1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов бизнис со иста намена еден до друг

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Leosun, 12 март 2020.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Јас ако вредам нема да ми е битно ти кај ќе отвориш дуќан во моја близина. Во населба имам две фризерници (една карши друга). И двете турбо работат. Што требаше да направи оваа првата? Да и го затвори дуќанот на оваа втората? И првата вреди. Истите муштерики и се со години.
     
    На cresa-jagoda, smile:) и Mantub им се допаѓа ова.
  2. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Не е нечовечност тоа, секој си го гледа својот леб, не можеш да спречиш конкуренција, ниту да ги тераш да доаѓаат кај тебе а не кај комшиката.. ако во бизнисот се гледаше човечноста замисли да има 2 фризерски салони во цело Скопје, оти зошто јас да отворам, ќе испаднам не човек.?? Замисли да има 1 кафеана и 1 банка, 1 приватна болница?? Во помали градови сум забележала во 1ред од 10 дуќани 3/4 фризерски салони и сите се полни по цел ден. Ми е гајле мене оти Петранка имала салон, јас со 10 год искуство да менувам кариера ли? Како не. И јас би отворила, нека ми праќа и Ујп и свети ујп, ако сум исправна пред законот ништо не можат да направат. Секој си има свој круг на луѓе, утре ќе дојдат нивните мајки тетки комшивки пријателки и ќе си имаш работа.
     
    На cresa-jagoda, smile:), Trxmx и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Во моја населба има неколку фризерски салони, а јас веќе 7+ години идам у ист и немам ни намера да го сменам макар отвориле и милион до него. А, има у негова блиска близина и тоа неколку ама супер си работи овој, а и другите околу него.
    За супер цена и ме шиша како што сакам и ме фенира, фризури си имам правено, си ја знам жената, фина е, не ме замара со глупи маалски муабети дур шишам и не гледам потреба зошто би ја сменила.
    Баш ете пред некое време се отвори еден нов фризерски салон, не баш до неа ама блиску е сепак, па не гледам дека некој ја смени и не и оди веќе. А и во новиот има некои нови муштерии што стално доаѓаат, баш пред зграда ми е и гледам кога ќе пројдам има луѓе.

    Јас лично не би отворила баш на исто место, но ете некогаш ако имам добра понуда зошто да ја испуштам. Ќе има работа и за мене и за нив, толку луѓе има, нема да останеме ни двете без работа.
     
    На cresa-jagoda, smile:), Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ysera

    Ysera Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    taka na moite dukjan im zatvorija maalski :| kretenska rabota.
    da znaesh sega najvekje promocija preku instagram ti uspeva, osobeno za zhenski saloni/butici/slichno.. eve ambar.mk butikov koga i da vlezesh prepolno radi insta storinjata... a alishta shto imam od tamu ne se ni neshto posebno.. sega i eftini se, i toa vlijae. ama ni vo zara ni vo terranova nikade guzhva nemam videno kako vo ambar
     
    На cresa-jagoda, smile:), Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  5. мацка64

    мацка64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски

    Јас гледам што ке посакам, исто така идиотски е да се пикаш во врата, и не е точно дека неспособните се плашат од конкуренција.
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Сите се плашат од конкуренција. Ама неспособните НЕ ЗНААТ како да се справат со истата. Затоа и се неспособни ;)
     
    На T.e.d.d.y, cresa-jagoda, Leviosa2503 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, да се пика во врата, таа си плаќа поштено кирија ама тоа е вашиот глуп македонски менталитет напикан у глава, никогаш нема да признаете дека нема да успеете од што сте неспособни, а не од што некој ви прави нешто
     
    На T.e.d.d.y, cresa-jagoda, Leviosa2503 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.894
    А оди некој на фризер без претходно да закаже термин?
    Станува збор за фризерски салон,не тобако,колонијал ,кофи ту го,па или слично.
    Ако имаш 9 години раб искуство имаш и клиентела редовна веројатно,што нема врска со клиентелава на комшиката потенцијална.
     
    На cresa-jagoda, Leosun, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.