1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишно украсување и декорации

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 26 ноември 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Ако е темата дупла или несоодветна, однапред да се извинам.
    Се ближи крајот на годинава а со тоа и украсувањата во нашите домови по повод Новата година и Божиќ. Веќе почна продажбата на најразлични украси, лампиони, чинии, Снешковци, Дедо Мразовци, чорапчиња итн. Би сакала да знам дали вие обожавате да купувате такви декорации и да ја украсувате целата куќа за да ја почувствувате магијата на празнувањата или тоа го сметате за непотребен трошок? Јас спаѓам во вторава категорија. Иако ми се допаѓаат многу од тие украси, не сум нешто посебно заинтересирана за толку многу украсување, некако елката и тие гранчињата што се ставаат на врата ми се сосема доволни за мојот дом. Но којзнае, некогаш кога ќе имам јас мое семејство можеби повеќе ќе украсувам, да им биде попријатно на децата. :D
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Колку поукрасено, толку подобро :rock: Сепак, нова година е. Какви декорирања има по светов, колку и да украсувам пак малку ќе ми е.
    Не мора наеднаш да се купи све, може малку по малку. Една година ти се допаднал украс? - Купи го. Наредна година 10? - Купи ги. Трета не ти се допаднало ништо - Повеќе среќа нареден пат :D
    Не ми е толку за новогодишен дух и магија колку што сакам да си украсувам плус сакам the bolder the better стил.
    Исто не сакам притисоци. Ако сакам ќе украсам на трети јануари и ќе ги држам до февруари, ако не, не мора да украсам многу, зависи од расположение (waiting)