогодишна еуфорија, вчера баш шетав низ џамбо и видов дека има извадено доста новогодишни работи па почнав да размислувам за украсување на домот, иначе јас обично околу почеток на декември веќе ја китам елката ептен и се радувам на нова година