Здраво девојки. Од неодамна дипломирав, и за брзо време после тоа успеав да најдам работа. Утре ќе ми биде прв ден. Ме фаќа ужасна трема и сум под стрес , што и како ќе биде, како ќе се покажам во работата, дали ќе се вклопам со вработените и.т.н. Тоа што немам многу работно искуство ми е уште една причина плус. Ќе работам со постари луѓе од мене , а и работата ми е таква што вклучува комуникација со многу луѓе , и тоа ми е најтешко од се друго како ли ќе се опуштам бидејќи по природа сум доста срамежлива и повлечена личност, и постојано ми се врттаат некои такви мисли во глава, какви теми на муабет би имала со вработените , дали ќе ме прифатат во нивно друштво, како да им пристапам првиот ден а да оставам убав впечсток , дали ова дали она.. Ме измачуваат многу вакви работи а и општо секогаш кога сум во друштво на нови лица , што од срам понекогаш и зборовите ги мешам и зборувам нејасно. И мајка ми , мој демотиватор као и увјек, не поминува нешто без да ми најде некакви мани или да ме искритикува . Ми зборвеше завчера ми вели гледај да си ја зафркнала работата , ќе те отпуштат уште во првите месеци, друга работа после нема да најдеш така лесно, дрн дрн дрн.. Не можев да ја слушам повеќе. Но нема везе како и да е, зборот ми беше девојки како сите вие а посебно оние што сте како мојон карактер, какви беа вашите први работни искуства, првите денови, како беше што беше??
Вака првин со среќа нека е новото работно место. Не мисли одма лошо и негативно. Логично гледано како што може да тргне на лошо, може да тргне и на многу добро. Ова е нов почеток за тебе. И може да биде нов почеток на многу подобар живот, почеток на период исполнет со многу промени, не се плаши од промените тие може да те доведат до многу убави нешта во животот. Времето ќе си го исполниш со нови луѓе. Тие луѓе можат да те научат многу нешта, да ти дадат нов поглед на светот.Некој од тие луѓе подоцна може да ти стане најдобар пријател/пријателка, некој од нив може да ти стане сопруг, можда и иден свекор/ свекрва запознаеш преку работното место. Ќе си го збогатиш животот со нови искуства. Секако ќе има дел од ив кои и нема да бидат баш пријатни ама тие ќе ти помогнат да созрееш како личност. Се е минливо во животот. Опушти се, не е толку страшно. После неколку години ќе се сеќаваш на овој ден смеејќи се како си се нервирала за банални работи. За мајка ти која не ти пружа поддршка. Гледај она сигурно не ти мисли лошо. И ја имав период у животот кога мислев дека родителите ме демотивираат, не сакаат да успеам и сл. Ама сфатив дека тоа се нивни неуспеси, нивни стравови. Ако они не успеале мислат дека и ние не би можеле. И сакаат да не заштитат. Ама еве од мене ја имаш сета поддршка на овој свет. Можеш. И ќе успееш.Ти праќам многу позитивна енергија, секое добро и многу успех во иднина на секое животно поле.
Мој совет до тебе, кога ќе започнеш со работа за прво време молчи одговарај само кога ќе те прашаат, на премногу љубопитни прашања одговарај општо, или со реторички потпрашања или потврдни одговори, не заземај страна, биди во секој поглед неутрална, дај им на знаење на другите колеги дека си професионалец и дека си таму да работиш, не дозволувај да те подведат во разговор каде други колеги оговараат други колеги, набљудувај го секој колега или колешка одделно влегувај во мали разговори и пробувај да им ги откриеш омилените страни, со секој адаптирај се одделно, не привлекувај многу внимание, покажи им дека си чесна и принципиелна и ќе видиш како пополека ќе ти расте авторитетот, ако го примениш ова што ти го пишувам ќе имаш успех, секојдневно работам со луѓе и одамна веќе ја проучувам човековата психологија.
Кој знае по кој пат го читам постов, многу убаво и паметно напишано, ќе треба на врата да го залепам постов и пред секое тргнување на работа да го прочитам
Мене пак ми е многу забавно кога сум нова некаде. Уживам да запознавам и анализирам карактери. Сум работела повеќе работи и ќе кажам најдобро е човек да се држи до самиот себе најмногу. Колегите ви се секогаш колеги но не значи дека ви се и пријатели. Ако нешто не ви е јасно а сте нови секогаш прашувајте. Подобро да прашате отколку да направите грешка што може да ве чини скапо.