White Chocolate Cookies 115 гр путер,омекнат 115гр кафеав шекер 1 јајце биено 250 гр брашно малку сол 125 гр исечкана бела чоколада 50 гр бадеми,или кикиритки што сакате Pерната загрејте ја на 190 степени Bо поголем сад,измешајте ги путерот и шекерот додека смесата е лесна додајте го јајцето во смесата,па малку измешајте Cледно додајте го брашното и солта(малку),мешајте добро,па додајте ги сечканите бадеми,и чоколада. Hа тавата поставете хартија за печење,па со лажица обична земете од смесата и ставете го на хартија за печење како да креирате кругче или топче,ама гледајте за секое колаче да ставете по лажица и пол Jас првиот пат кога ги ставав колачината т.е смесата ставав на едно по 2-3 лажици,па кога се збувнаа како погачи Cе печат 10-15 минути,додека позлатат во бојата *Cе надевам објаснав добро и ме разбравте
Jас денес на моиве им ги направив Brownies на Tрендафилка,како за првпат убаво ми испаднаа Cамо смесата не ми се соединуваше,па им капнав мала кафена лажичка вода,па наеднаш се соедини и дојде подобро,шекер кафеав ставив па не беа многу благи Aма чоколадниот прелив заврши работа A и се пофалив во друга тема,си ги поставив
Рецепти за Новогодишни колачи Состојки за тестото: 6 жолчки 80 гр. шеќер во прав 1 рендана кора портокал цимет 6 белки 100 гр. шеќер 180 гр.брашно 2 ќесички прашок за пециво 100 гр. мелени лешници 80 гр. маргарин (растопен) Фил 1: 120 гр. суви јаболка 5 суви сливи 7 суви кајсии неколку сецкани ореви 100 гр. шеќер 1/8 литри црно вино 1/8 литри сок од портокал 1/8 литри рум ¼ литри овошен чај цимет (по желба) 2 ќесички желе за торти (безбојно) Фил 2: 250 мл. слатка павлака 1 лажичка шеќер во прав 1 лажичка какао 1 ќесичка кремфикс За декорација: 250 мл. слатка павлака 1 лажичка шеќер во прав 1 ќесичка кремфикс 70 гр. мелени лешници растопено чоколадо (по желба) Подготовка Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса. Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто. Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади. Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ. Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори. Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата. За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.
Рецепти за Новогодишни колачи Потребно е (за околу 40 кекси): 1 јајце 750 гр. брашно 230 мл. меласа (може да ставите и мед) 220 гр. жолт шеќер 200 гр. путер 120 мл. вода 1 прашок за пециво 1 лажичка мелен ѓумбир 1/2 лажичка мелен цимет 1/2 лажичка рендано мускатно оревче 1/4 лажичка мелено каранфилче неколку капки арома од ванила За украсување 2 белки 250 гр. шеќер во прав сок од половина лимон прехранбена боја Подготовка: 1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто. 2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго). 3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото. 4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки. 5. Пред украсување треба добро да се изладат. Украсување: Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.
Рецепти за Новогодишни колачи Вчера ги правев колачињава потребен материјал 500гр брашно 250гр Путер 250гр шеќер 1 пакетче ванилин шеќер 2 јајца пола пакетче Пециво Шеќерот и питерот се матат со миксер , се додаваат двете јајца .Потоа пецивото се додава со брашното. смесата се остава да се олади ..и потоа со сукалце се растегнува ...*не треба да е многу тенко ни дебело* И со формите се прават колачињата .. температурата на рерната е 200степени се пече 6-7 мин додека не добијат златно жолта боја
Малку офф, ама незнаев каде да прашам. Каде можам да купам светки, боја за храна и такви работи за колачи?
Новогодишни елкички Потребни состојки: 2 гол.лажици шеќер во прав 600 гр мелени бисквити 2 белки 300 гр мелени ореви 200 гр чоколадо за готвење 500 мл слатка павлака млеко по потреба зелена прехранбена боја разни украси за декорирање Подготовка: Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус. Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба. Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл. *превземено
ги направив за викенд колачињата според рецептот на маценце ена погоре (благодарам за рецептот) и навистина се преубави, јас само малку повеќе брашно им ставив бидејќи не ми се направи убаво смесата со 500 гр брашно. сите ги бендисаа ( освен свекрва ми ) и навистина изгледаат празнично.
Состојки 500 гр. брашно 80 гр. шеќер кафеав 80 гр. шеќер 1 прашок за пециво 160 гр. јогурт 120 гр. путер 2 јајца 2 ванили 100 гр. чоколадо сецкано 150 гр. ореви сецкани Упатство Сите состојки се миксираат со миксер и на крајот се додаваат парчињата чоколадо оревчињата.Се полнат хартиените кошнички и се печат на 180 степени. Излегуваат 12 мафини.
Моето мени за Нова година -Главно јадење-Зимска тава по оваа рецепта http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B8% ... %B2%D0%B0/ -малку печено свинско -макало со компир и суви пиперки -неизбежната руска салата -кифлици од пченкарно брашно (купени) -Тирамису (мое дело) -профитероли (од Џино) -и многууу вино...со Камемберт сиренце
Јас правев 3 вида слатки годинава,бомбички со капучино и чоко бананки,емби колачиња и Бинго торта. Еве рецепта,од кулинарика се. http://www.coolinarika.com/recept/bingo-torta-br-28/ http://www.coolinarika.com/recept/cappuccino-kuglice/
Последни подготовки Сармата-готова (се крчка) Свинското во рерна Руското салатче исецкано Тортата филована Кифличките спремни Се надеваме на побогатно божиќно мени Нека ни се среќни празнициве
Девојки ај пишето некое мени за Нова Година, за оние кои ке имаат гости дома? Нешто што брзо се спрема, со оглед на тоа дека дента сме на работа?
Здраво кралици ! Дали некоја има рецепт за божиќни колачи, но за во силиконски калапи ? Ве молам споделете. Ви благодарам.