1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новооткриени евангелија

Дискусија во 'Религија' започната од Aisha, 10 октомври 2011.

  1. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Би сакала да прокоментираме околу оваа тема. Зошто во светата библија не се спомнати овие списи, според ова евангелије? Kои укажуваат според ова евангелије, дека Исус се преставува како божји син или бог туку се преставува како божји пратеник (слуга).Што мислите за новооткриените евангелија, според научните сознанија, за кои се смета дека поголем дел од нив се пронајдени во Египет и се тргнати од страна на црквата?


    ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД БАРНАБА
    Евангелието според Барнаба било прифатено како канонско
    евангелие до 325.година.
    Иринеј(130-200)пишувал подржуваеќи го чистиот монотеизам и му се спротиставувал на Павле поради внесување на догми во христијанството од римската паганска религија и платонската филозофија. Обилно го цитирал Евангелието според Барнаба како поддршка на неговите ставови. Тоа ни покажува дека Евангелието по Барнаба било во оптек во првото и второто столетие на христијанството. Во 325. година е одржан Никејскиот конзил каде е наредено сите оригинални евангелија на хебрејско писмо да се уништат.
    Издаден е указ дека секој кој поседува вакво Евангелие ќе биде казнет со смрт. Во 383 . година папата си обезбедува еден примерок од Евангелието по Барнаба и го задржал во својата приватна библиотека.
    Во четвортата година на императорот Зеноа(478.) се откриени посмртните остатоци на Барнаба и тука на неговите гради е најден примерок на Евангелието по Барнаба, пишувано со неговата сопствена рака.(Ациа Санкторум, Боланд Јунии, том II, страници 422 и 450, Антвверп 1698). По се изгледа дека Вулгата Библија е базирана на овеа евангелие.
    Папата Сиксто(1585-1590) имал пријател Фра Марино кој го наоѓа Евангелието по Барнаба во приватната библиотека на папата.Фра Марино бил заинтересиран затоа што ги читал списите на Иринеј во кои Барнаба бил обилно цитиран. Италијанскиот ракопис бил поминат низ многу раце, се додека не стигнал до „ личноста со висок афторитет„ во Амстердам „за кого се истакнувало дека во текот на неговиот живот давал висока вредност на овој спис„. После неговата смрт доаѓа во поседство на Ј.Е. Крамер, канцелар на Прусија. Во 1713. година, Крамер го презентирал овој ракопис на прочуениот познавател на книги, принцот Еуген од Савоја. Во 1738. година, заедно со принцевата библиотека се одселува во Хофбиблиотеката во Виена. Тоа Евангелие до сега таму почива. Латинскиот текст на англиски јазик го превеле господинот и госпоѓата Рагг, а бил штампан на Кларендом Пресс во Оксфорд и е објавено 1907. Овој англиски превод мистериозно исчезнува од пазарот.Познато е дека постојат два примерока на овој превод, еден е во Музејот на Британија а другиот пример во Конгресната библиотека, Вашингтон. Прво ново издание на англиски е од микрофилмувана копија на книгите во Конгресната библиотека во Њашингтон, а добиена е со љубезност на пријателите од САД.
    ОПИСОТ НА СУДНИОТ ДЕН ВО БАРНАБИНОТО ЕВАНГЕЛИЕ

    „ Судниот ден Божји ќе биде така страшен да – навистина ви кажувам- проклетниците радо би одбрале десет пеколи него да идат да слушаат како Бог говори во бес против нив, против кои сите створени нешта ќе сведочеет. Навистина, ви кажувам, дека нема само проклетниците да се плашат туку и светите одбраници Божји, така да Аврам нема да верува во својата праведност, Јоб нема да има доверба во својата невиност. А што велам јас? Дури ќе се плаши и Пратеникот Божји-затоа што Бог да се спознае величеството негово, ќе го лиши својот Пратеник од сеќавање, така да он нема да има сеќавање како Бог му ги дал сите нешта. Навистина, ви кажувам дека-говорееќи од срце, јас се тресам што светот ќе ме нарекува бог, и јас поради тоа морам да положам сметка.Се колнам во Бог живиот, пред кого стои мојава душа, јас сум смртник како и другите луѓе, како што ме постави Бог, како пророк на домот Израелов за здравје на слабите и поправка на грешните, јас сум слуга Божји, а и вие сте ми сведоци како јас говорам против оние подли луѓе кои после моето заминување од светов ќе ја поништат вистината на моето Евангелие за радост на Сотоната. Но јас ќе се вратам пред крајот, а со мене ќе дојдат Енох и Илија, и ние ќе сведочиме против лошите чиј крај ќе биде проклет„. Бидееќи така говореше Исус пролеа солзи, на што учениците гласно заплакаа и ги подигнаа гласовите велееќи: „ Прошка, о Господе Боже и имај милост над својот невин слуга„. Исус одговори: „Амен, амен„.
    „ Пред да дојде тој ден„ , рече Исус, „ на светот ќе дојде големо разорување, ќе избие војна свирепа и немилосрдна, таткото ќе го убие синот, а синот ќе го убие таткото, поради поделба на народот. Градовите ќе бидат уништени, а земјата ќе настане пустина. Ќе дојде такво сотирачко умирање да никој нема да ги носи мртвите на погреб, ќе бидат оставени како храна на дивите ѕверки. На оние кои ќе останат на земјата, Бог ќе прати таква немаштија така да лебот ќе се цени повеќе од злато и тие ќе јадат разни видови нечисти работи. О јадни години, во кои ретко ќе се слушне некој да рече: „ Јас згрешив имај милост кон мене, о Боже„ , Туку тие со страшни гласови ќе хулеат на него, кој е славен и благословен за секогаш. Потоа, кога денот ќе се приближи, петнаесет дена секој ден ќе доаѓа еден страшен знак над жителите на Земјата. Првиот ден Сонцето ќе оди по својата патека по небото без сфетло, ќе биде црно како боја за облека и ќе стенка, како што татко стенка за синот кој е близу до смрта. Вториот ден, месечината ќе биде претворена во крв и крв ќе стигне на земјата како роса. Третиот ден ќе се виде како ѕвездите меѓусебно се борат како армија непријатели. Четвортиот ден карпите и камењата ќе удираат едни во други како сурови непријатели. Петтиот ден, секоја билка и тревка ќе лее крв.Шестиот ден, морето ќе се подигне без да го напушти своето место до висина од педесет лактови и ќе стои целиот ден како ѕид. Седмиот ден тоа спротивно ќе протони, така да одвај ќе се гледа.Осмиот ден животните на земјата и во водата и птиците ќе се соберат заедно и ќе завиваат и рикаат. Деветиот ден ќе биде бура со град така страшна која ќе убива, одвај десетина живи ќе утекнат. Десетиот ден ќе дојде така страшно молскање и грмеж, така да третина од планините ќе се распукаат и спржат. Единаесетиот ден секоја река ќе тече назад и ќе тече крв, не вода.Дванаесетиот ден секое створено нешто ќе рикат и викат.Тринаесетиот ден небесата ќе биде стуткана како книга и ќе беснее оган, така да се живо ќе изумре. Четиринаесетиот ден ќе биде земјотрес така страшен така да врвовите на планините ќе летаат низ воздухот како птици, и цела земја ќе се стори рамна. Петнаесетиот ден, ќе изумрат светите ангели, и само Бог ќе остане жив, кому е честа и славата„.
    Велееќи го оваа Исус го удри лицето свое со обете раце, а потоа со својата глава удри во земјата. И подигаеќи ја својата глава тој рече: „ Проклет нека е секој кој ќе вметне во мојот говор, дека сум јас син Божји„. На тие зборови учениците паднаа како мртви, на што Исус ги подигна велееќи им: „ Боитесе на Бога, ако не сакате да се боите на денот тој„.
    Кога ќе поминат овие знаци ќе настапи мрак над светот четириесет години, Бог ќе биде единствено жив, кому е славата и честа за секогаш. Кога ќе пројдат четириесет години, Бог ќе му даде живот на својот Пратеник, кој ќе се подигне повторно како Сонце, но сјајно како илјада сонца. Тој ќе седне и нема да зборува, затоа што ќе биде како вонсебе. Бог повторно ќе подигне четири ангели фаворизирани од Бог, кои ќе го бараат Пратеникот Божји, и штом ќе го најдат, ќе се постават на четири страни од местото да го пазат него. Потоа Бог ќе даде живот на сите ангели, кои ќе дојдат како пчели кружееќи околу Пратеникот Божји. Следното Он ќе даде живот на сите свои пророци, кои ќе, следееќи го Адама, одат да ја бакнат раката на Пратеникот Божји, подчинуваеќисе на неговата заштита. Следното Бог ќе им даде живот на сите одбраници, кои ќе повикаат: „ О Мухаммед, имај не во вид!„ На нивните повици ќе се пробуди сожалување во Пратеникот Божји и тој ќе разгледа што треба да прави, плашееќи се за нивниот спас. Следното ќе им даде Бог живот на секои створени нешта и се ќе се вратат во своите претходни постоења, но се ќе поседува моќ на говор.
    Следното Бог ќе даде живот на сите проклетници, на чиво проживување поради нивната подлост сите Божји створениа ќе повикаат и ќе се уплашат: „ Не допуштај да не напушти милоста Твоја, о Господе Боже наш„. После оваа Бог ќе даде да стане Сотоната, на чив поглед секое створение ќе биде како мртво,поради стравот од страшниот облик на неговата појава. Нека Бог биде задоволен да јас не го видам страшилото тој ден. Пратеникот Божји единствено нема да се уплаши од таквиот облик, затоа што тој ќе се плаши само од Бога. Потоа ангелот ќе- на звукот од трубите се ќе биде подигнато, ќе затруби повторно, велееќи: „ Дојдите на судот, о створениа, оти вашиот Творец сака да ви суди вас„. Потоа ќе се појави на сред небо, над долината Јехо болскав престол, над кого ќе дојде бел облак, на тоа ангелите ќе повикаат: „Благословен нека си Ти о Боже наш, кој не створи и спаси нас од падот на Сотоната„. Тогаш ќе се уплаши Пратеникот Божји, оти ќе забележи дека никој не го сакал на Бог како него. Оти оној кој би добил за размена златникмора да има шеесет парички; оти ако има само една паричка неможе да ја замени. Но ако се плаши Пратеникот Божји, што ќе прават безбожниците кои се полни со пороци?„
    Пратеникот Божји ќе отиде да ги собере сите пророци, а со кои тој ќе зборува, молееќи ги да одат со него да го молат на Бог за верниците. Исекој ќе се оправдува поради стравот ; не би ни јас, жими Бог живиот, отишол таму знаееќи што знам. Тогаш Бог гледаеќи го тоа, ќе го подсети на својот Пратени како Он створил сите нешта за љубов негова, и така стравот ќе го напушти и ќе оди блиску до престолот со љубов и поштување, а ангелите ќе пеат: „Благословено нека е твоето свето име , о Боже, Боже наш„.
    И кога ќе се приближи до престолот, Бог ќе му отвори(неговиот ум) на својот Пратеник, како пријател на пријател кои долго време не се сретнале. Прв ќе проговори Пратеникот Божји, кој ќе рече: „ Јас те обожувам и сакам о мој Боже, и со сето мое срце и со сета моја душа, јас Ти заблагодарувам што се одостои да ме створиш да бидам Твој слуга и што си створил се за љубов моја, така да јас би Те сакал поради сите нешта и во сите нешта и над сите нешта; затоа нека сите Твои створениа Те фалат, о мој Боже„. Потоа сите нешта што ги створил Бог ќе речат: „ Ние ти заблагодаруваме, о Господе, и го Благословуваме Твоето свето име„. Навистина, ви велам, демоните и проклетниците со Сотоната тогаш ќе плачат така да повеќе вода ќе тече од очите на еден од нив, одколку што ја има во реката Јордан. И уште нема да го видат на Бог. И Бог ќе говори на својот Пратеник, ќе рече: „Ти си добредојден, о Мој верен слуга; затоа барај што ќе ти е по желба, оти се ќе добиеш„. Пратеникот ќе одговори: „ О Господару, јас се сеќавам дека, кога Ти ме створи, Ти рече дека си сакал за моја љубов да го створиш рајот и ангелите и луѓето, за да Те слават преку мене Твојот слуга. Затоа, Господе Боже, милосрден и праведен, јас Те молам да се Ти сетиш на своето ветување дадено на твојот слуга„.
    И Бог ќе одговори како пријател кој се шегува со пријателот, и ќе рече: „ Имаш ли сведоци за тоа, мој пријателу Мухаммед?„
    И со почит ќе рече: Да Господаре„. Тогаш Бог ќе одговори: „ Оди повикајги, о Габриел„. Ангелот Габриел ќе дојде кај Пратеникот Божји и ќе рече: „ Тие се Адам, Аврам, Јишмаел, Мојсеј, Давид, и Исус син од Марија„.
    Потоа ангелот ќе отиде, и ќе ги повика наведените сведоци кои тамо ќе отидат со страв. И кога тие ќе бидат присутни Бог ќе им рече: „ Се сеќавате ли вие на тоа што го тврди Мојот Пратеник?„ Тие ќе одговорат: А што Господаре? „ Бог ќе рече: „ Дека Јас сум ги створил сите нешта за негова љубов, така да сите нешта ме слават преку него?„
    Тогаш секој од нив ќе одговори: „ Има со нас три сведоци подобри од нас, о Господаре„. А Бог ќе одговори: „ Кои се тие три сведоци? „ Тогаш Мојсеј ќе рече: „ Книгата што ми ја даде мене, е првиот„; а Давид ќе рече: „ Книгата која ми ја даде мене, е другиот„ , а оној што ти зборува тебе ( о Барнаба)(т.е.Исус) ќе рече: „ Господе, целиот свет измамен од Сотоната зборуваше дека сум Твој син и Твој ортак, но книгата која ми ја даде мене ја кажува вистината дека сум Твој слуга; и таа книга потврдува тоа што го вели Твојот Пратеник„. Потоа ќе одговори Пратеникот Божји, а ќе рече: „ Така вели книгата која ми ја даде мене, о Господару„. И кога Пратеникот Божји го рече оваа, ќе проговори Бог и ќе рече: „ Се што Јас сега сторив е затоа да сите знаат колку те сакам„. И кога Тој говорееќи така, Бог ќе му ја даде книгата на својот Пратеник во која се запишани сите одбраници Божји.
    Затоа секое створение ќе изрази почит кон Бога, говорееќи: „ Тебе единствениот, о Боже нека е слава и чест, што не даде на својот Пратеник„ . (крај на Барнабиниот цитат).
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    ВО периодот кога живеел Исус пред и по него имало многу луѓе кои му завидувале на славата. Тие го искривиле ликот за него. Денес се пронајдени многу списи. Дури и за Куранот се смета дека е дело на некој што се криел од тогашната Еврејска власт, го сокрил своето дело низ карпите. Најновите пронајдоци за Кумраните покажуваат дека тие имале свое писмо, свои обачаи, различни од Евреите па според тоа Исус не бил Евреин. Значи Ајше ако веруваме во сите вакви работи кој шо кажал и кој шо напишал, Куранот е христијанска книга, Мухамед само ја нашол забутана во некои пештери. Наше е да веруваме во тоа што ни налага верата и да не изиграваме детективи за тоа што се случило пред 2000 години.

    Како може тоа Евангелије да биде кога секаде е Исус БОжји син исто како што сме сите луѓе на планетата.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Штом во Библијата не се спомнати значи не се дел од неа и не се дел од тоа во кое христијаните треба да веруваат. As simple as that.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Кога сум кај Евангелијава да кажам нешто.Ја обработувавме книгата Евангелие по Јован во школо и тоа детално,меѓутоа барајќи по нет повеќе детали најдов и мислам дека и во книгата сретнав имало напишано многу евангелија но овие 4 биле признаени затоа што Исус го споменуваат како Бог а во останатите какао човек и не се објавени и прифатени....
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јуле,
    На интернетот ќе најдеш се и сешто. На интернет пишуваат и сериозни луѓе, и научници и историчари и теолози, но пишуваат и лаици, тинејџери, основнооделенци итн. Интернетот е преполн со разно-разна верска, национална и политичка пропаганда. Кога сме кај верската пропаганда, интернетот е преполн со лаги и невистини, со извртени информации, со половични вистини, со дезинформации и најчесто тие лаги се скројуваат со цел да подржат одредена верска пропаганда. Затоа биди многу внимателна на ова поле.

    Таа хипотеза или теорија на заговор дека раната црква од еден куп евангелија ги избрала денешниве 4 (демек затоа што го спомнуваат Исус како Бог), а сите други ги отфрлила ја промовираше романот на Ден Браун - Кодот на Да Винчи. Но и самиот на овој роман вели дека тоа е роман, а не историја.

    Прво, историјата вели дека на епископалниот собор во Никеја (каде што наводно се избирале евангелијата што го промовираат Исус за бог) воопшто и не станало збор за канонот на Светото Писмо. Од 20те вкупно одлуки на тој собор ниту една не била дирекно или индирекно поврзана со канонот на Светото Писмо.

    Второ, четирите канонски евангелија (по Матеј, Марко, Лука и Јован) биле наширокот прифатени од Христијанските цркви уште од самиот почеток. На пример, во 140 година (2 века пред Никејскиот собор!), кога Иринеј станал епископ во Лион (Галија), идејата за четворното евангелие станала толку аксиоматска во христијанските заедници, што тој можел да се однесува кон него како кон установен и признаен факт, очигледен како што се очигледни четирите страни на светот или пак четирите ветрови....

    „Зашто, како што постојат четири страни на светот во кој живееме и четири општи ветрови, и како што Црквата е распространета низ целата земја, евангелието е столб и основа на Црквата и здив на животот, природно е да има четири столбови кои зрачат бесмртност, будејќи ги луѓето. Според тоа, очигледно е дека Словото, Создателот на сите нешта, Кој седи над херувимите и сите нешта ги држи соединети и Кој му се покажал на човештвото, ни го дал евангелието во четворна форма, но споени заедно во еден Дух.“
    (Иринеј, Против ересите 3:8)

    Второ, во четирите канонски евнагелија Исус е претставен и како Бог, но и како човек (според христијанството Исус е Богочовек и има двојна природа, Син Божји и Син Човечки). Многу луѓе денес (како на пример муслиманите) се повикуваат (Се разбира селективно) на овие цитати од Библијата каде што е опишана човечката природа на Исус (каде што Тој се моли, каде што е гладен, каде што плаче итн) со цел да докажат дека Исус не бил божествен, туку бил човек. Ако христијаните биле нечесни и сакале да го направат Исус со сила Бог со селективно избирање од апокрифните евангелија, тогаш тие едноставно би можеле наместо овие евангелија, да ги земат гностичките евангелија каде што Исус дури немал ни тело и бил чисто божествен дух.

    Сепак, историски факт е дека само денешните 4 канонски евангелија биле напишани во 1от век, од оние кои или биле очевидци на настаните (како апостолите Матеј и Јован) или пак ги проучувале настаните од очевидците (Марко на пример му бил преведувач на апостол Петар).
    Повеќето апокрифни (новооткриени) евангелија се од 3от или 4от век и нивната неавтентичност е одамна разобличена од историчарите и текстуалните критичари и многу лесно се докажува. Некои од тие таканаречени „евангелија“ немаат ни структура на евангелија, туку се само колекции на гностички мудрости ко бајаги кажани од Исус. Тоа што денес некој сакајќи да напише контраверзна книга за да му се продава и да заработи пари па пишува све и свашта, тоа не значи и дека тоа е вистина.



    Прво, тие се гностички списи и се најдени во предели каде што живееле гностиците.
    Второ, црквата не ги тргнала, туку едноставно не се замарала со нив. Црквата не ги запалила, како што на пример тоа го направил калифот Осман со различните Курани на Османската рецензија и задржал само една верзија која денес се прокламира за неизменета, веродостојна.

    Ова не е точно. Апокрифното (лажно, фалсификувано) "Евангелие по Барнаба" e потврден фалсификат кој поттекнува од 15-16 век и е напишано веројатно од муслиман, независно што тој злонамерен писател го потпишал како да е напишано од Барнаба.
    Евангелие по Барнаба не се спомнува никаде, во ниеден историски документ пред 15ти век, а да не збориме пак до 325 година.
    Еве, ако мислиш поинаку, повели цитирај ми еден историчар од првите векови кој што го спомнува ова „евангелие“?

    Иринеј никаде не спомнува некакво "евангелие по Барнаба". Намерно или ненамерно во горниот текст муслиманите направиле УТКА со "Посланието на Барнаба" поистоветувајќи го со веројатно муслиманското "евангелие по Барнаба" кое се јавува дури во 15-16 век. Иринеј и сите останати го спомнуваат документот "Посланието на Барнаба", а не "евангелието на Барнаба". Посланието по Барнаба е сосема друг историски документ т.е. фалсификат. Во тоа послание јасно е опишана божественоста на Исус и јасно е кажано дека Исус бил распнат и воскреснал . :)

    Еве ви го и он-лајн посланието на Барнаба: http://www.answering-islam.org/Barnabas/epistleb.html

    Меѓу другото таму можете да го прочитате и следново:

    "The prophets, having obtained grace from Him, prophesied concerning Him. And He (since it behoved Him to appear in flesh), that He might abolish death, and reveal the resurrection from the dead, endured [what and as He did], in order that He might fulfill the promise made unto the fathers".

    Значи покрај тоа што овде се вели дека Исус умрел и воскреснал од мртвите, се вели и дека за ова пророкувале пророците пред Него.


    И дали ќе сакаш да го цитираш Иринеј каде што му се спротивставува на апостол Павле?
    Ајде за промена да разговараме малку аргументирано. Аргументирај го тоа што го тврдиш со докази :)

    Несоомнено дека Иринеј си бил чист монотеист, но не како што веруваат муслиманите во едноштвото на Алах, туку тој си бил монотеист во христијанска смисла и Иринеј исто така верувал дека Исус е Бог. На пример Иринеј во своето дело "Против ересите" за Исус вели: "Наш Господ, наш Бог, и Спасител, и Крал".

    Ајде за промена да разговараме малку аргументирано. Аргументирај го тоа што го тврдиш со докази :) п.с. Романот на Ден Браун напишан во 21 век не се смета за историски документ, ниту пак за „доказ“.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    браво
    попара ја напраи
    во последно време муслиманиве ептен се активни на сите форуми да го искривуваат христијанството и да го промовираат исламот а тоа знаеме дека потекнува од финансиите од сауди арабија преку вахабистичките џамии
    и да не заборавиме што рекол исус за антихристот и лажните пророци “ ке ги познаете по нивните дела“ не за џабе секој ден де во сирија де во КСА се уриваат цркви и убиваат христијани а да не зборуваме и за други гнасни дела како бомаши-самообијци итн итн


    дај бар коГа лажете и измислувате усогласите се некако дека едни пишуваат дека рекол АХМЕД а ти овде лажеш дека вика МУХАМЕД
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Низ медиумите во поглед на новопронајденетиот „спис“ е објавен текст со следна содржина:

    „Во една верзија од евангелието , кажано е дека тој му вели на свештеникот: „Како ќе се вика Месијата? Мухаммед е неговото благословено име, а во друго, Исус негира дека е Месија, и твди дека тој или таа треба да е Ишмаелит, термин користен за арапи“, тој додал.(Агенции)

    Јусуф Естес[1] одржал говор кој се однесува за таканаречена „древна библија“ која докажува дека Мухаммед е Месијата- а се наоѓа во Турција, итн, итн..

    Во името на Аллах Милостивиот Сомилосниот , нека е салават и селам на Мухамемд саллалалху алејхи ве селем...

    Тоа што го наоѓаме во овие ограничени стихови што ги имаме добиено од страна на медиумите нема сомнеж дека ова е фабрикувано – целта е дискредитирање на Исламот и муслиманите.

    Планот е како изгледа да сите муслимани се возбудат , да сето ова го промовираат по Фејсбук и разни форуми, за едино да добијат одговор од некои „експерти“ кои ќе докажат дека целава работа е невистинита и фалсикувана. Ова ја разорува вистинската „дава“(повик) на исламот, ги прави муслиманите да изгледаат „глупаво“ и во очите на младината уште повеќе да предизвика оддалечување од Аллах.

    Да дадам краток осврт на тоа што е досега собрано и верифицирано, иншаАллах:

    Да започнам, приметете дека тврдењето -„Месијата“ ќе се вика Мухаммед (нека е Божји мир врз него)?

    Ова е проблем.

    Куранот јасно кажува дека Исус е Месијата (што значи „помазаник“, преведено од старогрчки како„христос“ и на англиски(македонски) како „христос“ .)- (повеќе на овој линк)

    Мухаммед , нека е Божјиот мир врз него, од страна на Аллах во Куранот се нарекува „Ресул“(Пратеник) а не Месија.

    Следна поента – кажува, „Мухаммед е неговото благословено име..“

    Повторно ова му контрира на Куранот. Јасно е дека во поглавјето Ес Сафф, стих 6-ти, Аллах вели дека Исус а.с. кажал „Хува исмаху Ахмед“( Неговото име ќе биде Ахмед), но не и Мухаммед.

    Ова е различна форма на неговото име , и едно од имињата за кое се сложуваме .

    Како и да е погрешно е- бидејќи Аллах не кажал дека Исус ќе го користи името „Мухаммед“.

    Следна поента: „Исус негирал дека е Месија???“

    Сите муслимани знаат дека Иса а.с. бил и е – Месијата на Аллах.

    Така е наречен во Куранот.

    Друга поента„..ќе тврди дека тој или таа..“

    Од кога било која од прифатените списи содржи референца за пратеникот или гласникот на Аллах?(никогаш)

    „Месијата“ од Стариот Завет се однесува на машко бебе родено од девица на Хебрејски и зборот е во машки род, а не женски.

    Па како би можело пророштвото во Стариот завет, пророштвото во Новиот завет, и исполнувањето на Последниот Завет(Куранот), сите да бидат погрешни во поглед на полот на „Месијата“?

    Зарем преведувачите незнаеле Арапски, хебрејски, Арамејски јазици?

    Значи воопшто не бил доведен под прашање полот на „Месијата“

    Само еден стих укажува дека некој се играл со списите, затоа што неможет истите да содржат толку очигледна контрадикторност.

    Книгата неможе сериозно да се смета некое античко откритие, освен како антички отпад.




    Шејх Јусуф Естес