Не знам дали си приметила, ама на секоја покана пишува дали се поканети само родителите или заедно со децата. А сега ако некој сака да се прави паметен и да носи тајфа од деца кај пријатели или комшии е друга работа, се си зависи од културата тоа.
Taka e....Pa i tie se raduvaat bez razlika sto se mali koga ja vidat nevestata ili slicno..Ama sega vo ova vreme se im smeta gluposti mislis deteto na nivnata masa ke bide ili pak koj znae sto ke prave...dete kako dete ke si najde drugarcinja i so niv ke si bide
Па не се сите деца немирни, родителите треба да си проценат дали е или не е детето за на свадба. Ама пошто очигледно родителиве сите мислат дека детето им е воспитано и мирно - а не е, младите бараат начини како да спречат деца на свадбите. Истото го мислам, ни јас не би сакала деца кај мене на свадба. Инаку на моја братучедка свадбата, на сестра ѝ детето имаше 3 години, беше присутно преку ден кога ја земаа невестата итн. а вечерта во ресторанот не го земаа. Поблиско од тоа амин, ама многу пргаво дете е во прашање, ни мајка му (сестра на невестата) свадба ќе видеше, ни кој било од семејството, и онака сите по него трчаат. И, секоја невеста и младоженец си одлучуваат што сакаат на свадба. Не е на вас да им кажете како треба. Нивна свадба - нивни правила.
Лично сметам дека на децата не им се ни оди на свадба. Тоа што трчаат, скокаат, се вртат, изигруваат принцези е од досада, па супер ако има уште некое дете да се занимаваат, инаку свадбата не е нивен избор за забава. Дете не ти сака свадбени протоколи од чекање ред да се слика со младите, до гледање на свадбен танц, па играј оро, па седни, па пак играј, па време за вечера. Инаку на мојата свадба скоро и да немаше деца, а тие малку беа дициплинирани, па не ги почувствував. Беа поголемки, во смисла прво-второ одделение. Конкретно кума ми си ја донесе ќерќичката која е смирена, мирна, додека момчето тогаш две години оправдано остана дома, бидејќи е премногу немирно. Инаку се сложувам дека пречкртување деца на покана е многу радикален чекор и прогласување на истите за персона нон грата и целосно ништење. Од друга страна аздиси, при јасно наведување на имињата на брачните другари на поканата, со носење на деца, внуци, па и барање екстра порции е безчуствително и крајно безобзирно. Среќа, па немав такви, ама па и немав многу гости кога ќе размислам за да очекувам некој испади сите ни беа добро познати.
Pa vase e toa.... ama podobro deca odkolku sto bev na edna svadba iznasednale starci dobro imase i mladi ama toa drugoto ne mi se dopagjase.....
Јас би викнала само млади и најблиска фамилија возрасни. Значи - тетки (сестри на мајка/татко), чичковци и вујковци (браќа на мајка/татко), кумовите кои ги венчале моите, и нивните најблиски пријатели, со кои и јас сум блиска. Сѐ на сѐ тоа се “старите“. Евентуално баба ми би си ја земала, без неа ништо не сакам, ама само да ми е жива и здрава. И пак “старците“ повеќе ќе се израдуваат него 3 годишно дете, биди сигурна, за разлика од децата на старите тоа им се баш ретки прилики да излезат од дома и да се повеселат, башка знаат што се случува, за разлика од децата. Останатиот дел од гостите би биле на дм најблиското семејство и пријатели на неговите, и сите останати наши пријатели и братучеди со кои се дружиме. Без деца.
Е ако де, ако ти е убаво - зошто да не Ама на тие што не им е - нема потреба да ги осудувате. Секој си има своја замисла за тој ден, а на сите млади им е најважен ден
Таман работа не осудувам секој си праве како сака...јас го кажав моето мислење...Неможе секој да мисле како мене....
Се согласувам со @CameliaMiller за првото мислење. Нивна свадба, нивни правила. Секој нека си ја направи свадбата како сака. Јас не би се навредила ако утре децата кои се се уште мали не ми се поканети и е забрането нивно носење.
Taman rabota ne da se ljutam toa si e nivno dali ke mi gi kanat decata ili ne..jas si kazuvam ja mene kako bi napravila..sekoj si pravi kako saka ....
Јас не го прочитав твоето мислење и ова што го напишав не се однесуваше на тебе туку лично мое мислење. Одкако си ме цитирала прочитав што си напишала претходно. И ОК е. И јас на моја свадба би поканила деца но не би се навредила ако не ги поканат моите, да не се повторувам.
Недоразбирање. Ги прочитав двете мислења на Камелија, но не и вашата дискусија, па реков да напишам мое мислење па потоа ќе ги прочитам и останатите. Влегов во темава со цел да си напишам мислење па подоцна да ги прочитам останатите бидејќи се брзав, а го видов мислењето на Камелија па затоа и ја означив. Следен пат ќе ги читам и останатите мислења за да не настане недоразбирање. Инаку @EraBon гледам дека го делиме истото мислење само поинаку напишано.
I jas da se izjasnam na ovaa tema Ne samo zabrani za deca nego I bi vovela na toa pokanite i te kako za dress code Ich ne sum za nosenje deca po svadbi(mali deca),dal sme kaneti so dete ili ne jas ne ja nosam mojata(ova vazi za kaj prijateli,podalechni rodnini,komshii I itn)kaj sestra brat toa se podrazbira deka decata odat u komplet so roditelite..
Кај поблиски личности нормално дека ќе ги однесам децата. Што се однесува до порциите, никогаш не сме побарале порции за децата. Јадат од тоа што ние го јадеме. Не сакам на луѓето да им правам трошок. Децата секогаш ги пазиме. Не дозволувам да трчаат низ сала, па да направат некоја белја.
Деца на свадба не ми сметаат доколку родителите си ги држат мирни и до себе на почетокот на свадбата кога на првото танго се обидува фотографот да направи фотографија која ќе остане засекогаш (нели има сега дим, меурчиња... па дечињата нормално трчаат по нив).
Мене ме нервира кога одредени гости ич не ги пазат децата. Си седат или се фатени на оро, а децата беснеат низ сала. Затоа можеби некои не сакаат деца на свадба.
На првиот танц во ресторанот децата ме фатија за рака и ми ја влечеа кога одев кон мм и фустанот ми го фаќаа После ги прибраа