1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    За мене суптилен, несуптилен начинот поентата е таа, децата не се пожелни од која и да е причина.
    Не сум видела уште покана со дете прешкртано, веројатно сега кога го имам ќе почнам такви да примам. :D
    Ама, да, не е убаво, му доаѓа ко со куче на врата кога има, забранет влез за кучиња, а ете, веќе имаше начин да се каже дека без деца е поканата, научени сме си па од нашите.
     
    На eloves, cresa-jagoda, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  2. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Јас сум со мало и ако нема кој да ми го чува не сум одела на свадба по секоја цена бидејќи сметам дека Денешнава младина е недоветно воспитана за свадби. Ете на мојата свадба на крај ги кинеа цветовите од декорациите на главна маса,а да не коментирам едно мало маШко насскано од тетка му на мм да фати бидермаер за син и Вечит ерген дека растури кеиф на сите женски што кипеа за бидермаер-фрлањето(facepalm).
    Сега да ја правам пак свадбата па не би навела без деца туку како Реинбовка што навела име на Мајка и Татко и се подразбира без тоа малите бељаџии. Ова е мое лично мислење не сакам никој да се најде увреден. Инаку за поклон во плик не пишувало во моите покани, аи да пишуваше не верувам ќе почитуваа многу,па добивме разни глупости кои биле подарени па се наменети да бидат подарени.:puke:
     
    На Elen4e_sonce, TashSefton, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Ние кога правевме свадба, од моја страна јас ги пишував поканите и само со имиња, а не фамилија ...Зашто ако напишеш фамилија таа и таа, тогаш сите ќе се довлечат со 10-годишни деца. Е сега, мали деца не ми сметаат, ама 10-годишни комшиски деца, па уште ми дошле со плик од 1000 денари и порција му плаќаш би ми сметало искрено. Кај нас имаше две фамилии од комшии што си им пишал име само на поканата, a не фамилија... и дојдоа со по две деца возрасни со 1000 денари во плик.
     
    На Elen4e_sonce, Luna91, celineparis и 3 други им се допаѓа ова.
  4. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Не мислам дека е баш ова најново. Кога бев дете пред, пред едно 16-18 год. први братучеди од татко ми (ова не го пишуваше на поканата, ама усно му беше спомнато) во смисла дечињава бидејќи е мало местото подобро е да не ги носите. Е, ОКej донекаде бидејќи ајде ќе речиш можи да нема столови во ресторанот и сл. Но, некултурно и крајно глупаво е да ги пречкрташ децата во поканата. И како (ја гледав емисијата на Алфа тв) на поканата прешкртани, миксер, правосмукалка, машина за перење и сл. (демек само поклон во пари). А, зошто тие што прават свадба не мислат дека не секој може да му даде поклон во пари. И у осталом како што ќе однесеш, така и ќе ти вратат (Честа со чест се враќа). Јас знам прв братучед и неговата сопруга "Илјадарчето" и пријатно (како што тие велат) му е најголем поклон на свадба, кај ептен блиски пријатели. Е тоа, според мене е малку безобразно во најмала рака (бидејќи со 1000 денари поклон а, на домаќинот твоето присуство го чини 2000, 2400 ден). Е, сепак ова е безобразие. А, инаку кај подалечни едно сервисче од 300 ден. ќе му однесат. Значи, кога одиш на свадба сосема праведно е со поклонот (без разлика дали паричен или непаричен) да си го платиш јадењето и една чиста илјадарка да му остани на тие што прават свадба (поклонот-платените порции = 1000+ ден. во зависност од блискоста). Јас инаку се раководам од оваа математичка формула. Или, воопшто не оди на свадба.
    А, место да купуваш цвеќе парите да ги оставиш во кутија за донации е сосема исправно од секој аспект.
    Тоа, за грепки место цвеќе не ми е баш јасно (што вечерта место младенците да ****, тие треба да гребат :D:D:D). Малку невкусно од моја страна, ама тоа е.:)
     
    На eloves, Lolipop23, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Јас сум ја носела два пати малава,во ситуација кога немало кој да ја чува. Во принцип е многу мирна,но и јас ја држам цело време со мене,не дозволувам да пипка каде што нетреба и да растрчува низ сала,затоа што сметам дека е некултурно да дозволам да ја "прескокнуваат" луѓе. Таман работа да нарачам порција за две годишно дете......
    Јас не сум против носење деца по свадби,но тие родители се должни да ги чуваат,а не тие си се веселат, а децата пуштени ,што сакаат да прават. Освен тоа има случаеви каде ги гледаат дека растураат и прават бељи,а нив мува не ги лази,си отишле да јадат,пијат и веселат , па макар и цела сала да ја растурат нивните деца.
    Јас би се навредила ако ми пишат да идам без дете и не би отишла на таа свадба,оти сама сум свесна и одговорна,нема потреба друг да ме упозорува и да ме прави човек без осет,како ја самата да незнам,па тие ќе ме учат што да правам со моето дете!
     
    На eloves, cresa-jagoda, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.821
    Пол:
    Женски
    Мн очигледно е дека свадбата пре ја правите за парите и поклоните него ли ради присуството на блиските :) Во спротивно не би ви било битно кој колку донел.Свадба е да се одбележи денот,да се прослави една љубов,нов почеток,стварно не разбирам како споредувате колку сте добиле колку сте дале.


    Со дете само еднаш сме биле на свадба кај мн мн блиска фамилија.Не практикувам да ги носам дури и кога се поканети бидејки брзо им здосадува и се уморуваат.Така да ако има кој да ги чува ги оставам.

    Не се лутам ако не бидат поканети,тоа е одлука на домаќините.Си знаат колку можат и колку гости сакат да имаат.Но некој да потенцира НЕ ГИ НОСИ не е вкусно баш.Горе доле секој родител е сам свесен каде треба и може да земе дете а каде е вишак детето
     
    На WarriorAngel, azelea, JuLleE и 34 други им се допаѓа ова.
  7. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Да, да ти кажат не ги носи децата е невкусно, ама и невкусно е гостите да се безобразни. Сум бил на свадба каде порцијата за дете (за дете мало цела порција зема и со се чинија си ја става во најлонче и во количка-количка за возење мало бебе). И да, свадбата е за прославување нов почеток, прославување љубов, а не за гости кои се лутат дека песната што ја нарачал музиката пропуштила да ја испее. Затоа, по најнова мода е и да нема нарачки од страна на гостите до музиката.
     
    На Dadusicka, Victorian, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.821
    Пол:
    Женски
    300 људи 300 чуди викаат
    Зборуваме општо не за поединци кој ти или јас ги знаеме
     
    На ivi1987, eloves, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.621
    Досега не сум добила таква покана, ама доколку во иднина ја добијам нема да одам воопшто или само маж ќе пратам...
    На мојата свадба имаше две девојчиња, едно од моја,едно од страна на мм кои пред да влеземе одеа пред нас и фрлаа листови од цвеќиња...Потоа се вртеа околу листовите, трчаа,играа со мене на средина... И други дечиња имаше, сите си беа мирни... Полошо е пијан сват отколку дете
     
    На WarriorAngel, ivi1987, eloves и 15 други им се допаѓа ова.
  10. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Па, така де :)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.008
    Ова со грепките... сега пред некој ден дознав дека на свадба се паднал чипот т.е. Киа-та. Па лично мене и те како би ме израдувало, ако навистина ете кола добијам од грепка. Ама и ако знам дека јас сум ја поклонила таа грепка ќе се "изедам" од мака:wasntme: :rofl:
     
    На ivimis, Dadusicka, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.688
    Допаѓања:
    322.243
    Не носам деца по свадби,ама ако некогаш добијам покана со таква напомена нема да одиме и ние.
    И тоа нема да им јавам дека нема да дојдам за да им зафатам места и да немаат време да поканат други на наше место.
    Мене би ме навредила таква напомена,би се чувствувала како безосетен гостин.
     
    На JuLleE, ivi1987, eloves и 17 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Најмногу бев лута кога едни роднини ги поканија моите а мене не ме поканија, без деца ќе била свадбата. Плус блиски роднини :!: Сега ако некој не ми е ептен близок, се молам да не ме кани на свадба. Па деца најмногу се радуваат. Овие идниве младоженци планираат деца да имаат? Се помодарство. Јсс на мојата свадба нема да ставам ни поклон в плик, ни било какви грепки, букети, донации за хуманитарни организации (пошо ајде да се покажеме демек дека секој ден сме хумани), а најмалку да забранам носење на деца. Најголема радост ќе ми биде да ми дојдат на свадба дечиња кои и те како често ми го прават денот поубав :) Ама нив експлицитно ќе си ги поканам. Реин е во право, така од секогаш било, со име и презиме или со фамилија.
    Икрено ми се сврте од кометарите кој колку ставал во плик, кој што однел/донел.
    Свадба е огромен трошок, како и да гледаш. И за оние што прават, и за поканетите. Никогаш нема да погледнам колку ми донел некој, ниту да приговорам. Секој одделил колку можел, колку имал и колку му е ќејф.
     
    На WarriorAngel, JuLleE, ivi1987 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас се нервирам кога не ги сакаат старите на свадба. Жал ми е и не сакам да се чувствуваат непожелно само заради годините. А знам неколку свадби на кои што напоменато беше старите да не доаѓаат на пример цела фамилија е викана освен старите, ептем невкусно ми беше.

    Инаку како дете ако не беше ептем блиска свадбата и јас не одев одеа само мајками и таткоми, ама некако невкусно ми е некој да ми напомени без децата, ако имав деца и јас не би отишла.
     
    На ivimis, WarriorAngel, ivi1987 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не е нов тренд, ова си постои од порано.
    Се знае...Кај близок одите цело семејство, и деца, и стари, и баби....Кај подалечни, само двајца.

    И јас кога бев мала се лутев зошто не ме викнале и мене на некоја свадба, ама кога ќе размислам па што барам да одам на свадба кај колега на татко ми?
    Ни знам некој, ни познавам, ко од Марс падната....Ни тие ме знаат, ни пак некогаш ќе ме видат и џабе порција ќе трошат за мене.

    Кога си кај поблиски роднини сосема е друга ситуацијата.
    Повеќето ги познаваш (барем од по таа страна што си поканет), па ќе си ги најдеш братучедите, па ќе трчаш низ сала, па ќе се плеткаш низ возрасните....Абе радости.

    Ама кај подалечни, не ми фаќа паметот и тотално ми е несфатливо.
    Плус на некои младоженци толку им дозволуваат финансиите за порции, и ајде сега ти со двете деца гратис појди.
    Треба осет.

    Баш ми текнува на една свадба, си ги донесоа двете деца непланирани и си побараа за двете порции (facepalm)
    Децата по 7-8 години најсила нека имаа, и немаше шанси да ги изедат цели порции, ама таткото се напна башка да им донеле :x
    А можеа една порција да делат...И така не беа планирани.
    Осет нула.
     
    На Ena05, SummerGirl, Dadusicka и 22 други им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Ова е и од порано не е од сега. Така прават заради порциите да не плаќат за децата. Деца како деца повеќе ќе си играат камоли да јадат, па зошто да плаќаат порција + некои немаат толку финансиски средства.
    За поблиски роднини ај ама за подалечни роднини не. Не треба мислам децата да одат осет треба да имаат како што кажа членката погоре.
    Само не ми се допаѓа да пишуваат на поканите деца НЕ.
     
    На sj *O*, Luna91, AURUA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Целта на церемонијата свадба е склучување на брак односно формирање семејство. Значи следствено на тоа се деца. Скроз ми е контрадикторно да неќеш деца на свадба. Имаш гости и гости во ред е, не си со сите толку многу близок ама има случаи каде и на доста блиски им се велело без деца. Океј е, децата се гласни ќе ти се качат на глава понекогаш ама децата се најголемо богатство.

    Крајно безобразно е тоа според мене, али не ме чуди ништо повеќе народов е реалативно алчен и беозобзирен. Како што заклучи @joy1 сите прават свадба за да си ги извадат парите и да се покажат пред комшиите, не зашто уживаат во прославата.
     
    Последна измена: 27 мај 2017
    На JuLleE, eloves, Waka-waka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Од линкот во првото мислење:
    upload_2017-5-27_17-48-23.png
    Ако добијам ваква покана нема ни јас да се појавам.
    Да се блиски роднини, се знај одиме сите, се сакаме, се почитуваме. Ако се далечни се подразбира дека се одат двајца, ама дете да има прешкртано на поканата, абе и деца да немам не знам дали ќе одам зошто се виде колку им е важно присуството.
     
    На WarriorAngel, eloves, Alianna и 8 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Следно шкртнати гостите.
    Само :cash::cash::cash: останато.
     
    На azelea, НаталиЛили, eloves и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    И јас баш за тоа велам. Сега сите ако ги понесат своите поголеми деца непланирано и порции да бараат... Некои си планираат. Еве кај нас на свадба комшиски 10-годишни деца повлекле со 1000 денари во плико. Некој ќе рече не е за парите, ама не сакам па да ме прави будала. Што бара комшија цела фамилија да доаѓа кога се поканети двајца од куќата.
     
    На Victorian, SummerGirl, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.