Се смееа демек на глупоста што ја направиле, мали биле, не требало да им се замери. Нормално дека не треба да им се замери на нив туку на родителите кои не ги прибрале на време. А искрено и не беа до толку мали, по 4-5 годинки имаа. Дете на таа возраст веројатно би требало да знае дека не смее да тегне и уништува туѓа облека.
Спомна некој евиденција на тоа кој што донел. Е и мене ме натераа да запишам кој што донел, кога правев свадба пред многу години. Кога дојде ред да се оди по свадби т.е да се враќа кој што донел фино лепо реков дека сум го изгубила списокот. Мене тоа ми е многи мизерно. А што ако човекот ми донел 100евра, а јас немам исто да му однесам, или обратно. А за децава незнам што да искоментирам. Мали се моиве не сум ги носела по комшии, туку само кај поблиски, сестри, браќа, први братучеди.
Ако од мене се бара да не носам деца, јас нема да ги носам , нивна е свадбата и тоа е тоа. Јас одлучувам дали ќе дојдам или не, Ако решам дека ќе дојдам на свадба тогаш треба да ги почитувам нивните барања , во спротивно нема да идам. Мојот кодекс ќе го наречам за свадба е следен. >Прими покана >надевај се дека ќе те собере во оделото >спреми плико со 1000 ден >иди на свадба >седни на маса со жени >искористи го фактот дека сите жени на маса се на диета и ти ќе можеш да јадеш и нивните меса и чудеса >пиј додека не лебдиш >изиграј тие спорите ора , бидејќи брзите не се за тебе >десерт >десерт од тие на диета што се> дома. За јас , ако некогаш правам свадба , ќе праќам покани и ќе дозволам деца да има , бидејќи така тие ќе трчаат наоколу и луѓето ќе се занимаваат со нив и нема да го гледат младоженецот како ја гази невестата по фустанот и се препотува од срам. А за поклони нема да се лутам ако некој ми донесе тостер или 50 ден во плико. Сепак сум ги викнал да дојдат и да ја прослават мојата љубов и среќа.
Насловот прво ви е шит...Тренд...(мода)...забрането носење деца на свадба..... Ако пишувате...Тренд-не носење деца на свадба ок е....ама мода-забрана не одат заедно....2 имав ама ова..... Може наредно наслов Мода-забрането самоубивање. А да се навратам на темата...општо менталитет роднините си одат со деца можеби и најблиските пријатели тоа е онака по ок...ама колеги обични пријатели комшии тоа е само партнерите...тоа е општонародна навика...ама ок веројатно и овај тренд потекнува од холивуд.
Мое мислење: - младите канат, кого тие сакаат, не е по своја желба поканетите кого ќе донесат со себе. Ако пишува семејство Трајковски, се подразбира цело семејство Трајковски. Ако пишува Трајко и Трајка Трајковски, но се изоставени Трајче и Трајанче, тогаш децата не се поканети и од вас се очекува да не ги носите. Ако сте навредени, не сте во можност да излезете без децата итн. соопштете го тоа на младите и кажете дека нема да присуствувате. Ама мислам дека секој сам си одлучува кој сака да му биде присутен на свадба, и не е на гостите да одлучуваат дека децата треба по своја желба да ги носат. Можеби младите биле културни и ви одбиле на некултура кога сте ги донеле, а не биле наведени на поканата.
До пред неколку години да ја видев темава, немаше да го знам мојот став во врска со истата, бидејќи стварно немав строго разграничено мислење за ова. Меѓутоа после присуство на две такви свадби на кои буквално ВРИЕШЕ од деца и колички со мали, штотуку родени бебиња дефинитивно знам дека го поддржувам ставот да не се влечат деца на свадба, освен оние од најблиска фамилија. Па ако е некое доенче од неколку месеци, и да е најблиско, не мора. На едната свадба за време на вечерата додека возрасните седеа, на сред сала ако немаше 50 деца, еве на. Така лудуваа, што уште на лустер што не се обеси некое. Трчаат, испотени, рикаат, се закачаат... Лудница! На другата свадба во салата како да беше собир на бебиња, а не свадба. Сосе колички набутани, нормално. Ама битно цела фамилија се довлекле, небитно што цела вечер ја поминаа надвор еден по еден думкајќи бебиња. Наместо бабата дома да остане со бебето, не, и она дошла, надвор цела ноќ го думка, ама битно на свадба е. За мене свадбата е еден културен настан каде возрасни луѓе се собираат во чест на двајца млади кои ја крунисале својата љубов пред законот и пред Бог. Не е градинка, не е игротека. Нема потреба никој да нагласува специјално БЕЗ ДЕЦА, треба поканетите сами да се свесни, а не да се кренат цела тајфа од дома со кучето и мачето по нив. Ем тие ќе си бидат раат макар останале само два часа, ем детето нема да покаже се што знае и умее баш на нечија свадба.
Немаат сите баба сервис за чување. Па ај ако не на поканите нека пишува- Забрането присуство за мајки со деца комплет.Само девојки и сами мажи нека одат по свадби,пошо овие другиве ја грубат и уништуваат свадбата.Шта речи, речи су сувишне...
Што вадиш реченици од контекст?! Кој рече дека жена што е мајка ја груби и уништува свадбата?! Само гледаш да се 'рчнеш некаде. Два саати ќе се снајде секој за некој да го причува детето. Не одиш секој викенд на свадба за снаоѓањето да е неизводливо.
Откако се роди малото, само на една свадба сме биле поканети. Малата беше 4 месеци, а бевме поканети кај ЕКСТРЕМНО блиски, т.е. најдобра другарка. Малата не ја носевме, нормално, ја оставивме кај мајка ми. Секој треба да се води по бон тон и непишани правила, дали некаде е во ред да се носи дете или не. Особено ако на поканата не го пишува детето, НЕ ТРЕБА да се носи... ама ако ми назначат особено да не го носам детето, или ако ми го пречкртаат, Бога ми, ќе се помислам дали да одам. Ете тој е мојот став. Инаку муабетиве колку 'дечиштата' се гнаси невидени, гремлини, чудовишта кои ги уништуваат свадбите, и треба да се затворат дома пред да изгрдат уште еден момент во животот, многу ми е глуп и одвратен. И претходно реков... има невоспитани деца, ама има и пијаници кои можат да ја уништат цела свадба со тепачки. Јас не сум имала лош момент со деца на свадба, ама со возрасни сум имала... ме гњавеле пијани луѓе, ме гушкале со испотени и смрдени мишки, особено некои кои скоро и не ги познавам, или ич не ги познавам. Сум била сведок и на тепачки, и на пијани кои стигнале до инфузии и што ли не... што толку се запнавте во децата и колку се тие невоспистани суштества создадени да уништат веселби? Генерализирате, и во ист кош ставате и воспитани и мирни деца кои не би ги ни приметиле на свадба.... Како што има лоши луѓе, има и лоши деца, ама тоа е друга тема.
^ не е поентата какви се децата, зошто невоспитано дете за секого е различно. За мене е невоспитано секое кое трча во круг низ подиум, а секаде има такви деца. Очигледно нивните родители мислат дека децата сепак им се воспитани, нели? Поентата е дека не секаде е место за дете. Колку сака нека е воспитано, во дискотека во 12 ноќе не му е место. Тогаш зошто би му било на свадба? Јас кога би правела свадба не би чкртала ничие име, туку на ниту една покана нема да стои "семејство", со име сите наведени. На тие што ми се сомнителни дека "нема да разберат", усно и културно би им кажала дека свадбата е само за возрасни. Сите сме виделе дивеења од деца, од земање храна од сечиј тањир, пиење од сечија чаша, пикање под маси, тегнење на невеста за фустан итн. Не се криви децата, туку родителите што мислат дека е тоа океј. Не, не е океј. Инаку за пијани сељачишта не е темата, и за нив имам неколку зборови.
Значи не можете да си искажете став, без притоа да им солите памет на другите луѓе како да си го живеат животот? Ццццц... Сега верувам ти е полесно откако им кажа на невоспитаните мајки како да си го живеат животот и како да си ги чуваат децата. @CameliaMiller прво скокни, па кажи оп. Тоа што сега ти изгледа како невоспитано дете, утре кога ќе имаш твое ќе ти изгледа како сосема нормално. Сериозно ли сметаш дека дете што трча (па дури и на подиум да е за време на пауза) е невоспитано? Ај, почекај, па зборувај ни за твоите На темава Не сум добила ваква дискриминирачка покана, ама доколку се случи да добијам инстантно ќе ги прешкртам од животот луѓето кои што ми ја испратиле. Не ми требаат такви некултурни суштества блиску до мене. Има начин да се каже и на многу посуптилен и покултурен начин, ова не е тоа.
Не одлучуваме,секој си знае со кого ќе си ја прави свадбата ама јас одлучувам дали ќе одам и дали ќе ги земам со себе децата или не,а притоа прашувам дали може да дојдам со деца,кратко и јасно.И плус,не одам кај далечни на свадба така да... А од кај знаеш ти дали секој може да се снајде???Пак ќе повторам,немаме сите баба сервис.Јас или одам со деца или не одам на свадба.Тоа е затоа што нема кој да ми ги чува децата.Плус немаме сите ''невоспитани'' деца, нема ни да ги приметиш дека ти се дојдени,зборам и за гости и за свадба.Порција за нив не треба зошто се мали,така да нема никаков проблем.Плус секогаш одам само кај многу блиски на свадба,нема логика да одам кај луѓе што сум ги видела два пати во 15 години. А јас не извадив ништо од контекс,ти си таа што збори дека децата покажувале се што знаат и умеат,дека испотени трчале,па уште по лустери да се качеле.Сум била на толку свадби ама нигде не сум видела вакво чудо ко вие тука што пишувате.На крај краева,и тетките и чичковците што играат на секое можно оро се препрепотени,ама тоа нема везе нели?Башка еве пример,на моја свадба имаше многу деца,ама од што беа мирни,не ги ни приметив,ама затоа имаше девојки што ми го дрпаа фустанот и на крај дури и ми побараа да им исечам парче од тулот и чипката за успомен зошто многу им се допаднала.
@ivi1987 па така де, ако сметате дека не сакате/не можете без деца - одбивате да одите. Многу е глупаво да водите есап кој, зошто и како е поканет. А веќе реков - за возрасни идиоти не е темата, затоа не ги коментираме. Не затоа што ги оправдуваме.
Да,ама е крајно безобразно да се прешкртуваат деца во поканата, исто како што е безобразно да се збори секако за деца,со секакви погрдни зборови. Плус,јас децата не ги најдов на улица,тие се дел од мене и нормално е каде јас таму и децата да ги носам со мене.
Да, глупаво е да се прешкртуваат. Ама тоа е резултат на мислењето дека и децата по дифолт се поканети, а не се. И не, не се подразбира дека децата секаде се поканети со тебе ни маж ти, искрено. Ако те канат само тебе - те канат само тебе, ве канат тебе и маж ти, ве канат цело семејство итн. За свои прослави можеш како сакаш да правиш, за туѓите се подразбираат правилата на домаќините на прославата. На децата не им е секаде место, ти чинело или не.
Не знам дали има убав начин да на родители им кажеш „не ги носете децата, ве молам“ и сите,ама баш сите да бидат ок, да не се осетат навредени. Ама па, поканиве со некакво прешкртување на деца или поима немам како тоа изгледа пааа... „иди гони се“ би била мојата реакција. Не сум човек што обожава свадби. Особено такви кај роднини со сите тетки и стринки. Смрт. Ама децата и нивната брливост.. не ми текнува да ми сметале некогаш. Дал свадба, дал автобус, дал парк,улица,кај мене дома...каде год. Поголема е веројатноста да ги толерирам нив, одошто возрасните. Мене ми сметаат оние избувливите, што ќе се размрчат, ќе се испокараат со мајките да си ги приберат децата, ко што и мајките кои викаат ли викаат по децата. Пре би нив да ги ставам во посебна просторија да се изнадерат едни на други, a децИте нека се моткаат по подиум со веселите баби и дедовци. Нека брцкаат и у тортата. За какушките и мочките... вие ќе си ги средувате. Бива? Ок.
Каде солев памет некому?! А човек па не може да си искаже став од такви како тебе кои само чекаат во заседа да се закачат за нечиј пишан збор и од истиот да направат извртена верзија на нештата која само ним им одговара. Значи уште еднаш - НИКАДЕ НЕ СОЛЕВ ПАМЕТ! Пишав мислење од тоа што сум видела, па сум донела заклучок кој е меродавен за мене! Друга работа @ivi1987, НИКОГАШ НА ПОКАНА НЕ БИ ПРЕШКРТАЛА ДЕТЕ!!! Јас би оставила на осетот на луѓето кои се поканети. Порции не мешајте, тоа е смешка да се спомне за дете!
Навистина? А ова не е солење памет? "Наместо бабата дома да остане со бебето, не, и она дошла, надвор цела ноќ го думка, ама битно на свадба"
@An-na дај жити се'. Оти јас не бев дете, немам мајка, а ни деца по дома немам. Многу глуп муабет. Да, мислам дека брканица на свадба е глупост, и на моја свадба не би сакала. На туѓа, ако им одговара на младите, океј.