Новости и известувања

Дискусија во 'Правила и новости' започната од bilkata, 21 мај 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Со цел да бидете информирани за сите промени, случувања и новости поврзани со форумот на Femina.mk (а и веб-сајтот), овде ќе ве известуваме за нив.
     
    На cresa-jagoda, emelem, vecno mlada и 2 други им се допаѓа ова.
  2. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    „Форумските игри“ не го зголемуваат бројот на мислења

    Мислењата испратени во категоријата „Форумски игри“ веќе не го зголемуваат вкупниот број на мислења на членовите и не влијаат на добивањето на цветчиња.

    Исто така, темите од форумски игри не се појавуваат во списоците „Нови мислења“ и „Активни теми“.
     
    На vecno mlada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Поедноставно поставување на видеа од YouTube

    Од денес, поставувањето на видеа од YouTube е поедноставно. Само копирајте ја адресата на видеото (URL-то) и вметнете ја во вашето мислење. Исто така, можете да користите и Embed-код.

    Видео поставено со URL

    http://youtube.com/watch?v=6PHOeXIPNZE


    Истото видео поставено со Embed-код

    <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/6PHOeXIPNZE&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/6PHOeXIPNZE&hl=en_US&fs=1&rel=0&color1=0xcc2550&color2=0xe87a9f" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>

    Embed-кодот ќе го пронајдете откако ќе кликнете на копчето <Embed>, коешто се наоѓа веднаш под видеото на YouTube.

    На овој начин ќе можете да си изберете големина на видеото и боја. Внимавајте ширината на видеото секогаш да биде помала од 700 пиксела.
     
  4. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Технички проблеми заради надградба

    Од утре па до почетокот на септември, форумот на Femina.mk ќе претрпи низа промени (а исто така и други делови од сајтот). Во текот на овој период, можни се технички проблеми од различна природа. Доколку наидете на било каков проблем при користењето на сајтот, ве молиме да нè известите за тоа во темата Технички проблеми.
     
  5. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Нов дизајн и функционалност на форумот

    Како што веројатно веќе забележавте :rofl:, конечно успеавме да ви го донесеме новиот дизајн на „Фемина“ форумот. Освен подобрувањето на изгледот, прегледноста и употребливоста, направивме и бројни други промени и воведовме нови можности. Еве дел од нив:

    • Копче „Ми се допаѓа“
      Идејата на системот за „лајкнување“ на мислењата е да ги истакне најквалитетните мислења во секоја тема. При добивање на определен број на „лајкови“, индикаторот за рејтинг под мислењето ја менува бојата (10 зелена, 25жолта, 50црвена). На овој начин ќе можете полесно да дојдете до најважните информации во темите. Затоа, ве замолуваме да го користите копчето „Ми се допаѓа“ кога ќе наидете на корисно, квалитетно или поради друга причина важно мислење.
    • Рејтинг на членовите
      Со кликнување на копчето „Ми се допаѓа“, вие му доделувате ѕвездичка на авторот на мислењето. За да го разгледате списокот на членовите со бројот на добиени и дадени ѕвездички, кликнете на копчето „Рејтинг“ во основното мени (сината лента горе).
    • Поголеми слики на профилите (аватари)
      Сликата на профилот е веќе за 40% поголема.
      НАПОМЕНА: за да се зголеми сликата на вашиот профил, треба да ја прикачите наново.
    • Брз одговор
      Опцијата „Брз одговор“ ви овозможува веднаш да испратите одговор на дадена тема, останувајќи на истата страница на темата и заштедувајќи време. Оваа опција е корисна доколку сакате да напишете мислење без притоа да користите цитати, без да форматирате текст и сл.
    • Рачно зголемување на полето за пишување на мислење
      Кликнете на сивата лента на дното на полето каде што ги пишувате мислењата и без да го пуштате копчето на глувчето повлечете надолу.
    • Пријавување на лични пораки
      Веќе постои копче со чијашто помош ќе можете да ги пријавувате личните пораки кои ги нарушуваат правилата.
      НАПОМЕНА: пријавувањето на личната порака автоматски ја испраќа нејзината содржина до модераторскиот тим.

    Во текот на наредните неколку дена ќе се случи следното:

    • Реорганизација на категориите
    • Нови правила на форумот
    • Проширување на модераторскиот тим

    Паралелно со промените на форумот, работиме и на почетната страница на сајтот. Очекувајте во блиска иднина:

    • Подобрување на изгледот
    • Зголемен број на содржини
    • Соновник (конечно :lol:)

    P.S. Добив голем број на лични пораки во изминатиов период, но имаме полни раце работа и за жал не сум во можност да одговорам поради презафатеност ;(. Ви се извинувам на сите и ќе се потрудам да ви испратам одговор веднаш штом ми се укаже можност.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Зголемен број на лични пораки во вашето сандаче

    Бројот на лични пораки што можете да ги чувате во секоја од папките во вашето поштенско сандаче веќе е 100.


    Нов BB-код за скриен текст (spoiler)

    Ако дискутирате за филмови, серии, книги и сл., секогаш кога сакате да откриете детали од содржината, поставувајте ги како скриен текст! На овој начин, луѓето што не го гледале филмот или што не ја прочитале книгата, можат да одберат да не го читаат тој дел од вашето мислење.

    За да поставите дел од мислењето како скриен текст, едноставно селектирајте го текстот и кликнете на копчето spoiler (се наоѓа над полето за пишување на мислењето, најлево). Кодот што ќе го добиете треба да изгледа вака:

    Код:
    [spoiler]Текст што ќе биде скриен.[/spoiler]
    Значи во иднина, наместо да го напишете ова:
    Направете го ова:
     
  7. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    ВАЖНО: Нови правила на форумот

    Нови правила на форумот

    Со цел подобрување на квалитетот на дискусиите и подобрување на организираноста, создадовме нови правила на форумот.

    Ве молам да одделите време за да ги прочитате.
     
  8. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Назначени се нови модератори на Фемина

    Назначени се нови модератори на Фемина!

    Им посакуваме срдечно добредојде во нашиот тим на: Angelche, Annath, baguf4e, Gordana10, k.i.m, Lilit, Lux, Offspring, RainBow, Tenkai, Unfaithful18, veri, viki44e и Wild.Child.

    Список на модераторите по категории »

    Новите модератори ќе имаат и построги критериуми, па ако не сте го сториле тоа досега, прочитајте ги новите правила на форумот.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Исклучен е бројачот на мислења за „Кафе-муабети“

    Од денес па натаму, мислењата напишани во категоријата Кафе-муабети нема да го зголемуваат вашиот вкупен број на мислења.
     
  10. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Проблеми при отворање на сајтот

    Како што дел од вас веќе забележаа, повремено сајтот и форумот стануваат бавни или недостапни. Сакаме да ве известиме дека ова се должи на надградбите што ги правиме на нашите сервери, сè со цел страниците на Фемина да се отвораат уште побрзо во иднина.

    Очекуваме да завршиме со интервенциите до крајот на наредната недела. Ве молиме за разбирање и се извинуваме за непријатностите.

    EDIT:
    Завршивме со интервенциите и веќе сè е во најдобар ред.
     
    На MARIA ; ) му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.652
    Нов редизајниран чет

    Нов редизајниран чет

    Четот е подобрен, редизајниран и достапен само за членовите што имаат цветче, односно најмалку 50 мислења. Па, ако имате барем бело цветче, ѕирнете го новиот чет овде: Чет
     
    На Reachel му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.