Значи вака, јас сум мажена во Грција, во последниов период, тоа е околу 1 година отприлика ситуацијата овде од ден на ден е се потешка, сакам да кажам дека нема работа, многу слабо плаќаат каде и да работиш, стандардот е многу повисок во споредба од МК на пример и не излегуваш на крај со трошоците. Така да, јас и мојот сопруг веќе неколку месеци сме решителни да ја напуштиме земјава и да заминеме за Австралија за подобар живот. Сопругот има роднини таму кои би можеле на еден начин да ни помогнат околу работа и вселување таму за почеток, што не е мала работа и е од големо значење, што од друга страна пак ако немаш ниту еден роднина кој би можел да те поддрже од таму нема шанси да заминеш. Сакам да прашам, дали некоја од феминкиве има ваква или слична ситуација како мојава, да е можеби во Австралија да живее таму или да има близок таму и знае како се одвиваат работите и да ми објасни малку повеќе околу животот таму или кој знае нешто повеќе да ми објасни....ќе му бидам многу благодарна
Јас живеам во Австралија,незнам сега што поточно те интересира дали стандардот,дали работа пиши што поточно те интересира па ќе ти одговорам