Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    И не одете во крајности :)
    Ако не сакам ора (а не сакам и не играм) не значи дека Грин Деј ќе ми биде изборот.
    Јас на свадби кај што се вртат сите во круг ми е досадно, ниту ги знам песните, ниту па желба имам да ги слушам. Но, не сум на моја веселба, туку сум на гости, ако на младите им е тоа убаво - супер, немам ништо против.

    И да, постојат македонски народни песни кои ги сакам, ама не се свадбарски :)
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    @CameliaMiller Ти несoмненo убaвo ќе си пoминеш, тoa и е пoентaтa нели, дa пoкaниш гoсти, дa им ги земеш пaрите и дa ти служaт зa публикa дури ти денсaш нa твoите oмилени песни :D
    Џ'ст кидинг, пис.
     
    На SexiLy, LadyC, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Па тука се да ни се радуваат, нели? :?:
    Знам дека 80% ќе си поминат супер, останатите 20%... Кој како :) јас често сум во тие 20%, океј е. За мене е само уште една свадба, зс младите е НИВНАТА свадба :)
     
    На Sesil, theowndemon, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.737
    Допаѓања:
    145.159
    На татко ми колегите беа сами на свадба, не во пар.
    И тоа сами се изјаснија дека доаѓаат така. Не знам што е чудно или пак страшно.
    Јас сум била на неколку свадби кај колеги на мм и искрено не ми значеле ништо, сум била само од почит дека сум поканета. А да одеше маж ми сам немаше воопшто да ми смета.
    Ама ова е друга тема, па може модераторите да ја оделат.
    Партнерот сам на веселба

    Друго , јас не можев да ја замислав свадбата без баба ми, ма и без баба му на маж ми која има скоро 90.
    Овие две жени не пораснаа од кило мевце, се радуваат за нас, со душа го чекаат денот.
     
    На Sesil, LadyC, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Нормално! И јас без баба ми, да ми е жива и здрава само, не можам да замислам :)
    Ама нејзините сестри/браќа, не ми се блиски, едвај 3-4 пати ги имам видено. Од првите братучеди на моите, исто едвај неколку, а да не зборувам пак за моите втори и трети братучеди :) најголем дел не ги ни познавам, па нема зошто да се каниме на свадби.
     
    На theowndemon, crimson, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Едно е дечко/девојка,друго е маж/жена,трето е деца.Едно е кај колега да е поканет сам,друго е ако е поканата од близок човек а само еден да стои на поканата.И едно е да ме канат роднини што не сум ги видела три пати у живот и да ме поканат без деца а друго е блиски луѓе да ми прешкртаат деца на покана.Има од,до,разбираш?Нас не канат секогаш блиски луѓе,незнам ваљда таков ни е кругот,ама јас на многу свадби ради мало бебе не сум можела да присуствувам па мм отишол сам,ги испочитувал и супер поминал,а јас дома со бебе задоволно сум останала.
    И,како што младите си организираат свадба и си имаат правила така и луѓето кои се поканети имаат право на збор и избор,не се стадо овци па каде ги водиш,таму тераат.
     
    Последна измена: 9 јуни 2017
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Па истото како да го зборуваме, м?
    Реков дека е дебилно да се шкрта било чие име, дебилно е. На покана треба да стои кој да дојде, а не кој да не дојде.

    И те молам немој тоа дечко - маж споредби. Вака "без обврски" сме направиле повеќе од некои 20 години во брак.
    Некои после 1 година врска свадба прават, демек тие се повеќе "семејство".

    Како што кажав, вашиот избор е дали ќе одите или не, а изборот на младите е кого ќе поканат. Што е толку тешко за разбирање?
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Има разлика да, колку и да е тешко да се прифати.Кога влегуваш во брак станувате семејство,па доаѓаат и деца итн.А вака сте само во врска,без никакви обврски.
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Освен заеднички возила, имот, кредити, сметки :D
    А ако никогаш не се потпишам во матично и не родам деца, а живеам под ист покрив, нешто демек без веза сме заедно?
    Ок, нека ти биде. Јас не се согласувам дека некој со 2 деца, пасулче од матично и покрив на свекрва е повеќе семејство од моето :)

    Ич не ми е тешко да "прифатам" нешто што сметам дека е глупост. Една во рок од една година го запозна мажот, се омажи и трудна остана, и демек они се посемејство оти се потпишале во матично.
    Не.
     
    На Annath, Nausicaa и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Хелоу, ги заборавивте децата во последниве 2-3 страни...ептен офф отидовте!

    Не сум против деца на свадба! Убаво весело ми изгледа веселбата со дечиња...милина да ги гледаш!

    Случај 1: свадба на блиски роднини на мм, дојдоа да не поканат и три пати нагласија дека не канат со девојчето! Ај да им направиме ќеиф одидовме со неа (инаку многу ретко ја носам, оти ете, детево мое нејќе у кафана), влегуваме, бараме број на маса и гледам само две празни столчиња! Притисок 200, дете од 9 години остана да дели столче со мене цела вечер! Нит станав нит играв нит се веселев, издржав 2-3 саати и го спотерав мм да си одиме дома! После ми се извинуваа дека братот на невестата ги побркал распоредите, ама прошла баба с колачима...ме навредија ептен!
    Случај 2: многу блиски пријатели кога дојдоа да не поканат за свадба, од старт ни кажаа дека заради недостаток на место во хотелот, имаме покана само јас и мм, не поканија на целодневна дешаванка- по невеста и се тоа по ред, а бидејќи им кажав дека нема шанси јас да одам по невеста (на работа бев) инсистираа да појдат мм и ќерка ми! И би така, јас стигнав за веселбата а ќере битно ја виде невестата... сите среќни и задоволни!
    Случај 3: нашата свадба во далечната 2003 година - при правењето на распоредот за седење на гостите решивме на предните маси да ги сместиме повозрасните гости а помладите на подалечните со мисла дека ете младите ќе играат, повеќе ќе се движат а возрасните се постатични па да видат нешто и тие од свадбата. Но двајца мои први братучеди (од оние младите) се налутија и цела вечер не мрднаа од место и уште мрчат дека како блиска рода требало да ги ставам во центарот на салата а не во десното ќоше! Е неможеш да погодиш, посебно на 430 гости!
     
    На Sesil и LadyC им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Тебе не,мене да и така во круг.Бдв и не е темата тоа,кој е повеќе семејство,дал ти во врска или јас во брак,туку деца на свадба,за или против,прешкртуење или не на покана.Исто како што не е темата дал е правилно некој сам да оди на свадба или да го влече другиот ко приколка што беше погоре спомнато.
     
  12. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    73.080
    Пол:
    Женски
    Како тоа на моја свадба луѓето да имаат избор?? Јас правам свадба знам колкав ми е буџетот и кого сакам да поканам. АКо им одговара изволте, ако не не мора воопшто да доаѓаат. Се знае оние што ми се најблиски ќе ги поканам цело семејство, а комшиите сигурно нема да ги поканам цело семејство.

    Сега последно бев кај братучетка ми на свадба. Кај пријатели си ги имаа земено децата, комииште дојдоја исто со деца, а една од комшиите си ги имаше земено внуците. Овие луѓе ми се без осет. Да братучетка ми беше нервозна затоа што возрасните немаше кај да седнат поради децата.

    Да не бидам контрадиктрона со првото мое мислење се уште стојам зад тоа дека го има шкртнато моето дете нема ни да присуствувам на свадбата. Доколку пишува конкретно Петра и Петко се знае дека нема воопшто да се лутам што моето дете не е покането.
     
    На LadyC, Annath, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Епа што се договоривме? :)
    1. Глупаво е да шкрташ имиња на покана, а глупаво е и да одиш на свадба ако не си поканет.
    Толку, мислам дека не е баш комплицирано.

    Ни јас не би отишла ако дм го шкртнат, а не па дете, ама нема да се налутам ако пишува само Камелија и толку. Ако баш без дм не сакам да одам, нема да одам, нема есап да правам на младите :)
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Па, нели тоа е избор - да дојде или не. Што поклон ќе ти донесе. :)
     
    На ivi1987, macka91 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Па тоа е уствари единствениот избор на гостите... :)
     
    На macka91 и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    што ќе им/ми на мене повеќе. It's your party and you;ll cry if you want to. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Зборам за истото.Ти правиш селекција кого ќе поканиш,јас имам избор дал ќе дојдам или не,незнам зошто на мене ми се обраќаш.А за ова искрено првпат слушам и читам,непланирани гости.Може зошто јас немав вакви фрки.И ете затоа зборам дека не се кани секого на свадба,од типот-ојле,дојле.
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.080
    Допаѓања:
    77.056
    Пол:
    Женски
    Така си е, ама јас кога пишав дека на една свадба бил поканет само мм а он по негова желба не отиде на таа свадба а на многу други бил сам кога јас сум била поканета ама од x причини не сум можела да отидам искочи муабет дека сум била приколица.Многу безобразно и невкусно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.980
    Допаѓања:
    267.951
    Мислам дека коментарот не беше баш за мт и тебе, туку дека познаваме такви луѓе, но авторот нека си каже што мислел.
    И јас на една свадба не отидов затоа што без дм ме поканија, за моја тетка стануваше збор, дм многу и' имаше помогнато. Имаше покането др. Братучедка со маж и', кој дотичнава тетка го немаше ни запознаено.

    И' честитав на фб и и' реков дека ми е жал, ама баш на тој датум веќе со дм сме прифатиле да одиме на веридба.

    Секако, од тогаш не му дозволувам на дм да и' се наоѓа, затоа што да не' поканеше сите внуки без партнери ќе отидев, но вака беше дискриминирачки многу.

    Не се скарав, не ја замразев, се' уште комуницираме, ама на моја свадба исто ќе ја поканам само неа, без маж и' и детето :) а другите тетки со кои сум блиска семејно ќе ги поканам.

    На други свадби и дм бил без мене, и јас без него, и мајка ми без татко ми, и татко ми без мајка ми, и родителиве мои без мене и сестра ми. Нема зошто тоа да ме лути, ама "педерски" работи не сакам :)
     
    На theowndemon, Glasna, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    109.252
    Пол:
    Женски
    Вчера бев на свадба и верувам дека невестата 100пати се покаја што на поканата не пишала ,,забрането носење на дечиња,, !!!!!

    Имаше околу 20дечиња од 6месеци па до 3-4-5годинки :x секој што имал донел и дотерал да се пофали кој поубава ,,кукла,, има!!
    Ги играа во оро, ги тресеа на чочек, на ушки испокачени, ги учеа да одат, па и лазачи имаше низ салата, трчкаат, се буткаат, тегнат по фустани, влечат невеста по фустан, фрлаа цвеќиња, штипат итн итн.. родители кој си седи, кој игра во оро, кој иде по нив, кој надвор на цигарче..
    Во 12.30ч јас си заминав, едвај пола беа однесени дома, сите ги тегнеа, префрлаа од раце во раце, деца поспани, расплачени, раздразнети..
    Сликата беше очајна на свадбава во тој поглед, свадба ли беше или детска градинка, игротека! Сваќам некои немале каде да ги остават ама повеќето ги познавам и тврдам дека имаше кој да ги чува! Не ја разбирам потребата да донесеш доенче на свадба и да го малтретираш цела вечер, а да разбирам да се пофалиш :drunk:

    Колку грдо и да изгледа сликичето на поканата детенце пречкртано или буквите ,,не деца,, по свадбава комлетно го оправдувам и тој момент и утре да ми стигне таква покана ич нема да се навредам, дете дома, јас на свадба, колку можам ќе поседам, ќе направам чест и рикверц!
     
    На SexiLy, Nausicaa, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.