1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов бизнис со иста намена еден до друг

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Leosun, 12 март 2020.

  1. Leosun

    Leosun Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво, темата ми е за општите дискусии дека нема да успееш ако отвориш бизнис скоро ист до веќе постоечкиот кој е веќе успешен.
    Се работи во случајов за фризерско студио во нов објект изграден пред 2 месеци, во центар на градот, со не многу висока кирија, но проблемот тоа што до него на 1 метар има веќе фризерско студио 20 години.
    Е сега ме интересира ваше мислење, дали би успеала до неа дека е нормално попозната, постара, поискусна. А па се двоумам сега дека е скоро се преку реклама. И дали е вистина тоа "секој со своите клиенти" да речеме како што се сите бутици еден до друг, маркети и слично.
    Има објектов огромен излог може прекрасно да се уреди.
    Ве молам за мислење многу би ми помогнало. Од страна кога би биле клиенти.
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.702
    Допаѓања:
    172.555
    Пол:
    Женски
    Ако нудиш подобар квалитет во сооднос со цената со тек на време ќе си оформиш круг на муштерии.
    За се ти треба добра реклама и квалитетен производ/услуга..
    Ниеден почеток не е лесен ама ако биле лесни почетоците немаше да биде интересно.
     
    На Victorian, SandStorm, Justicija и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.383
    Ако и е на некоја итно, а нема место кај старата ке дојде кај тебе.
    На пазар сите слично продаваат, па опстојуваат
     
    На Victorian, SandStorm, Feminka192 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Машки
    Со многу добар квалитет можеш да и ја уништиш рекламата и да ја престигнеш.
     
    На smile:), LadyC и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Leosun

    Leosun Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Проблем имам од дома не ме подржуваат за тој дуќан, дека бил голем залак. Јас упорно го кажувам ова што го викате вие но само се нервирам, сепак одлуката е моја и незнам што да правам.
     
  6. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Sekoj se sisa i sekoj sekogas ke se sisa.Taka da ima rabota.Frizerite ne mozat da postignat od sto imaat rabota.
     
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.702
    Допаѓања:
    172.555
    Пол:
    Женски
    Да ама дали ќе се шиша кај тебе или кај комшивката не е исто ..нели?

    Имаш претходно раб.искуство?
     
    На smile:), Elaine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Ако одиш на варијанта дека ќе дојде некој кај тебе ако нема место кај другата, тешко да успееш.
    Треба да си уверена во својот квалитет и да стекнеш своја клиентела, а не да трчаш по туѓите.
     
    На cresa-jagoda, Elaine и Dust им се допаѓа ова.
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Многу фактори играат улога во изборот. Каков стил на работа имаш, возрасна група на клиенти итн. Според мене ти препорачувам да си бараш дуќан на друго место. Веројатно и родителите ти го велат истото. Жената ако го работи тоа 20 години нема да дозволи ти да и бидеш конкуренција - гарант. Најди си реон каде што нема многу фризерки. Ќе си држиш своја клиентела, плус маалските исто ќе ги придобиеш.
     
    На cresa-jagoda, Elaine и Leosun им се допаѓа ова.
  10. Leosun

    Leosun Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Да 9 години
    Да најдов друг дуќан на поотворено место, размислив убаво и така решив денес, фала ви на сите!
     
    На Gosh, smile:), cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    И јас сум за варијанта на друга локација, не дека се сомневам дека нема да си квалитетна и да привлечеш муштерии туку повеќе размислувам дека таа поискусната нема лесно да ти дозволи да си го покажеш и развиеш потенцијалот во нејзина близина. На жалост луѓево не трпат конкуренција и забораваат дека за секој има место под сонцево и дека секој има право да се избори за тоа место и пристапи до него.
    Со среќа на новата локација.
     
    На Leosun, Mikha4 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Apsolutno.Zatoa postoi konkurencija.Konkurencijata i ponudata ja rusi cenata i go kreva kvalitetot.Tie se pravilata na pazarot.
     
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Во прашањето имаш вметнато поискусна. Ако е поискусна значи е подобра? Ај дека битна е рекламата е битна, ама реално со реклама можеш да привлечеш, не да задржеш. Ако си подобра од таа до тебе нема сомнеж дека ќе успееш.
     
  14. мацка64

    мацка64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Јас познавам една фризерка и ми раскажуваше за друга дека и се доселила до врата, буквално, отворила тука дуќан, двете долгогодишни фризерки, ама оваа мојава, шо не напрај само за да ја тргне од тука, врски бараше во ујп, да ја затворат некако триста проблеми и правеше, пошо сепак никој несака некој да му се пика, реално, има многу слободни, други места, одете понастрана од конкуренцијата, не си правете проблеми дополнително и себеси и нив.
     
    На Elaine му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    21.521
    Пол:
    Женски
    Во моја околина има 3 -4 ако не и повеќе фризерски салони и тоа доста фалени...
    И неколку помали...
    Кај сите гледам подеднакво муштерии.
    Искрено во едниот платив 800 денари за никакво шишање, ама и тоа било со попуст оти двете со мајка ми бевме..
    Во другиот зависи од 900 до 1500 е шишање...
    Последен пат се шишав кај што е 200 и ништо не е поразлично од првото...
    Е не ми ја мафташе косата ко на клиповине де...
    Не дека другите излагаат кој знае како од скапиве салони..
    Моите очи гледаат обични коси...
    Квалитет не е ни име ни слава ни пари... ни реклама.
    Има многу луѓе кои немаат да си дозволат толкава сума само за шишање(зборам само шишање и дувнување со фен колку да те исуши).
     
    На smile:) и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Таа твојата фризерка е само една голема идиотка ништо друго. Тоа кога немаш квалитет па мислиш дека друг ти прави проблеми, не, сам си правиш проблеми пошо си некадарен. А тоа дека "и се досели" може да го збори само дома и. Никој на никого не му се доселува кога си плаќа поштено кирија. Се надевам никој нема да оди кај такви идиотки.
     
    На T.e.d.d.y, jacqueline.s, MarigoldA и 12 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.745
    Допаѓања:
    35.212
    Пол:
    Женски
    Само неспособните се плашат од конкуренција.
     
    На cresa-jagoda, Leosun, smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Ако одиме по учебник за маркетинг да така е, ама во пракса кај нас важат други правила.
    Баш сите одат кај таквите идиотки, знаеш зошто? Зошто се подврзани од подземје па нагоре.
    Таа ' поискусната/ подолго време што има отворено дуќан таму ' што се плаши од нова конкуренција, не е неспособна како што неедуцираната народна маса би ја дефинирала, стручно речено таа претставува нелојална конкуренција.
    Сепак квалитетот надополнет со искуство и образование секогаш излегува на површина.
    Мирна вода брег рони.
     
    Последна измена: 13 март 2020
    На мацка64, Bezimenka90 и Mantub им се допаѓа ова.
  19. мацка64

    мацка64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Не се работи тука дали некоја е идиотка или не, жената тука работи со години и не ја гледам потребата од толку други места, некоја да и се досели во врата,и да и се доселила до врата безразлика што плаќа, и тоа што се обидела да ја тргне од тука не е неквалитетот во прашање, туку гневот, намерата која е на другата? Да успее покрајнеа, да фати муштерии од неа, и автоматски да и земе дел од работата, кој е тука нечовечен?
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема ти што да ја гледаш потребата. Јас ако сум задоволна од фризерката милион нека отворат околy нејзе не ја менувам. Идиотски е да фаќаш врски во ујп за да затвориш некој. Ко што кажаа погоре, само неспособните се плашат од конкуренција.
     
    На T.e.d.d.y, cresa-jagoda, MarigoldA и 7 други им се допаѓа ова.