Сигурно им било мерак да бидат до невестата. Ама родителите треба да имаат осет. На мојата свадба децата се плеткаа меѓу гостите додека играа оро.
И брат ми беше меѓу нив. Јас децата не ги ни приметував освен ако не дојдеа до мене да играт. Ние имавме една мини бина на сред сала и таму игравме младите, ора само на почеток игравме. А другите нормално си играа ора околу нас. Голема беше салата и за сите имаше место
Се зависи до децата. Има и такви што се бесни и само гледаат да направат белја. Сум била и на такви свадби.
Деца на свадба само на најблиските, други деца не сакам. Бидејќи знам многу родители што не се замараат за нивните деца. Не дека ми сметаат децата ама не сакам да се пикаат под маси да трчат во орото... Бев на таква свадба и многу беше незгодно, цело време пазиш да не згазнеш некое дете.
Деца на свадба не доколку родителите не водат грижа за нив. Кај мене на мојата свадба откако подолг блок бевме на оро и главната маса била празна зеле кинеле декорации правеле рачиња со торта нацапани на бело-беж чаршав.Ужас. Ама тој што ги пазеше намерно ги мотивирал така бидејќи не добил екстра виски и апетисани од дома што носевме кај него на маса.
Од невоспитани деца и од невоспитани родители што не знаат да си ги приберат децата ми е преку глава. На мојата свадба кога го поведував првото оро неколку деца ме сопнуваа, ми го газеа фустанот и слично, а таткото и мајката си зеваа на страна. Значи, ми го расипаа тој момент некои такви дечишта. Катастрофа. Затоа ако на некои децата им се немирни, нека си седат дома.
На мојата свадба свекрвата згазна едно дете играјќи оро. Ама родителите беа виновни. За мајката ок. Беше на оро. Ама таткото седнал и си ужива.
Кај мене имаше дечиња доста и воопшто не ми сметаа. Баш на прв танц на снимка ги приметив како трчкале околу нас, ептен ми се слатки. Како пчелки се. Но потоа си приметиле родителите, си ги прибираа. Кога бев пак на друга свадба кај најдобра другарка, имаше едно прцулче мало и ја тегнеше за фустан невестава. Го земав во раце, ја прашав кај е мајка и да ја однесам. Женава само ми се насмеа не одмина, демек чувај ја малава да си играм јас. Самите родители треба да се свесни дали децата им се за носење ( не само за свадби) или да ги причува некој. Ако се темпераментни, нема носење и крај.
Неќу неваспитани деца. Ако моето е беснотилак не би го носела на свадба. Нема потреба никој да ме пцуе а и не сум тип кој што може да ужива и пијуцка дур детето се качуе на глава таму негде. Значи ќе треба да трчам по него насекаде. Не фала. Сеуште е мал и сва среќа сега за сега не делува како такво дете ама не знам што ќе биде понатаму.
Со деца на свадба, ни свадба нема да ти се види како што треба. Мора да внимаваш на нив. Без деца е поубаво. Ќе уживаш. Ама не бива кај блиски личности да не ги однесеш. На последнава свадба каде што бевме, децата ги пазеше свекорот. За да можеме јас и маж ми да поиграме. Остатокот од свадбата си ги пазевме јас и маж ми. Ама ме изненадија. Не беа бесни. Повеќе време поминаа седејќи на стол. Или кружеа околу нашата маса. Треба да се прочита меѓу редови. Ако на поканата ги пишува само имињата на родителите, треба само тие да отидат. Друго е ако отпосле се напомене да се дојде со деца.
Деца на свадба само кај најблиски роднини! Има безобразни родители,ќе седнат,а детето ќе прави 1000 бељи и око не им трепнува.. И зошто, тие деца да ми го упропастат најубавиот ден во животот? Значи,родителите ако имаат малку мозок нема да ги донесат малите деца на свадба. И тие ќе бидат релаксирани,а и на невестата и зетот нема да им се крева косата и притисокот!!! Значи мали и немирни деца само кај најблиските,таму каде мора!
На една свадба ми дојде мало детенце и околу 2 саати седеше со мене. Јадевме заедно на вечерата, оро игравме, шетавме, и цело време си викам ај го гледаат веројатно родителите дека е тука со мене, па не го земаат. Ама јас ниту го познавав детето, ниту родителите. Со него муабет си правевме, не сакаше да си оди, му викам да не те бараат, каде седиш, ама не и не, детето сакаше со мене. И после за сечење на тортата дојде една жена го зеде со убаво, нејзино било. Ни здраво ни чао не рече. И ден денес не знам кое е детенцето, ниту родителите. Безвезе, ама жал ми беше и за малото.
Немирни деца не се носат ни кај најблиските. Зошто да им го уништат денот? Ако ви се најблиски не значи дека е сѐ дозволено. Но, децата не се виновни, виновни се родителите кои не ги воспитале... Како ќе си го воспиташ, такво ќе ти биде.
Кај и да носиш дете, треба да си го пазиш. А не да го оставиш да прави што сака. Ако треба нема да станам да играм, ама децата ќе си ги пазам. Не сакам да уништам нечија свадба. Порции за децата не порачувам. Нема потреба. Јадат од нашето јадење. Ако ме поканат без деца, а нема кој да ги чува, нема да отидам на свадбата.
На последнава свадба кај што бев имаше многу деца. Некои трчаа цело време низ масите, па играа оро 5-6 деца фатени у ред, до нив мајки, баби, тетки шта год им беа, каша попара беше. Најгрдо ми е ко ќе земе некоја жена бебе в раце и ќе се опне на оро, па ја треба да ја држам неа под рака. Треба да се поведе рачун за деца на свадба. Не викам да не ги носат, ама осет луѓе, осет малку треба.
Дете на свадба не би носела, во април бевме на веридба каде што сме старосватови и имаше деца цело време трчаа се буткаа. Син ми не го однесовме не затоа што е немирен туку затоа што е дете од 4години и ќе сакаше да трчка цело време. Имаше едно девојче од 3години дојде кај мене и заспа а мајката, комшивка на зетот беше премногу зафатена со играње на стол и нималку не се потресе што детето и спие кај непозната жена. Дури после еден саат дојде бабата на детето и го однесе дома да спие. Мене не ми сметаше ни малку бидејќи обожавам деца ама на некоја друга личност можеби и сметала. Сега во септември е свадбата и син ми пак нема да го носам, бидејќи ќе треба цела вечер да трчам со него и само ќе го измалтретирам. Се знае деца за каде се
Последниве неколку свадби на кои одам не сум видела многу деца, само најблиските.. На мојата свадба имаше доста дечиња ама јас сакав да има, ми носеа фустанот, фрлеа цвеќиња кога излегувавме... Јас лично не ги носам децата, бидејќи ми се "терет" не може на раат да се игра, треба по нив цело време да се трча, па да се пазат. Овој викенд деверот ќе прави свадба, па како ќе сум со децата којзнае, нема на кого да ги оставам инаку не доаѓаше во обзир да ги зимам...
Не одам на свадби кај што ме поканиле мене и муж ми, а не и ќерка ми. Ние тројцата сме семејство. Ако некој мисли дека некој член од нашето семејство е помалку важен, немам јас што да барам кај такви луѓе. Ако јас одлучам да не ја понесам, а веројатно ќе одлучам, тоа е друго, ама битно ми е да е поканета. Од друга страна ме нервираат тотално родители што си ги носат децата на свадба и ги пуштаат кај сите гости, па овие досаѓаат, и го газат фустанот на невестата, невоспитани се. Ако ја донесам ќерка ми на свадба, гарантирам дека никој нема да има проблем со неа. Другарка ми кога се мажеше во ресторанот имаше како со мала ограда заграден дел од околу 20 квадрати да речеме,кај што имаше играчки, една лизгалка и си доплати за тоа, за децата да можат да се занимаваат тука на видик на родителите, а да не сметаат. Не сметам дека е претерување. Затоа што доколку плаќаш за мене порција за храна, место во ресторанот и така натака, треба да си оддвоиш да платиш за сите гости, неизбежно е едноставно, пошо толку се на број гостите, а децата спаѓаат во број на гостите.
Не се работи за бројот на гости. Се работи за родителите кои мислат во игротека ги однеле децата па не се ни умарат со нив. А реално не одиме на свадба да ни се качува на глава туѓи деца нели...
До сега на секоја свадба кај што сум била сум го носела и детето зашто сум немала кој да ми го чува .Ама среќа секогаш е во моја близина и мирно е ,така да не досаѓало на никој . Ми се допаѓа многу на некои места каде има посебно дел за деца ,со неколку занимации за нив ,но сепак доволно да им го задржат вниманието .