Гостите ги поделивме отприлика на млади и стари, и првин младите ги поканивме, па потоа старите (тетки, баби, родители со деца итн). На старите им пративме покани и напишавме на поканата со целосно име кој се' сакаме да ни дојде . Вклучувајќи ги и имињата на децата. Тие што се со деца не известија кој се доаѓаат и се организираме околу тоа тие гости да бидат седнати близу едни до други за да можат децата да си играат. Реално, ако кажеш родителите да дојдат без деца, дали исто така пишуваш и колкав дел ќе покриеш од трошоците за бебиситер? Или уште се пишува на поканата поклон во плико?
^ и тоа со пликото е глупо. Сите треба да се свесни дека на младите им требаат пари. На свадба сум во сабота, младите имаат веб страна направено затоа што од мн. Земји ќе доаѓаат гости, и имаат оставено сметка за свадбено патување, кој сака да им уплати колку мисли Тоа ми е интересно. Исто и правење список во некој маркет, па кој што сака од списокот да им купи. Да, глупо е да носиш ламби, тањири, и сл. Многу глупо. Сами ќе си купат што им треба. Едит: до сега немам добиено покана со поклон во плико, а само минативе 2 години бев на околу 20 свадби, а бар 7-8 бев поканета но не отидов. Секаде подаруваме пари.
Тоа со сајтот е фино, кај што бевме ние на една свадба имаше сметка од двајцата и ако сакаш да придонесеш за патувањето кај едниот уплаќаш, а за купување на дом кај другиот. Тоа дека е глупо со купување не се согласувам многу затоа што сите велат дека пари ќе донесат, а после ќе треба јас едно по едно да го шетам и барам од каде па што да купам и да губам време на тоа..
Мене лично би ми засметало доколку видам премногу лични правила на младоженците, односно премногу нивен печат на една забава направена за голем број на луѓе. Сега тоа као оригинално е, така сум мислела и јас, но не. Ако сум јас романтик, меланхолик, џезер и си замислувам свадба во полузатемнета просторија дури нешто тивко и бавно свири во позадина, без деца, само со фини гости облечени строго во долги фустани и сакоа, може треба сама со партнерот да си излезам, или да викнам уште еден или два пара слични на нас па да си истераме една таква журка. Свадба не е место за тоа, посебно не македонска традиционална која ѓомити ќе ја модифицираме. Исто и со подароците, па и ова со децата. Остајте си ги оригиналните идеи како донации, кутии за свадбено патување, листи од продавници, пари во плик, грепки и слично на страна. На покана сакам да видам место и време на настанот, кој кани и кого каниш. Правила и прописи -не. Не сме тинејџери кои на тематска журка одат туку возрасни луѓе кои одвојуваат и време и пари да присуствуваат на таа забава, па дополнителни задолженија не се потребни.
Види, ти така мислиш, јас не и тоа е тоа.Јас без деца не одам нигде затоа што 5 годишно и едногодишно детр сами да ги оставам во стан да седат а јас да одам на свадба да се журкам неможам,така да ако не ми се мажот и децата поканети тогаш и јас не одам.Јас кога правев свадба канев најблиски и ги канев со деца и мажи/жени.Друштвото си го поканив со дечко/девојка да си дојдат,затоа што се дружам и со нив.Пак ќе кажам,на свадба се канат блиски луѓе,а не комшии и далечни роднини со коишто не си живееш па ајде децата и мажот/жената не,зошто многу ќе се фати за порции итн.
Ама која си ти да кажуваш дали треба или не да се канат комшии? Секој си прави како што му одговара. Секаде каде што сум одела на свадба имало и комшии од две- три куќи. И да не треба да им мислам на комшиите каде ќе ги остават децата? Ако немаат каде, нека кажат "не доаѓаме" и готово. Зборувам за 10 годишни деца, а не за бебиња.
Види,јас сега сум на свадба кај многу блиска другарка и јас најфино ја прашав дали смеам да ги земам и децата со мене зошто немам на кого да ги оставам.Одговорот беше-Па каде без деца,нормално дека и нив ќе ги земеш.Јас кога и да сум добила покана,фино си прашувам,може,супер,неможе,осанувам дома и никому ништо. А инаку,прочепкај по темава,ќе видиш за порциите за деца дека се збори на долго и широко.А,по твое искача дека ако некој си ги земе децата на свадба е без осет.
Абе кани си кого сакаш, мене баш ич не ме интересира.Ама не збори после кај стигнеш дека комшиите биле без осет и ти дошле со 1000-че и со се чопорот деца и за сите требало порција,те потрошиле...
Па ќе зборам и? Мене ми засмета што комшии со толкави деца дојдоа, а не не известија. Што? 10 годишно дете не може да го остават дома? И мој проблем како сум канела. Сфаќаш?
Епа од тоа сите си патиме. Наместо да се збори со комшиите и да се реши проблемот, по форуми се ставаат сите гости, комшии, роднини, со деца или не во иста корпа и изгледа како сите да доаѓаат на свадба за да наштетат на младите..
Како да го остават???Само???И што да му речат???Сине,ние сме на свадба,ти не си покането,седи дома од 19 до 01,и прај што знаеш само,ние отидовме на журка. А и,кого сакаш кани си,никого не го интересира.
Ако сака некој ( било кој роднина близок далечен подалечен најдалечен, комшија) да одам на свадба кај него (каде сме покаети јас и мажот ми) ќе морам сосе децата. Ако не, не одам. По кратко и по јасно од ова незнам дали е можно
Бре, бре, бре! На туѓа забава, со туѓи пари платена вие сами поставувате правила. Доколку вака некој ми каже кога ќе го викам на свадба, самата ќе се извинам што сметав и ќе ги замолам ниту еден да не присуствува на истата. Демек ваше е тоа, па мора и далечни роднини и комшии да ве викаат сите комплет оти вие така сте замислиле во ваша глава и сакате сите заедно фамилијарно да се журкате. Бог да чува! Ете од вакви луѓе стасавме до тоа да се потенцира кој да доаѓа а кој не. Кога се нема осет, се нема.
Прво, не сум мажена. Второ, јас верувам дека никој не вика само еден член од фамилијата на свадба. Воглавно се викаат брачни парови, доколку е поблиска свадба се викаат и деца. Ама вакви услови да поставуваш дека ни блиски ни далечни не смеат да те викаат без деца на свадба е крајно безобразно и немање осет. Не ја правите вие таа забава и не знаете какви им се можностите за да диктирате и наредувате кој треба да биде повикаан. Пример, далечна свадба, сигурно сопружниците ќе бидат повикани, нема да ја викнаат само жената или само мажот а да го изостават другиот. Ама деца? Деца на свадба пример кај колеги од работа или кај комшии, далечни роднини ? Зошто? Дали значи дека ако сакам да ги повикам на свадба моите пријатели треба цела фамилија да ја викнам? И свекрвата и деверот оти сите во иста куќа живеат па да не ги делам?
Види вака, јас бев поканета кај колешка на свадба, ама само колеги бевме 20 души без мажи, жени. И да не требаше да не отидам зашто не го поканиле маж ми? Што има врска ако само колеги сме биле, а? И сум слушала дека многу така само колеги биле канети пример.
@manja666 Значи едно е како јас сакам да се забавувам, а друго е како морам. Не станува збор дали имам или немам осет едноставно тоа е тоа без деца посебно мали ептен јас НЕ ОДАМ и крај. И не туку рипајте како некој за врат да ве фати и не паламудете по многу со исти па исти муабети затоа што ништо не е така како што изгледа. Јас нема да ги носам децата оти сакам да се изнервира невестата туку дека детето МОРА да биди со мене оти немам на кој да го оставам да го чува. Е сега ако ова на младенците му преставува проблем нека се живи и здрави и среќни до крајот на нивниот живот ама јас на нивната свадба нема да присуствувам.
Едно е свекрва,девер,итн,друго е деца.Башка кај нас се деси да дадат покана и на поканата само сопругот наведен.Не отиде,не дека јас се налутив туку зошто е еден вид непочитување и мм одлучи сам да не оди.
Боже, боже, ако маж ти е поканет пример кај колега и само мажи да се, треба и тебе да те води, приколка секаде. Сешто.
Епа ајде кога баш прашуваш да ти одговорам ... Јас сум пр. од Охрид со сопругот живееме и работиме во Скопје и ти како моја колешка од работа ме каниш на свадбата твоја. Јас премногу сакам да дојдам на свадба кај тебе ама на поканата си напишала Фана и Фано (што подразбира детето не ,бидејќи пишува Фана и Фано) Како објасни ми да дојдам јас на твојата свадба? М?