Една даска ордеверче со сиренце, овчи кашкавал, пушен кашкавал, нешто сувомеснато, малку грозје и слатко од смокви можеш да ставиш, во етно тацниче малку ајварче, некоја маслинка, можеш и едно киви на интересни парчиња за да има малку и зелена боја. Ако не ти се скапи можеш и малку шери, со ливчиња босилок околу нив. Или на стапчиња за ражничи да набоцкаш шери, парче моцарела, ливче босилок. Каде може да се најде ваков сад (калап) за правење божиќен колач?
Секаде каде што се продаваат ствари за во кујна, и во поголемите маркети Веро, Тинекс, Рамстор имам гледано, во калап за леб е правено ова. Од благо секоја година правам различно: чизкејк, чоколадно чудо, лани со синко мафини направивме и ги украсувавме, сега Сахер торта планирам, здравје. Даска со мезе како што ти пишаа веќе, а сопругот редовно зема прасе и го пече, тоа си е по негова желба, плус сарма, кифлички, руска.
Јас за оваа година планирам ребро да печам, прилог компир со зеленчук, руска, кифлички, таратур, свежа салата, чизкејк или некоја таква торта, божиќен леб, меломакарони и посен колач со јаболка оти имаме и луѓе што постат.