Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Свадба
    мн. свадби
    Вид збор: Именка, женски род
    Прослава по повод склучување брак

    Ете, тоа е вистинското значење за зборот. И за оние прават прават бизнис од свадбите и за оние кои не можат да сфатат дека океј е и свадба со помалку од 100 души :D

    Јас ја разбирам Ели, дека за неа и за повеќето, тоа не е свадба, бидејќи ние сме таква култура, што кај нас свадбите традиционално се прават големи, невестата да носи невестински фустан, да има обичаи, значи со сите протоколи, а свадбите со помалку гости и друг формат е западна култура што сега полека доаѓа на мода и кај нас :D
    Свадбата е и прослава и веселба и се, само начинот на кој ќе се одвива зависи од културата и традициите на државата комбинирано со желбите на оние кои ја прават :)

    Мене, искрено, убави ми се нашите традиционални свадби, ме потсеќа на порано, ама денешните и колку и да се големи, не ги прават со ќеф, туку ете, прават пресметки и скенирање на пликовите, а од друга страна економијата си го направи своето :)
    :d::drunk:
     
    На do-re-mi, Bozica1980, YoungandBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    Колку ти е чергата толку пушти си ги нозете,а не после да не биде-Не сам знајала.Шала на страна,ти каниш луѓе,луѓето колку имаат или сметаат дека треба да ти донесат поклон ти носат и готово.
    Ако не па и на поканите нека вметнат-Поклон во плик ама не помалку од 3000,лупам :rofl:
     
    Последна измена: 30 мај 2017
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    :devil: :devil: :devil: лошковци имаме
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.626
    Пол:
    Женски
    И јас ќе речам, назад ти е зимата, дај Боже да си во право дека твоите деца ќе бидат какви што ќе ги воспиташ. И да, има темпераментни и хиперактивни деца. Моево (големото) не може да седи на маса подолго од пет минути, дури и кога јаде. Затоа на свадби го носам само кај најблиски. Трча, шета, игра, ама беља не направил. Едно е темпераментно дете, друго е невоспитано.
     
    На bittersweet, azelea, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.284
    Допаѓања:
    113.760
    Пол:
    Женски
    Ти да не не си ни мажена. Провери таму во документите :D:D
     
    На Bozica1980, joy1 и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  6. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Pa mislam ne e nesto novo. Zavisi kaj kogo odis na svadba i sto pisuva tocno vo pokanata t.e koj e pokanet.
     
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.377
    Пол:
    Женски
    @Annath И јас тоа ќе пишев.

    Не зборувајте пред време, да не се погодат вашите темпераментни, па да се сетите после на муабетот.
    @Black girl моето дома го трга кабелот од клима, отвара релна ја полни со играчки, пушта машина за алишта, отвара фрижидер и вади се надвор, итн.. Нонстоп сум по него, немам седнато и го карам и се, јас ли го учам така? На гости еднаш го зедов, секунда го пуштив од рака и скрши вазна. Повеќе не го носам.

    На свадба не сум видела до толку немирни деца да ја уништат свадбата, па да е забрането носење.
     
    На Elen4e_sonce, theowndemon, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.124
    Пол:
    Женски
    За мене ќе си кажам...
    Благодарни сме,доколку не не' поканат на свадба( подалечни роднини или пријатели)
    Зошто? Зашто една просечна свадба мене ме чини 5000 ден. То за поклон,цвеќе,фризура,фотографија,бонбони,гориво,и тука не спаѓа облека. Минатиов месец имавме 4 свадби. Тоа се 20000 ден!
    Луѓе толку плага не земаат за два месеци.
    Нејсе,не гледам причина да не се носат мали деца по свадби. Пак за мене,моето 3год дете е пресреќно кога е на свадба,се изнаигрува,порција за него не земам,јаде од моето јадење,само едно столче ако ми дадат да седи,ако не во раце.
    Причина,немам на кој да го оставам,и притоа,со секоја добиена покана, јас се јавувам кај младоженците да напоменам или прашам дека дете мора да носам,ако одговара одам,ако не,не одиме.
    За бројот на гостите,почна како натпревар да станува кој поголема свадба ќе направи. Па после колку пари собрале младите.
    Јас свадбата ја правев за мој кеф со 350 гости,од кои имаше луѓе кои дошле ми биле многу драги,а донеле скромна сума на пари,но веселбата ја направија токму тие. Инаку,на мојата свадба,музиката собра скоро еднаква сума со онаа која ние ја добивме :)
     
    Последна измена: 30 мај 2017
    На Elen4e_sonce, azelea, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не те разбирам, од една страна си благодарна кога подалечни не те канат затоа што те поштедуваат од голем трошок, велиш плус дека се натпреварувале кој поголема свадба ќе направи и колку пари ќе собери, а ти твојата со 350 гости си ја направила. Што е поентата на постот?
     
    На m.i.g и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Па не е свадба за мали деца..
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Bridget Поената Бриџ е, гласав за твоите крофни, верна си останав на нив :rofl:
    :d::drunk:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Целиот проблем со свадбите во Македонија е што ем луѓето немаат пари-ем сакаат да прават свадба со по 350 гости или ко што рекле стари "Ем шуто, ем боде". И после Цацко им е крив. Епа не иде бе тоа така.
    Имаш пари прави си голема свадба, немаш пари (сакаш свадба) епа ќе си намалиш на гости, намали на порција, најди си поефтин ресторан. Не може сите да прават гала свадба.
    Вие ако немате пари за свадба не ви се криви гостите што не ви донеле по 50евра у плик за вас да ви се исплати свадбата. Што сакаат ќе ви донесат. Ако не, па дај пишете колку е порција+ддв па нека си платат луѓето во плик.

    Што се однесува до децата, ако децата ви се трошок што не им смените порција на децата и така деца не јадат се и сешто. А, и искрено не сум ни била на свадба каде што имало толку многу деца да и сметаат на свадбата. Обично се знае дека само најблиските ги носат децата и евентуално кој што нема кој да му ги чува.
     
    На Victorian, black-angel, jacqueline.s и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Зборот ми е на гости или на прослави(сеедно) треба малку осет. Не да ми крши нешто, а мајката да се клешти. Што треба? Јас да им викам на туѓи деца? Еве ти го караш да не прави така. Ама кога се оди на гости, треба исто да се прави, да се скара и да се прибере детето, а не да ја сруши целата куќа. И стојам зад тоа дека има разлика од темпераменти до невоспитани деца што уништуваат гарнитури со пенкала или фломастери, шлапаат по ѕидови со чоколадни раце и слично.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Деца како деца..Ова не ми се јади ова неќам она неќам,сакам надвор сакам да трчам..Епа мамино ако неси мирно ке си спијаш дома:makeup:
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.124
    Пол:
    Женски
    Еве да објаснам.
    Па стана натпревар,зашто ако каниме повеќе гости,автоматски добиваме повеќе поклони/пликца. Па после доаѓаат фалби дека сме собрале евра за станови,куќи и дека сме сега најбогати. Ова го кажувам за мој крај.
    Второ,имав 350 гости да, но сите беа луѓе со кои бев,сум и сакам да бидам во иднина во контакт,за кои не ми беше важно колку дебел плик ќе донесат.
    Мојата свадба беше пред 5год,не многу одамна но доволно долго време да многу работи од тогаш се променети. Ако ние порцијата ја плативме 17 е,истата сега кошта 20. Тоа со сигурност го знам.
    И да,воопшто не би се лутела доколку не ме покане на свадба 1виот братучед од свекор ми(кој не е во државава) кој воедно и не го познавам(а и мм ),а прави багатела свадба,кани познати/непознати и не би рекла дека е од љубов,туку автоматски да си врати парите од ,,багателната,, свадба.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Јaснo ми е сегa, дa. И претхoднo ми беше aмa aј. Сите кaнaт мнoгу гoсти знaјни и незнaјни зa дa се пoкaжaт пред нaрoд и зa пaри дa сoберaт, сaмo ти кaниш 350 гoсти oти сите ти се вo нaјблизoк круг и oти мнoгу се сaкaте и пoчитувaте.
     
    На m.i.g и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А што е битно кој колку гости кани на свадба кога темава е за дали децата пречат или не на свадбата?

    Мислам уште во првите постови беше спомнато - ова се правело и на времето, само подискретно т.е. на поканата се пишува Петра и Трајан Мирковски ако се канат само тие двајца. Ако се канат сите домашни се пишуваше фамилија Мирковски. Начинот на кој децата се непожелни гости (пречкртани на покана) е во најмала рака дрзок чин. Мислам дека ова повеќе иритира, отколку дали детето е покането или не.
     
    На victoria, WarriorAngel, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Секој родител си е осетлив на оваа тема за своето дете.
    Секако нема да го носам.
    Дете се носи на свадба кај брат, сестра, ако сме кумови или стросвати...
    Ако сме комшии, пријатели, колеги...НЕ.

    Ама на покана прешкртано дете непријатно е , кој како сака нека рече.
    Како да не е пожелно детето, така личи.
     
    На victoria, WarriorAngel, elimkd и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Ај вие 350 е мачкина кашлица, јас за една свадба правев 650 цветчиња за китење, па видете... Мене не ми е јасно, јас во животов не познавам толку луѓе, а камо ли да сум блиска со 650 луѓе за да ми дојдат на свадба.
    Избегавам иначе да одам на свадби, да ви кажам право, од причина што јас не правев, и нормално дека никој не беше обавезен да ми даде поклон за мојата мажачка. А сега јас треба да давам на некој и да се ставам во трошок, а имам милион други многу побитни обавези и трошкови од нечија свадба, така што, сега имам свадба од деверот во август и на таа ќе одам, на наредна којзнае кога.
    На мм тетка му во неделата правеше ај да речам помала свадба со 100тина луѓе, и бевме поканети, воедно ги крштеваше и децата нејзини, и сега јас ако отидев на таа свадба, требаше пола плата да ја дадеме, каде пари за крштевка, а каде за свадба, а каде горивото до друг град оддалечен 2 саата вожња, они на еден трошок свадба и крштенка очекуваат 3 коверти, плус китенките да ги платиш, извињавајте, ама солено ми е, имам две бебиња дома, рековме со мм дека он ќе работи и така, не отидовме. Плус сега си имам изговор неможам од децата, и чао џаци, ич не ми е незгодно.
     
    На Victorian, Sesil и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Невестава ја купи венчаницата и тоа ја плати преку 500 евра, ја чекаше два месеци, одеше по проби...Мене така да ми се случи срце ќе ме заболи од мака.