Доста сум размислувала за оваа и сакам ваш совет, мислење Ете веќе неколку недели не одам на работа, тука немам дечко, немам другарки, едноставно празна сум, секој ден иста приказна, Единствено добро во моментов ми е Црвен Крст. Сакав да заминам надвор од Државава, да одам кај татко ми, да живеам со него, да започнам нов живот таму, Али од друга страна па татко ми е човек со чуден карактер, додека е трезен е се океј, фин, секоја желба ми ја исполнува, ме разбира али тоа само кое трезен, но кога и да се напие збори требало вака, па онака бла бла бла.... не сум спремна да го слушам и со тоа што го кажува да ме малтертира психички, али пак од друга страна не сакам да седам и овде од горенаведените причини... Сеа незнам што да правам
Да сум јас на твое место, би заминала веднаш. Не те врзува ништо тука во моментов, самата си кажа, ниту работа, другарки, ниту дечко. Плус, млада си, а ова е најубавото време да се искусат нови простори и предизвици. Што се однесува до татко ти... барем си го знаеш каков е. Подготвена си, знаеш што може да очекуваш. Ако се случи таков момент со пијанството, просто тргај му се од патот. А можеби и ќе те изненади пријатно, со тебе во околината постојано ќе си делувате фино еден на друг. Поентата ми е дека - не може да биде толку лошо, за разлика од секојдневна, сива монотонија. Тоа ќе те убие побрзо психички, отколку наравот на татко ти. Јас би те советувала да размислуваш околу пакувањето. Блазе си ти на шансата која ти се пружа, не може да си го дозволи секој. Со среќа.
Јас понекогаш посакувам да го напуштам моево најубаво Скопје и да заминам некаде далеку каде што никој нема да не познава. Тогаш нема да бидам овој што јазикот му побрз од мозокот, овој кој не брои до 10 и овој кој кажува се во лице без фолирање. Супер би било нели тогаш сите би ме сакале
Не би можела луѓе. Јас сум си социјализирана во Скопје,тука израснав,дечко,спорт,другарки,школување....и да отидам пример: Велес или некаде друго. Ма нема шанси
Мене веќе ми е здосадено од Скопјево, еве ќе започнам студии во Штип, после тоа којзнае, од Скопје ми велат таму немало шали, идеш со некој и одма мислел на брак. Не верувам дека е тоа така, ама сепак што имав дечковци од други градови, стварно такви биле. Не ми смета ни тоа, напротив, само убави работи слушам за помаливе градови, во Скопје веќе немам што да барам и онака, сите што ми биле другари и другарки, иако се над 50, сега ниеден не би задржала. Нервозна сум поради сето тоа, страв ми е да започнам одново, досега имав заглавено со куп личности поради тоа што сите се покварени и онака, се дружев со погрешни, стварно не знам што да праам. Имам дома две сестри, не се многу помали од мене така што имам каде да се вратам ептен ако ништо не е како што треба, но не сакам пак да заглавам со некого како досега што беше, со нив никогаш не сум била блиска, близначки се и со другите се однесуваат како ќе им текне, јас што сум им сестра, не ме третираат како што треба, нивните другарки па бетер, затоа кај нив е поразлично, искачаат, со сите се знаат и само бош муабети, не гледаат да се дружат стварно пошто и онака си се имаат една со друга. Како и да е, не знам како ќе се снајдам, како да ги одберам луѓето, не ми иде зближување со луѓе, со сите да зборам, 24/7 со луѓе да бидам, погрешниот ќе се закачи за мене... Најмногу се плашам да не биде исто ко во Скопје, премногу очекувам, а знам тоа не е убаво, но што да правам кога на најубавото се надевам... Нешто ми вика дека ќе бидам растажена и нанервирана повторно
За неколку дена се преселувам во Скопје на студии. Но не планирам да останам тука подоцна можеби,се надевам дека ќе успеам до Лондон да стигнам. Лондон е мојата животна дестинација,сакам да го посетам,да останам на некое време таму (години) можеби на работа или слично што ќе ми донесе животот. Life Goal: to live in London. За мене тотално нов почеток во друга држава, не само град
Јас би сакала да си ја пробам среќата и да појдам во некој друг град и покрај тоа што таму немам никој. Ќе стекнам нешто, тоа сигурно. Ако не, тогаш секогаш можам да се вратам домичка.
Не е лесна самата промена, нова средина, круг на луѓе, клима итн., но некогаш вреди да се проба среќата и во друг град. Има и позитивна страна, нова енергија, нови пријателства итн.