И тука ќе пишам сакам на дечко ми да му напишам честитка ама незнам што да напишам...можете да ми кажете некоја убава порака?
Колку честитки добивте оваа година? Јас добив од сестра ми, родителите и другарка... Доволни се, многу се израдував
Порано како помала си праќав честитки со другарки другари роднини сега не лани изгледа само неколку испратив оваа година ниту една а не сум ни добила
Помина времето на новогодишните честитки кои преку пошта ги праќавме. А кога ќе ги видам по тезгите и во книжарите оние честитки кои си ги остававме на школските клупи, ме фаќа носталгија за тоа време. Сега честитаме преку порака на телефон или на фејсбук, ретко по повик.
Денес пратив честитка и ме фати 50 денари праќањето. Едно време беше 15. Како и да е, дали знаете од прилика за колку време стигаат честитките?
Дали сè уште може да се најдат некаде оние музичките честитки на преклоп? И каде ги има, ако некоја знае.