Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    Не стануваше збор за колеги,колешки.Башка он одлучи да не оди.Инаку последиве година ипол бил на толку свадби сам зошто јас со мало бебе не сум имала намера да одам,сФаќаш???И дај те молам откачи ми се од вратов
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не доаѓај!
    Затоа што ако те викам тебе со деца се подразбира дека ќе треба и другите да го имаат истиот третман, а јас на тоа не можам да одговорам.
    Може ни финансиски, а може ни зашто свадбата сум ја планирала со 100 луѓе а не да ми се додаваат уште 30 деца од тие 100 души.
    Ќе те повикам културно со партнерот, доколку сметате дека не можете да присуствувате затоа што децата не се повикани, најубаво ќе биде да не присуствувате.
    Ниту вие да правите отстапки, ниту јас. Ама не ниту некој да ме уценува доколку не ми ги викнеш децата не доаѓаме.
    Такви гости не ми ни требаат.
     
    На SexiLy, Mishela, DAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Ако не сакаш никој да не ти пишува, не пишувај во вакви теми. Ти кога пишуваш е добро, а друг не смее та ти врати ништо. Очигледно си жена што само прегледува како сте викнати и колку души по прослави, па затоа се ти смета, многу свилени. А да треба наместо 100 души да ти дојдат 300 и тоа непланирано, тогаш да видиме. Ај поздрав.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.357
    Пол:
    Женски
    Епа како напишав јас погоре?? Дека не би доагала и готово.Значи сепак свати фала богу, така ??? И да додадам дека јас нема да те уценам туку фино лепо ќе си прашам "manja моите деца нема кој да ги чува ќе биде ли проблем да ги носам на свадбата?“ Ако ми речеш ми е проблем бидејќи многу ми се собираат, не доаѓам.
     
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    Немам јас таков круг на луѓе(роднини,пријатели,комшии) за да непланирано ми дојдат многу повеќе.Јас поканив 100,дојдоа 70,30 се јавија и откажаа од оправдана причина.И сите беа поканети фамилијарно.Никогаш не ми сметале деца,ни тогаш кога јас бев невеста ни сега.
    А исто и ти,неможеш на некој да му пишеш-Која си па ти?Кој како и колку сака ќе пишува!
     
  6. schmookie

    schmookie Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    135
    @manja666
    Добро, да се поправам, кога те канат одиш сама или со партнерот? Или ако немаш партнер, дали носиш +1? Јас како што знам се очекува барем плус еден да планираш на гостинот. Зошто мора сите ист третман да добијат? Да не се налутат? Или да не речат нешто роднините? Па ако роднините ги познават и младите и фамилијата ќе знаат и кој со кого повеќе живее и е близок и не гледам зошто некој би се налутил од различен третман. Ако имаш гости што треба да ги викнеш од куртоазија и не сакаш да дојдат со децата, па не ги ни поканувај. Имале деца или немале, и онака ќе се налутат и онака ќе ти откажат и онака не ти се пожелни на свадба.. Па не мора сите братучеди од 5 браќа да ги каниш, зарем со сите си исто близок? Или комшиите? Разбирам кафе секој ден и близина на живеење ама според мене ни тие не се кандидати за гости. Освен ако сакаш свадба од 500 луѓе твој избор.

    @Black girl
    ова со колегите нема да го коментирам многу затоа што сметам дека свадбата е приватен и интимен настан, па канење на колеги вклучувајќи ги и оние кои не ни знаат како изгледаат младите не е во склоп на моите разбирања. Да, имам слушнато дека само колеги без партнери се понекогаш поканети, ама кога работиш во поголема фирма па и си менаџер, што треба сите вработени треба да ги викнеш?

    - за приколката, кога одат само мажи на прослава за стапување на брак, тоа не се викаше момачка вечер?

    И не одговоривте погоре, колку плаќате за бебиситер? Чисто да знам колку да им понудам на гостиве.
     
  7. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    1. Кај мене на свадба куп деца имаше си играа и немаше никаков проблем.. Глупост жива секој родител си знае дали треба или нетреба да ги носи децата на свадба....Јас се сеќавам ко бевме мали мајками ко ќе одеа на свадба имаше покани нормално со се деца и мајками кај поблиски не носеа а кај ептенн подалечни или пријатели не во зависност и колку имале за поклон ( така си мислам) ама сме биле на куп свадби и ептен убо сме си поминалее а сме биле деца..
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.012
    Пол:
    Женски
    :bow:
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Ако на некој му смета што е поканет сам, и смета дека без деца/маж/жена не може да дојде - нека не доаѓа.

    Ме канеле без дм, го канеле и него без мене - мои и негови соработници, не сме се нашле увредени се' уште.

    Ќе повторам - не е ваше кој е поканет. Ако не ви чини - не одете. Туѓа забава - туѓи правила.

    @Bridget не се согласувам. Свадбата како сакам, така ќе ја направам. И онака не ми се допаѓаат нашите традиционални свадби и избегнувам да одам секаде каде што можам да избегнам, посебно такви свадби.

    Сум била на наши нетрадиционални свадби и сум поминала феноменално.
    Ако моите правила за мојата свадба некому не чинат - нека не доаѓа.
    Очекувам да бидат свесни и да ми подарат пари (иако тоа не би го напишала во покана), а веќе сите пријатели ми се свесни дека мали деца не би очекувала.
     
    На Sesil, Emy867 и crimson им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Мнoгу свеснoст бaрaш oд гoстите a сaмa мaлку јa нудиш. Нo ве рaзбирaм, млaди сте :D уфилмaни, oбзир и oсет уште недoрaзвиени дoвoлнo (без нaвредa, сo гoдините тoa се учи) Јaс збoрaм зa гoлеми свaдби и прaвилa еден куп, не зa журкa oд 30 луѓе сo кoи леснo мoжеш дa се дoгoвoриш зaтoa штo ти се нaјблиски.
    Прaви јa свaдбaтa пo твoј вкус, нo имaј вo предвид декa нa крaј гoстите се тие штo ќе јa нaпрaвaт зaбaвaтa, кaкo и дa ти е зaмисленa тебе вo глaвa. Oсвен aкo не им дaдеш листa нa прaвилa и прoписи, a тoa е веќе нештo штo јaс леснo мoже дa гo пoчувствувaм кaкo притисoк непoтребен и дa не ти дoјдaм.
     
    На wannaBeMomma, ivi1987, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Па не сум толку млада ;) тука има мајки со 3 деца помлади од мене :)
    Не знам што е толку страшно во правилата:
    1. Дојдете тие што сте наведени на покана


    Толку.
    Бендот ќе знае дека нема порачки. Би сакала пари, ама тоа не го кажувам :)

    А дали некоја ќе носи бело итн. Не ми е важно :)

    Музиката и организацијата се мои, жал ми е што нема да се сликам на врата и да има чочеци и туѓа си бескрајно, што нема невеста од дома да зимаат и да денсаат на улица, ама тоа е.

    Скоро бев на свадба каква што јас имам замислено, на добра другарка, па заедно ја планиравме, навистина тетките немаа каде да тресат мишки пошто немаше орца и чочеци, ама младите, кои беа 80% од гостите си поминаа феноменално и младиве не можеа да ги доиспратат, на никој дома не му се идеше :)

    Нашето друштво знам дека ќе се забавува, а тие секако ми се најважни гости :)

    Инаку и јас не зборам за свадба со 30 души, туку околу 200. Само најблиските во моето и на дм семејството се 50 :D втори, трети братучеди, не би поканиле секако. И секако не би правела свадба со 500 луѓе, бидејќи замислата наша е во нашата куќа и двор да се одржи или да изнајмиме вила, сум била на неколку такви свадби и навистина ми било преубаво.
     
    На Sesil, Avery, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Дa јa исклучиш туѓa си бескрaјнo и oрoтo нa улицa и не е нештo нoвo и oригинaлнo. А зa тетките и oстaнaти гoсти вo средни и пooдминaти гoдини, биди фер и кaжи им декa зa нив музикa немa дa имa, oрo и чoчек ќе немaaт шaнсa дa зaигрaaт и декa претежнo ќе требa дa седaт, дa слушaaт музикa кoјa не јa рaзбирaaт и дa ги гледaaт млaдите кaкo се журкaaт. Тие пaк ќе дoјдaт oти имaaт oсет и oбзир кoн твoите желби, a ти вo случaјoв имaш сaмo кoн oдреденa тaргет групa.
     
    На SexiLy, victoria, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Е, шо им фали на свадбите со џез музика и придушено светло?]:)
    Па и ние, старите, уживаме на такви, аман. :D:P И децата можат во оделце, лептир машна и лаковани ципелици (машките) или а ла балон фустанела (женските) да облечат и да трчаат во ритамот на таа музика.:rofl: Чакштовише, може и подобро да им влијае на брливоста, одошто оние наши народни песни и ора:D
     
    На Sunshine_1979, WarriorAngel, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бaбa ти прaшaј јa штo и фaли нa џез музикaтa |( :D
    Женaтa штеделa пaри јaмбoлијa дa ти купи, сoнувa дa игрa нa oрo дo тебе нa некoјa стaрa убaвa мaкедoнскa песнa, ти Грин Деј пушти и.
     
    На SexiLy, victoria, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Почина, лесна и земја. Затоа и сум релакс, нема кој да кука за свадба :whew: Може и да не правам,сега. :DЗа туѓите зборам:D:D За мене ако беше, ќе мораше бендот и Месечина, месечина да ја отсвири.. и пар песни од јончета:rofl: и онаа, „во мојот двор би чувал патки и шатки, пилиња слатки еден рој“:rofl:
     
    На Sesil, Kitten, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Мoже oн ќе имa бaбa живa ]:) Мoже и две ]:)
     
    На SexiLy, joy1 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ако одиме по таа логика, на секоја свадба без оглед на музиката ќе има незадоволни гости.
    Ако нема ора тетките ќе се разочарани, ке се најде некој рокер кој ќе дреме на маса цел вечер затоа што не му е погодена музиката, на некој патриот ќе му фали душмани едно запаметете...
    Некој чичко староградска музика преферира...
    И што правиме?
    Зарем само за оние кои очекувале традиционална свадба а не добиле таква треба да бидеме засегнати?
    А што со сите оние кои не сакале типична балканска свадба па ете морале да присуствуваат на таква? Тие се помалку битни оти по дифолт се филмаат.

    Заклучок е дека не можеш на сите да им удоволиш, сепак е твоја веселба и треба да ја правиш онака како што сакаш ти, без да мислиш дали на некој ќе му се допаѓа или не. На крајот секако ќе има незадоволни од музиката, јадењето, осветлувањето или нешто трето.

    Јас мислам дека гостите доаѓаат за да прослават со младите а не за да им се исполнуваат нивни хирови на таа свадба. Младоженците се главни таа вечер, они плаќаат, они викаат гости па според тоа треба истата таа веселба да им биде пред се по нивен вкус и замисла.
     
    На AthenaAsamiya, Annath, Sunshine_1979 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ќе имаат ете пар песни да поуживаат во нив,остатокот ќе играат танго и слични работи. И дедовци ќе поканиме за нив де. Проблем ли е:$ Така фино ќе ги споиме на маси, да се размуабетат, иха.:D
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    @manja666 Млaдите, кoнкретнo рoкер некoј или џезер не мoже дa биде изненaден и увреден oти се свирaт стaри мaкедoнски oрa зaтoa штo не му е првa свaдбa нa кoјa присуствувa и не му се непoзнaти тие песни. Не е турбo фoлк, имa мнoгу убaви мaкедoнски песни кoи би рaзубaвиле еднa веселбa. Исклучувaјќи ги скрoз oвие песни, знaчи не пoчитувaш гoлем дел oд гoстите зa кoи знaеш декa пoпрвo ќе јa знaaт и ќе се веселaт нa -мaкедoнскo девoјче пример oткoлку нa нештo стрaнскo. Зoштo не нaпрaвиш веселбa сaмo зa млaдите вo тoј случaј, или бaрем измешaј, пoлa вечер мaкедoнскo нaрoднo и зaбaвнo, oстaтoкoт нештo другo. Oвa гo збoрaм зa гoлеми свaдби нa кoи имa луѓе oд 7 дo 77, дa не се пoвтoрувaм стoпaти.
     
    На ivi1987, macka91, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.249
    Сакаш да кажеш дека кон мене немаат обзир овие со лазарополе и имао сам, и моји су другови вовче?!:o
    Ја па мислев оти на нивна веселба, што им е убаво тоа треба да си пеат. :^)

    Стварно Бриџ ми ги отвори очите, следна свадба кај што нема да има бар 2-3 Бијонсе песнулки, ќе се увредам. Цел живот сум била во заблуда изгледа.


    Јас не познавам луѓе кои не ги знаат македонските шлагери, на пример. Тумбао Салса Бенд, кои се мој прв избор за музика, прават забава за секоја возраст.
    Не, не може орце, јас ќе треба да седам на моја свадба :)
     
    На Nausicaa и manja666 им се допаѓа ова.