Незнам дали некој го споделил веќе ова, ако има веќе слична дискусија нека оди во канта. Нов тренд на поканите за свадби било да им се потенцира на гостите да не си ги носат децата на свадбата. Мене лично ова ми е мизерно, и ако добијам ваква покана нема ни да одам на свадба. Во ред е родителот да одлучи да не го носи детето, ама да не е добредојдено http://setaliste.com.mk/zabava/zanimilivosti/Забрането-носење-на-деца-нов-хит-на-мак/
Многу глупава работа. Децава ги носам на свадби само кај блиски. Ама некој да ми напоменува да дојдам без деца, не би му ни отишла на свадба.
Прво беше поклон во плик, сега е без деца следно мислам дека треба да биде барање пари само да се пратат на домашна адреса а испраќачите уопште нека не доаѓаат. Просто ми се одмилени свадбиве иако ова не можам да кажам дека е нов тренд бидејки уште пред неколку години моите беа поканети на свадба кај блиски пријатели ама ја не бев поканета. Искрено смешно ми беше уште тогаш. Што знам малце ступидно е да каниш одредени членови од едно семејство а другите да ги изоставиш. Или кани ги сите па макар биле и 10 души или не кани никого. Врз основа на што ја прават таа поделаба баш ме интересира, можеби лотарија или ждрепка влечат младенците кога го составуваат списокот на гости. Срамота е колку сме мизерни како луѓе и како нација, фуј. Разбирам немаштија па немаш пари да го платиш оброкот за сите што ќе дојдат од тоа семејство ама тогаш побогу не прај свадба или напрај некоја мала свеченост. Ама не, лакомото македонче ем сака пари да се напуни од поклон во плик ем сака двајца без тројца да му дојдат за да не се стаи во трошок во ресторан. На крај уште попреку ќе бидеш гледан и оговаран како не си им дал доволно пари а си дошол со 2 деца на свадба да ти јадат и да ти пијат. Немам реќи стварно.
Кaкo бе без децa??? Акo видaм тaквa пoкaнa не би oделa нa тaa свaдбa сигурнo. Сеуште немaм децa aмa не се вo ред тaкви бaрaњa. Не секoј имa мoжнoст децaтa дa ги oстaви нa чувaње некaде. Бoгдa чувa зaсрaмoтa
Кај мене имаше неколку деца на свадба кои искрено во цела таа галама не ги ни забележав. Не па да да приметам каде и дали трчаат. Кој сакаше си ги донесе и малите. И онака тие е не зафаќаат некое големо место или порција. Малите цела вечер беснееле , а јас не се сеќавам да ги видов. Дури и си помислив премирни ова нашиве деца . На свадби со моите одевме само како поканети. На некои сме биле поканети ама не сме отишле. Таму каде што сме биле блиски нормално дека сите фамилијарно одевме. Ама на мајка ми на другар на дете , што би јас на таа свадба. На мајка ми на блиски братучеди не не поканија децата. Отворено ни рекоа дека имаат премногу гости и им е голем терет. А не дека ќе правиме демолирање на свадбата, не бевме толку мали. Веројатно тинејџерки сме биле.Нит се налутивме, ни ништо. На мојата свадба јас си ги поканив сите како ништо да не било. Ми беше драго. Како преголеми желби и очекувања да имаат идните младенци. Свадбата е еден ден кој ќе помине во секунда.
Абе што нема да им текне, поклон во плик, грепки наместо цвеќе...и сега не носете деца. Господа, ако сте ми блиски тоа нема ни да ви текне да го споменете, а ако не сте, ни на крај памет не ми е да мачам дете за на вашата свадба. Повратна порака од малиот "Ни јас не сакам да дојдам на вашата свадба, поубаво ми е да спијам дома". Бог да чува.
Сосема убава ми е идејата кога мали деца се облечени како принцези, машките во костумчиња и им е дадена некоја мини-слатка улога, па потоа ги вметнат и во фото-сесијата. Некако оддават поголема фамилијарна вредност на целиот настан За погорниот тренд мислам дека не е со злобна намера и во лош контекст кажано, туку претежно деца, барем јас што сум видела на свадба, се некои што ќе идат и ќе лудуваат, ќе скршат нешто, ќе беснеат, благо речено невоспитани, па имаш дерење од родителите, екстремно плачење на децата и нервирање на повеќето Па може за тоа, младоженците може сакаат тој ден, тие и гостите да не се нервираат барем за тоа
Каков нов тренд? Откако знам за себе, има родители што не ги носат децата на свадби. Пред 12-13 години бев на таква свадба, каде што кажаа да немало деца, ама моите нè земаа. Да ги видите невестата и младожењата, патем наши блиски роднини, каква кисела фаца имаат направено на сликата. Јас, 8 годишна, испрчена пред нив
Ова нешто ново демек е? Порано кога на поканата пишуваше само име на Мајка и Татко, се подразбираше без деца, ако пишуваше Семејство Виножитковски, значи сите се поканети. Без разлика од која било причина, дали и за децата немале/не сакале да платат порции, или место немале, или им сметале, ама така се водеа работите.
Еве јас како класично „мрчало“ по свадби, велам дека покрај сите останати нешта, не ги ни приметувам децата кои се присутни. Па на таа журка и покрај таа гласна музика, колку и да беснеат или да се дерат, се знае кој останува центар пажња (на ова, дечко ми на шала би рекол - КУМОТ, дека највесел ) - парот и фамилиите кои се веселат заедно со нив. Па деца се, не можат да седат како кукли. Не ми се допаѓа доколку е потенцирано во самата покана. Пре би поминала преку „поклон во плик“, отколку преку „дојдете без деца“. На сите покани кои сме ги добивале до сега, доколку ние „децата“ сме биле поканети, секогаш стоело „фамилија тие и тие“ и сме оделе четворицата. Кога биле наведени имињата на родителите, оделе само тие. Полесно, здравје.
Дететo мoже сум гo зелa декa немaм кoму дa гo oстaвaм и зa негo секaкo не oчекувaм пoрцијa. Без рaзликa нa причинaтa зaрaди кoјa млaденците не сaкaaт гoстите дa нoсaт децa (билo кoјa спoред мене е неoпрaвдaнa) тoa дa е нaпишaнo вo пoкaнaтa е СРАМOТА!
Na poslednata svadba na kija sto bevme pokaneti kaj moja prva bratucedka naglaseno bese poklon vo plik I na pokanata pisuvase , a I usno bese kazano nekolku pati deka mladozencite trebalo da kupuvat stan pa im trebale pari bozem site ke dadevme po 1000 evra poklon pa da mozat oni stan da si kupat. Posle nekolku dena tetka mi majkata na nevestata luta ifrit kako samo 2500 evra sobrale od svadbata nisto nemozele so tie pari da napravat dzabe pravele svadba. Znaci koj pravi svadba za da se zbogati se izlazal. Po moe jas ako te kanam na svadba te kanam za da mi dojdes za cest da mi napravis a ne poklon da mi doneses, a sekoj e svesen deka so prazni race ne se odi na svadba.
Ама пречкртнати децата бре? Со знак? Тоа ми личи на непочитување и прво према родителите, па децата. Срамота е веќе. Што ли нема да им текне. Од поклон, грепки,деца? Што е следно? Да не се појават гостите , да пратат само плик.
Трендот е што на самите покани имало слика од деца пречкртани, а ова со потенцирани на пликото дали цела фамилија или само постарите членови, не е ништо ново.
Многу грдо би ми дошло да добијам таква покана. Па моето дете не е придојдено од негде,значи не ме почитваат ни мене. Иако и јас не сум за дете ( особено до кај 4 год) на свадба, пред се зашто во тоа време дете треба да спие а не да го масираш по маси и столови Е сега ако нема кој да го чува тоа е друго.Не сум го носела, многу ретко само кај ептен блиски и воглавно до полноќ ми заспивал и тоа одвај. Секако сум кажувала ако го носам да не трошат за него порција зашто не јаде. А поголемки дечиња од кај 5 6 години незнам зошто би им пречеле,баш бевме на една свадба на која имаше куп деца преубаво беше.
Точно. Ептен непристојно. Незнам како воопшто немаат ни срам да пратат таква покана. Ама искрено на денешницава ништо веќе не ме чуди.
На таквите од инает би им однела празен плик. Па нека се сликаат со него. Безобразни. Кога правев свадба, комшиите беа поканети со децата, ама не ги донесоа. Кога се женеше внук од братучетка на мајка ми, моите беа поканети со деца, ама не не однесоа. Не чуваше баба ми.
@RainBow имаш право и ти, ама сепак тоа е малку посуптилен начин. Но експлицитно да се нагласи дека не смее деца ми е некако многу безобразно. Па уште прешкртани? Врв на безосетност. Или демек многу сме сите модерни и интересни, па се ќе си дозволуваме. Општествените норми изгледа сме ги заклучиле негде доле во подрум. Насекаде себичност. И стварно во последно време се повеќе наликуваат сите веселби на некоја калкулација, каде принцот и принцезата младоженци треба да бидат центарот на унивезрумот тие неколку часа, а другите како нивни полтрони и послушници да се однесуваат. Ако сакаш да ти е убава свадбата, веројатно треба и сите убаво да се чувствуваат, а не да се осеќаат мизерно како доларчиња што шетаат низ фино накитената сала.