Me interesira da ste na moe mesto sto bi napravile? Vo mojot grad nemam decko, nemam rabota site drugarki ispofaka deckovci pa ne ni izleguvam redovno i sakam da se preselam Skopje da rabotam no ke treba da bidam sama vo nov grad bez rodnini prijateli bez nikakva podrska od nikogo, no ke imam rabota , dodusa parite ke gi davam na stan smetki i hrana i pak ne bidabez pari no ke imam rabota po struka :: Dali daDa ste na moe mesto bi ste se preselile Sk? [mod-kirilica:3k15l8e7][/mod-kirilica:3k15l8e7]
sam vo nov grad? da ili ne? Јас би ти дала поддршка во одлуката да се преселиш во Скопје. Ништо не те кошта да пробаш, секогаш можеш да се вратиш назад во твојот град, нели? Секој почеток е тежок, но ако го сфатиш како предизвик, ќе го пребродиш полесно. Ќе запознаеш нови луѓе на работа, ќе се дружиш со нови пријатели,а сигурно имаш и некои што ги знаеш од твојот град што останале во Скопје после факултет. Пробај...Самостојниот живот ти е еден голем факултет во животот. Тој те учи да опстојуваш и да се бориш. Токму затоа и многу луѓе од внатрешноста што останале во Скопје се успешни.
Немора да бидеш сама, ако веќе се селиш побарај си цимерки, па може ке ти се погодат и така ќе имаш друштво... се друго после ќе си дојде само по себе.. Пробај, ништо не губиш
Најидеално ќе ти биде да си најдеш цимерки преку оглас и да се преселиш во Скопје. Гарант ќе ти биде тешко на почетокот посебно ако си од помал град, ама ќе се снајдеш. А и ќириите не се толку високи, ако немаш големи побарувања.
Секој почеток знае да биде тежок,но сепак да има исплатлив крај.Јас веќе неколку години живеам во Скопје бидејќи не сум од тука и воопшто да не те залажувам ќе ти кажам дека имало и моменти на тага,носталгија,плачки....ама и прекрасни работи.Стекнав толку многу пријатели,се вработив на одлично работно место,си го запознав дечко ми и задоволно го живеам мојот самостоен живот!!! Е драга моја многу девојки/момци на 19 год уште чекаат мајките да им направат појадок и да им донесат во кревет и тоа е убаво,ама уште поубаво е кога знаеш дека сам си стекнал нешто ,си застанал на свои нозе и тој појадок што сама ќе го направиш одеднаш ќе ти стане највкусен на цел свет! Затоа немој да се плашиш од предизвик,на крај краева нема да одиш во Њу јорк кога ќе посакаш можеш да се вратиш дома!
фала за поддршката веќе почнав да барам на огласи нешто па се надевам ке најдам нешто што вреди вас девојки за еден месец колку ви се потребни мин пари за да преживеете со кирија сметки храна онака скромно , да знам со колку мин плата би можела да опстојувам таму ?
Мислам дека треба да пробаш, за понатаму да не си го поставуваш прашањето : `Што ако отидев!?` среќно
целосна поддршка моја животна желба но немам завршено факс и незнам каква работа би нашла и колку би се снашла секоја чест за храброста ништо нема да изгубиш не добива онај кој не ризикува позз
Секој почеток е текож, но воедно е и едно ново искуство. Ако пробаш немаш што да изгубиш можеш само да добиеш. Посебно ако го работаш тоа што ти е по струка и она што сакаш да го работаш. Има поубаво од тоа? Некој дипломирал со 10 и е незапослен, па ако имаш можност за вработување не би требало да ја пропушташ оваа шанса што ти ја нуди животот, зошто некој друг може да ја оскористи таа шанса.
Посакувам што побргу да заминеш секој почеток е тежок но тие што останаа после звршувањето на факултетот во Скопје многу од нив најдоа и убава работа.Јас лично многу го сакам Скопје ја сакам таа динамика на живеење.Помалите градови имаат други предности но не е за млад човек нема иднина.Многу би пишувала но ајде да не претерам.Ти посакувам успех и сето она што си си го замислила да ти се оствари оди напред во животот.поздрав sonuvacka.
Според мене, supermenka и tsunami не сте во право. Ако некој не може да има пристоен живот во родното место, треба ли да остане таму, и одвај да скрпува крај со крај? Нормално дека секој сака да добие повеќе и веројатно ако е доволно амбициозен може да го направи тоа и во својот роден град, но што ако можностите какви што се денес, не овозможуваат ништо друго освен преселба во главниот град? Не е народот крив што нема живеачка во „провинцијата“ како што викате вие, крива е државата. Ретки се тие што навистина можат да направат нешто во својот град, ама за тоа треба нерви, смисла за бизнис и пред се добар капитал. А во државава ретко кој може да се пофали со нешто такво (пред се, ова се однесува на капиталот). Ако има убав живот во родниот град, не верувам дека некој би сакал да дојде во Скопје. Државата треба да вложува во развивање на останатиот дел од државата, па ако има добри работни места кои се и добро платени, нема зошто некој да си ја бара среќата во друг град или во друга држава.
Прво да кажам дека темава не треба да ја носите во правец на расправии, па да се затвори како други слични теми. Имаше тема за Скопје наспроти провинција, и ја заклучија, а оваа тема не е таква и не треба мислења за тоа дали имало или немало во Скопје луѓе од други места!! Не мора да се фаќате за Скопје само. Јас еве на пример кога го прочитав насловот помислив на мојата желба да одам да студирам во странство. Секогаш сум сакала и ќе сакам да одам во нова средина, да запознаам нови луѓе, да станам по самостојна. И верувам дека тие луѓе ќе ме прифатат. Што правиме со најголемите европски центри кои имаат репутација на студентски градови?! Сигурна сум дека не им пречат студентите и амбициозните млади луѓе кои се во потрага по успех и подобар живот. А Скопје е мал град, урбано село, и од секогаш било и ќе биде вакво. Јас им давам шанса на сите кои доаѓаат, зошто сакам и јас да ја имам ако еден ден заминам во друг град во друга земја. Гледајте малце од тој аспект.
Новиот почеток е нешто кој секој го посакал во еден момент од животот . Што има лошо во тоа? Ништо. Лошо е само ако човек тргне со преголеми очекувања. Треба да се биде реален. Без разлика каде сака да „почнува отпочеток“ некој, треба да е свесен дека никаде не го чека „црвен килим“ (не зборувам сега само за Скопје, за било каде во светов зборувам). Има во една песна „Големиот град-голема надеж...“. И така сите го доживуваме тоа. Лошо е ако човек мисли дека се ќе му се среди со преселувањето некаде (оти своите проблеми, внатрешни конфликти и се она што не прави несреќни си ги носиме со нас, каде и да одиме). Луѓето од малите места се воодушевени од анонимноста која им ја нуди големиот град, оние од големите градови им завидуваат на блискоста и на побавниот ритам на животот. Човекот често мисли (или се залажува себеси) дека животот е на некое друго место, а не таму каде што е тој. И во таа потрага да го најде „местото“ каде што се случува животот, го запоставува својот живот. И BTW, преселувањето никому нема да му ги реши проблемите, само ќе ги замени со други. И уште нешто за темава-Скопје (како секој поголем град) е скап град. Многу поскап од помалите места (знам, бидејќи имам другарки низ Македонија и се посетуваме) и за да се почне во него, треба, барем за почеток, добра финансиска основа, бидејќи прво треба да се најде место за живеење и да се плаќаат сите трошоци во врска со него, да се дојде, па после да се бара работа, а тоа може да потрае подолго... Како и секаде во светов, животот тука има и свои предности и свои недостатоци, не очекувај премногу, не очекувај чудо, и може да ти биде и убаво
Сонувачка мислам дека вреди да пробаш да живееш во Скопје. Ниеден почеток не е лесен, ама со тек на време човек се навикнува. Сепак треба да те храбри мислата дека и доколку нешто, не дај Боже, тргне наопаку имаш каде да се вратиш и тоа веднаш и без размислување. Домот каде што сега живееш секогаш ќе биде твој дом. Прво треба да си најдеш работа и како што некоја од девојките пред мене напиша нема да биде лошо да делиш стан со цимерки, ем ќе ги намалиш трошоците, ем нема да си сама. На работа ќе запознаеш нови луѓе па така кругот на пријатели ќе се шири и се ќе си дојде на свое место Во секој случај ти посакувам многу среќа и за храброста и за амбицијата.
Ве замолувам да се држите до темата. Значи темата е општа, се работи за било кој град, а не Скопје, иако авторката како пример го спомна Скопје. Веќе постоеше тема ,,Скопје vs Провинција‘‘ и поради истата причина, препукување, навредување и слично, темата е заклучена. Темата ќе биде повторно отклучена и отворена за дискусија веднаш штом ќе бидат избришани непотребните мислења.
Еве ја темата, отклучена. Со избришани дел од мислењата, секако. Ве замолувам да се држите до темата, без навреди, препукувања, и не ме терајте повторно да ја заклучам, и овојпат да ја испратам на годишен одмор во ,,Канта‘‘. Поздрав.
Одвај чекав да ја отворат оваа тема за да го напишам моето мислење. Девојчето што ја отворило темата претпоставувам дека е од некој мал град во Македонија(Валандово, Кавадарци, Крива Паланка, М.Каменица и сл.....) Ја подржувам во намерата да се пресели во друг град и да започне одново...Животот во Скопје е доста скап, па ако девојчето сонувачка не може да си дозволи да дојде во Скопје или пак не може да се снајде да смести кај некои блиски тогаш нека проба во други градови како Битола, Штип, Струмица - сепак тие се исто развиени градови и може и таму да се најде работа...Ова би можело да го има в предвид како алтернативна опција...Како и да е и посакувам многу среќа да успее во своите намери иако секој почеток е тежок, но мора од некаде да се почне... А, за тие две девојки што велат дека под поимот провинција се подразбираат сите неразвиени и заостанати области - ГРЕШКА СТЕ! Провинција се градовите во една држава со исклучок на главниот град.Така да еден Франкфурт и Штутгарт се провинции во Германија и треба да речеме дека се заостанати и неразвиени градови... Јас тие заостанати области, опустошени, неразвиени ги означувам со терминот - рурални области во една држава...Тоа е мое мислење...Велите дека провинцијалките ги земале дечковците на скопјанки Па, тоа е изјава на личност со сериозно разнишана самодоверба според мене...Ако јас се ценам себеси и свесна сум која сум и колку вредам не може никоја да го преземе мојот партнер освен ако ТОЈ не им даде повод за тоа..Со сила не може никој да го натера, нели...Или на крај краева па ако му е подобро со некоја девојка и е посреќен со неа - нека оди слободно, без разлика дали таа девојка е од Скопје, Битола, Неготино, Белград, МИнхен,Лондон... Пред да ја заклучат темата забележав дека една од девојките која прилично жестоко ги напаѓаше тие што НЕ се од Скопје, воопшто не знае да пишува...Пред да навредува некој нека научи правопис прво... Срамота што Македончињава се делат на секој основа(еве вака на скопјани и провинцијалци, на богати и сиромашни, на грујовисти и бранковисти, на т.н.патриоти и предавници итн......) Значи кога ние самите меѓу себе немаме почит и не се држиме како нација, што очекувате од другите народи да ни прават? Многу се извинувам што ќе бидам малку вулгарна и ќе кажам дека све додека вака течат работите во оваа државичка кој стигне ќе не шупчи и ќе си игра курташаци со нас... Повторно се извинувам за овааа реченица што ја пишав...
Мислам дека е сосема беспотребно да се дискутира за релацијата на голем град-мал град во една мала земјичка како што сме ние.Јас студирав во Скопје и искрено сретнав луѓе кои сто пати кога немаше да се согласам со некое нивно мислење се фаќаа за тоа, што знаете вие од провинција. Никогаш не допре никој до мене оти ваквото сфаќање барем за мене е повеќе од смешно; а најчесто и доаѓаше од луге кои самите себе си се имаа изгубено во реалноста, па си живее во некој си филмски живот. Е сега за заминување во ново место.Секој има право сам да си ја избере својата патека и да си ји бара среќата таму кај што мисли дека му е. Секој почеток е тежок, но и возбудлив. За мене нема ништо полошо од тоа да по секоја цена седиш некаде кај што не си ти-ти. Значи си несреќен, неисполнет како личност но сепак си таму..оти? Оти било сигурно, овде е кругот и овде завршува се. Среќата не тропа сама, треба да се избориш за неа, да бараш, ризикуваш.Барем кај мене беше така. Ризикував и сменив, и успеав. А и кога не би успеала барем ќе знам дека сум пробала, не ми останало тоа А што ако???