Еве линк од дечкиве. Тазе се и имаат еден поинаков жанр. Видете и сами http://www.youtube.com/watch?v=aTYql5_OOac
Шоу? Дечкиве би требало да се шоумени? Жал ми е, ама не успеаа да ми задржат вниманието повеќе од 1 минута.
хахаха.. претпоставував дека се саморекламирате Ќе го изгледам цело и ќе ви дадам искрени критики. Во секој случај ви посакувам среќа
Како прво пазете на грешки пр. „Супер Марио на нинтендо пред телевизор, не сум станувал од спиење.„ - ви фали малку повеќе сигурност во гласот (самодоверба), за да излезе дека спонтано го правите муабетот, а не ко да прераскажувате нешто претходно смислено. - ми се допаѓа како глумите на почетокот, додека ја пеете песната (топ сте) - ви ги ѕирнав и другите видеа и приметив дека имате подобрување во однос на првите - Можете да го смените воведниот муабет. Јо! - За да не бидете задишани од подолго зборување, можете едно видео да го поделите на повеќе клипчиња, така ќе правите и помалку грешки. Со среќа дечки!
Мислам дека и вие самите не сте знаеле што сте снимиле кога сте завршиле со снимањето Веројатно прв коментар после СТОПОТ бил - ај да видиме што снимивме. Немате концепт. Додека едниот зборува, другиот се досадува ( и мавта безвезе). Немате сценографија. Премногу го нагласувате “БЕ“. И најважно - од едно видео не се суди, поработете малку па ќе видиме Вие сте на потег. Зошто во првиот пост се срамевте да кажете дека зборувате за себе? во една друга тема ДВОЛИЧЕН напиша (не цитирам, но поентата беше ) - човек кој се срами од себе , не го заслужува нашето внимание.
Не се срамевме да кажеме дека сме ние туку како така напишано мислевме дека ке го привлечеме вниманието. Во секој случај благодарам на советите ке пробаме да се подобриме во следните видеа и следете не и понатаму. Поздрав
Прво, здраво дечки! Мило ми е тоа што сакате да бидете уникатни и да смените нешто, ама некако не ви успева или само ми се чини а? Еве што не ми се допаѓа и што да смените за во иднина. Секако, ова е добронамерен совет, ако не ви се допаѓа, не прифаќајте.Но, секој си има свое мислење. -Ватс ап еврибади? Јо! 1.Почетокот со песната и глумењето ви е убава идеја, ама ова со изговорањето на зборот (јо) страшно ме нервира. Да не навредам некого, ми звучи сељачки.Извинете. Тоа, другото е супер. 2.Тој што збоува многу ме потсеќа на женско. Поубаво да ги акцентира зборовите и да не се влееечкааааааааааааааа додееееееееекккааа ги изговааарааааааааааа зборовииииииите. 3.Поработете малку на движењата, на објаснувањата... а, не некој зборува, друг се мавта одпозади, изведува нешто со шеширот. Многу смешно ми падна. Си реков што прави сега оној? 4.Малку да украсите простор каде што снимате, да земите некои потребни алатки, прибори, столици.. тоа што ви треба за да искажете нешто. 5.Го знаете правилото: "Кога еден зборува, другиот да ќути". Да не се мешате многу во муабет и да има некој ред. 6.Не го кажувајте текстот како да ви е научен на памет, туку како тогаш да ви текнува тоа, знаете? И на крај се надевам дека сите критики, забелешки и совети ќе ги пирфатите како добронамерни и ќе се поправите за да не бидете досадни за гледање, за да привлечете повеќе гледачи и обожаватели. Напред дечки! Ви држам палци и бидете поактивни и поуспешни. Не се предавајте и по сите критики, само така ќе успеете. ЕДИТ: Темава за кафе- муабети е?
Ви благодариме за советите и ке се обидеме да бидеме што подобри во наредните видеа. Можете да ги видите и претходните видеа и ке забележите огромен прогрес. Еве и едно друго http://www.youtube.com/watch?v=9YP0xJHj71s
Пак ЈО а? Дај смислете подобра воведна фраза, ПОД ИТНО!! - Добро глумите на песната ама она повторување, одбивно е. Па уште и тоа пиближување кон камерата Све поинтересни, поинтересни, поинтерсни. Алоооооо!! - изборот на клипчињата ви е добар. интересни се Мора да кажам дека пак правите исти грешки, воопшто не сте ги примениле критиките од претходниот пост
Ова се претходните видеа што ги имаме снимано а ова е најновото што значи дека уште ги немаме применето вашите совети. Ова е само нешто од претходно Еве го најновото http://www.youtube.com/watch?v=aTYql5_OOac
Договорено па ако има некој тука што сака да биде поздравен во следното видео, да ни прати некое интересно видео што го видел по интернет, некоја предлог песна за почетокот или пак некоја предлог тема за Stand Up слободно нека пише тука