Нов на работното место - страшно!

Дискусија во 'На работното место' започната од babyketi, 16 февруари 2010.

  1. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    624
    Fala za sovetot ,draga Mila...
    Se obiduvam da bidam o.k...se nadevam deka ke me prifatat!
     
  2. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    18
    heheh ok i jas sum nova :) se vklopuvam i dobro mi ide ( se falam ) pozz
     
  3. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    624
    Bravo za tebe!Ti posakuvam sreca!
     
  4. madam-buterfly

    madam-buterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    мислам дека почетното вклопување за сите е многу тешко ама мора да се трудиме, а ако не успееме да се вклопиме е тогаш веке ке треба да размислиме каде е проблемот, дали во нас или во колегите :)
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    816
    И јас сум од тремаџиите..ама само додека стигнам до таму. во тие мигови сум :( :worried: ама штом стигнам на местото на настанот :lol: од никаде ми минува тремата. Но, да секако дека ми треба време додека целосно се опуштам. гледај на ова од убавата страна, секое ново искуство е и многу забавно,..ејј јас да најдам сега работа ке бидам :party:
     
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас сум таков карактер со со сите се уклопувам во мааабет и ретко некој да ми смета
     
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.532
    Јас од утре почнувам на ново работно место, пука трема, колена се тресат, ал мечка страв мене не страв!

    Се надевам дека добро ќе се вклопам, но ме плаши фактот што многу се очекува од мене уште од самиот старт. Се надевам дека нема да ги разочарам новите колеги и дека ќе имаме пријатна работна атмосфера, парички и убав помин на работното место.

    Пуштајте ми среќа! :$
     
    На eli25, femina11 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.675
    Допаѓања:
    45.981
    Пол:
    Женски
    Да знаеш дека цела среќа, јас барем, ќе ти ја пуштам. :) Ја знам тремата, многу ми е позната, затоа се надевам дека лесно ќе си поминеш и колегите нема да ти бидат bitches. :lol:
    Страшно е богами, страшно. :)
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    21.029
    Пол:
    Женски
    На првото работно место колегите беа вистински ѓаволи и без разлика на односот нив секој нов им пречеше. Но затоа пак на новото работно место се снајдов одлично. Верувам дека има влијание и дотогашното искуство но сепак зависи и од околината и самите колеги. Најважно е на почетокот да пројавуваш интерес, доколку нешто не ти е јасно да прашаш но и да внимаваш тоа прашање да не биде без врска па уште од старт да добијат слика дека немаш поим од работата. Доколку работите нешто ново, задолжително консултирајте се со искусните колеги за нејаснотиите за да не дојде до некоја поголема грешка затоа што покрај сто квалитетно завршени работи светлото секогаш ќе падне на онаа каде имало и најмал пропуст. Не навлегувајте во приватноста на колегите а и не дискутирајте многу за сопствената. Никако не оговарајте колеги, така ќе создадете слика на трачарка која позади секој има што да каже. И најважно, ако некој се обиде да ве навреди или омаловажи немојте тивко да премолчите. Затнете му ја устата на културен начин па да не се обиде нареден пат така да постапи. Исто така, давајте свои мислења, ако се дискутира за некоја проблематика немојте само да молчите и да ги слушате останатите. Искажете си го својот став.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    4.187
    Без озборување, наведни глава и работи најдобро што можеш. Јас веќе сум на 4 работно место, и на првото колешката која анјмногу ми праваше муабет и мислев дека е фина, потоа ми се дереше и ме навредуваше неколку пати. Мислев дека е друштвена и фина, а всушност купувала информации. Беше љубоморна и секогаш викаше ееее само ти ни се криеш тука, имаш ли дечко. На второто бев предобра со сите, многу пати голтнав непријатна муабети, некои чудни констатации без причина во смисла па ти трдоглава си, па ти заврши уште еден факултет, па кога ќе се мажиш. Од денешна дистанца ми е криво што некои луѓе не ги ставив таму кај што заслужуваат, ама тоа е, кога ќе ги сретнам едно здраво ќе им кажам и крај. Не ќутете премногу. Сега кај што сум колешката се обиде културно да ме намести затоа што куќен ред уште не знаев за фирмата, ама кратко и траеше и откако добро се покажав, а таа направи 2-3 кикса, ја избркаа. Само работа, купувај знаење и гледај си своја работа, од тоа поубаво нема. Инаку кај нас има колеги кои се непријателски расположени затоа што работа нема, тешко се наоѓа, а луѓето со финти се трудат да напредуваат, а не со работа.
     
    На minne992, LollySky и Ники. им се допаѓа ова.
  11. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.724
    Пол:
    Машки
    Ја би ви препорачал да си ја работите работата, да си имате секогаш став и интегритет и никогаш да не дозволите некој паразит да ви јаде од душата со тоа што ќе ви јаде и од платата што ја заработувате.
    Секакви луѓе постојат, повеќето не се пријателски расположени и се паразити и треба да умрат .. ама у таков дуалистички свет живееме каде што мораат они да живеат и да ја ни ја цицаат животната енергија на ние што пробуваме да бидеме луѓе. Пазете со кој се дружите. ;)
    Фурајте си ја својата работа. Бидете лидер во тоа што го работите.
    Пробајте да бидете независни во работите што ги работите.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Машки
    Mnogu optimisticki i nerealisticno, Prijatele. Zivotnoto iskustvo ke te nauci da premolcis mnogu pati. Mnogu luge koisto mi bile antipaticni na pocetokot so niv denes sum mnogu dobar prijatel. Mnogu pogolem problem se nasite ocekuvanja. Koga znaes deka lugeto se nesovrseni so svoi pozitivni i negativni strani togas mnogu polesno gi prifacas.
     
    На friendy и Prijatelot им се допаѓа ова.
  13. Ники.

    Ники. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.251
    Пол:
    Женски
    Исто ко погоре наведената членка како што кажа..така и кај мене.
    На првото рабб. место на почетокот беа фини со мене,ми објаснуваа пошто бев нова и не го знаев баш добро начинот на работата. Кога научив што како,почнав да напредувам не ме ни рецкаa. Неколку пати дури ни едно обично здраво не кажалe на поздравување,а не па нешто друго.Еднашка за малку една колешка ќе паднеше на глава..се слизна на плочките.Јас бев таа која ја задржа.Никоја друга од нејзините колешки не тргнаа ни поглед ниту па рака за да и помогнат. На крај не добив ни едно фала. Ми возврати со тоа дека сум требала да си ја гледам својата работа. Ќе и побараш пенкало да запишеш нешто..она ,,одма немој да си го изгубила,мое е,единствено ми е,ќе те кажам на шефот..‘‘ И се така..

    Додека на 2то место беше целата работа префрлена на мене.Останатите колешки не се замараа со тоа се додека си ја вршиш работата како што треба. Тоа беше се океј ,на место.Ама за жал толку беше од таа фирма.Влезе во непотребни долгови и сл.

    Третава работа е топп. Сите си ја гледаме нашата работа.Не се повишува глас,човечки е да се згреши и да се помогне. Барем за сега се водиме под тоа мото.

    За жал во денешно време луѓето ретко си ја гледаат својата работа без омаложување на другите. За страмота.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Машки
    Kade toa vie rabotite, pa nikoj da ne ti pomogne koga ke se povredis? Ili nikoj da ne ti veli dobro utro, dobar den, fala? Jas do sega takvo iskustvo nemam. Imalo problemi, nesoglasuvanja, netrpenie, no se e vo domenot na civiliziranoto odnesuvanje.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ники.

    Ники. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.251
    Пол:
    Женски
    Ви пишав во лп за да не спомнувам сега тука фирми и се останато..:angel: :shake:
     
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.273
    Naslovot e bombasticen.

    Ne e lesno da bides nov na rabotno mesto ama ne e ni strasno.
    Temava me predizvika da gi prebrojam rabotnite mesta vo poslednive 15 god.
    Za sekoja rabota si stavav stapce i izlegoa 14 rabotni mest od koi najkratkoto bilo 4 dena (Ponedelnik do Cetvrtok, znaci ne izdrzav ni cela nedela :rofl:), a najdolgoto 4.5 god. Vo meguvreme sum rabotela na 2 duri i 3 rabotni mesta vo isto vreme.:o

    Kako na novo rabotno mesto?
    Disciplinirano, slusas na trening i se zapisuvas na kraj od denot pribeleskite gi citas na tvojot pretpostaven so sto toj ke ve koregira ako nesto ste razbrale pogresno.
    Rabotno mesto ne e mesto za pravenje priatelstva. Tamu se pravat pari :cash:, a ne priateli.
    So kolegite se zbori sluzbeno , a ne moabeti od tvojot privaten zivot. Ako sakas da promenis moabet togas zboris za vremeto, za vkusna hrana (vnimavaj da ne fakas stavovi, taka zboris neodredeno da na kraj nikoj neznae dali e crno ili e belo), nesto labavo beznacajno.
    Ne se zbori: politika (nikoj ne treba da ja znae tvojata politicka opredelba), verski moabeti, bolesti, kaj raboti partnerot,imas mas/decko/samo seksualen partner, tvoja seksualna opredelba i tvoe mislenje okolu toa, kade zivees, kakov ti e domasniot esap, fb priatelstva kade postirate se i sesto pa posle kolegite vi go koristat pri sekoj komflikt....
    Znaci se razmisluva sto se zbori.

    Na rabota se odi raspolozen i se ostanuva so zamrznat osmeh na lice cel den. Rabotnoto mesto treba da ti bide celo so hartii (organiziran nered:rofl:) taka da i koga nemas rabota glumis zivot deka rabotis:doh: (znam deka ne ti se sviga ama toa e ) za da ne izleze potoa deka nisto ne rabotis. Znaci celo vreme treba da izmisluvas rabota i koga nema, za da se ima vpecatok deka rabotis.

    Znaci ako pazis sto zboris nema da imas nikakov konflikt.
    Sto pomalku znaat za tebe toa e poubavo.
    Na kraj Ne e Mozno Site da te Sakaat. Kako i da e 80% od kol. da te zasakaat ti si na konj. ama ako se zadrzuvas kon gore navedenoto so sigurnost preku 80% ke te sakaat.

    Zasto e vazno da ne pravis nepriateli?
    Zatoa sto ovie istive luge se rotiraat od firma vo firma i ako ednas okalis obraz toa ke te sledi sekade.
    Moabeti mnogu lesno se sirat.

    So sreka (y) (fingers)
     
    Последна измена: 28 февруари 2017
    На Tajnaotrovna, mari_sa, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Машки
    Ова мислев дека само кај децата од прво, второ одделение го има. Јас да сум како тебе би и реплицирала: "Kazi me na ucitelkata" За едно пенкало-Немој да си го изгубила. Абе, секакви луѓе крепи земјава. :(
     
    На Tanjamm и Ники. им се допаѓа ова.
  18. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.402
    Пол:
    Женски
    Секоја нова средина претставува еден вид на шок. Исто како во ново школо, факултет, па и работно место.
    Треба време за навикнување, мене од почеток ме прифатија. Добро е да се има добар „ментор“ на работа кој побрзо ќе ве уведе во работата, после станува се полесно.
    Искрено, другата колешка кога станува збор за административна работа по малку е себична, па не сака да дели знаење. Стварно не сфаќам што е тука спорно да помогнеш некому, да го научиш. Па, и нејзе ќе и биде полесно да ја подели работата :)
     
    На Tajnaotrovna, Tanjamm и Jacques им се допаѓа ова.
  19. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    1.885
    Пол:
    Машки
    Koga rabotev eden period vo stranstvo mnogu mi bese cudno na pauza site molcat. Sedevme po 20-30 dusi i nikoj so nikogo ne zboruva. Site molcat, jadat, cepkaat nesto po telefon. Ne daj boze usluga da im pobaras.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.745
    Допаѓања:
    22.378
    Пол:
    Женски
    Многу е глупо коа од не почетник треба пак да бидеш почетник.
    Значи на секое ново работно место колку год искуство имај, првиот месец си приправник.

    Ја сум тип на човек кој мрази да прашува и сака да го прашуваат (до сега јас сум била таа која знаела се и обучувала други луѓе) и сега сум ко изгубен германец.

    Уста не отварам:rofl: не до толку ама од првокласна алапача јас одвај 3 реченици во дискусија кажувам:rofl:

    Не, ама конечно се понашам како што треба. Сериозно, коа си нов поише слушај помалце зборувај. Не донесувај избрзани заклучоци и одлуки. Бегај од конфликти. Сеа за сеа на таа патека за движам. Ќе се преслушаме за 2 месеца.:call:
     
    Последна измена: 7 мај 2017
    На Tajnaotrovna, cresa-jagoda и joy1 им се допаѓа ова.