А кога ќе сфатат родителите дека тоа што нивните деца може се центар на нивниот свет, не значи дека тоа важи и за останатите, и тоа што нив им е препрепренајслатко што нивниот Григоријан цела вечер трча, урла, бутка чинии, тегне чаршафи и си игра со нечиј телефон што го собрал од рандом маса и пика раце во тортата не значи дека и на останатите им е тоа исто толку неодоливо. И не знам како не ви е јасно дека малите деца ниту ја доживуваат свадбата на ист начин како возрасните, ниту пак уживаат во неа (дури можам да кажам дека им е тормозење), едноставно им здосадува по 15-20 минути, затоа и праат бељи, и дека единствено вашето его ве тера да ги мкнете со вас. (они мене без деца ќе ме канеле, како не им е срам).
Јас не би сакала БИЛОКОЕ и БИЛОЧИЕ дете на моја свадба да прави хаос.Ма ничие дете несакам да беснее. Од брат-сестра деца мили се, ама несакам хаос на денот за кој се спремам со месеци, планирам, правам китенки, цепидлачам за менито, бирам со денови китенки....се со цел на себе и на гостите да ни биде совршено убаво спремано ( мислам совршено , секој за себе си има слика). Извинете ама забавата ја приредувам за гости ама во моја чест. На свадби сум гледала случаи кадњ невестата со момчето го играат свадбениот танц, околу неа трчаат бесни деца. Деца под возраст кога на свадба можат да седат мирни, не се за водење.
Моите деца не биле сеуште на свадба. Нема ни во блиска иднина. Со исклучок на големата која присиствуваше на нашата свадба. Кога ќе ги однесам ќе кажам дали фустани тегнеле, по маси шетале, раце во невестинска торта брцале или нешто друго што не ми паѓа во моментов на ум. Не знам што и менува зборот лудува на невестата ако некој ете дошол и ја шлапнал тортата. Добро не лудували.. Си седело цела вечер мирно, и само тогаш станало и брцнало во тортата. Сега е подобро.
Зборевме за свадба а ти ги спомна твоите како се однесувале во ресторан сакајќи да направиш споредба. Не знаеш како би реагирале, точно. Баш така, не го примети никој детето да лудува цела ноќ, само си дојде по торта.
Да бидејќи рече си плаќаат порција, во смисол не треба некој да има преголеми очекувања. Порција се плаќа и на други места, не само на свадба, па одговорноста за дисциплината на децата е сеуште на родителот.
Ние бевме лани кај старосватовците на свадба.Ја носевме и ќерче, една недела пред 2 години.Бевме без покана и поима немавме дали треба да ја носиме.Ама бевме дојдени само за свадбата на 3 дена. Отидовме во собата на младоженците за да ја види невестата.Малата малку се подисплаши. Свадбата не беше уште почната. Ја седнавме до нас некој 5 минути и и беше досадно па мм отиде и ја однесе дома.Не дозволвме да уништи нечија свадба.На нашата маса имаше еден пар со бебенце некое 4-5 месеци родителите само се менеа во држањето.Поседоа 1час и си отидоа. Значи сепак треба да се има осет од страна на гостите.Ако знаеш детето е темпераментно подобро остави го дома или не доаѓај на свадба ако нема кој да го чува или нека оди само еден од партнерите. Мене секогаш ме носеа на свадби како најмало дете од другарските деца,ама бев многу мирно дете искрено многу досадно ми беше и ми се спиеше
А каде реков дека штом си платиш порција значи дека може да си ја оставиш културата пред врата? За дете збориме што истрчало за секунда по торта. Не значи дека има неодговорни родители. И да, штом е забава во која гостите одделуваат и време и пари да ти направат чест, може малку треба да се намали со доживљај на кралица.
Ништо не рече ти, уште малку и не ни дискутираме... Дали кралица дали принцеза сеедно. Може некој сакал баш оваа вечер да се почуствува прв и единствен пат во животот баш така. И на сите не им е сеедно. Некои ги има повредено некој сличен момент.
Не се сомневам. Тешко е да најдеш некој кој само ќе се насмее и ќе продолжи да се забавува, за другите веќе знаеме.
Значи сите се согласуваме дека не би сакале невоспитани деца да дивеат на свадба. Но не е фер заради невоспитани деца да не бидат поканети и деца кои се културни. Пример, ќерката со нас била на многу свадби досега (поканета, секако) и ниту еднаш не направила некаков проблем. Ниту трчала по невести, ниту тегнела нешто, ниту пак за неа некои специјални порции се нарачувале. Мирна е и се радува на свадби. Сака и да игра. Се радува на фустан купен претходно и едвај чека да го облече. Ама и јас сум свесна дека ако нешто прави што не треба морам да реагирам. Да брцне во тортата, дури и невестата да се смешка, јас мислам дека ќе потонам во земја. Но една работа не смееме според мене да заборавиме. Сепак свадбата ја правиме и за гостите. Затоа што ако гостите не се весели и не играат, џабе свадбата на младоженците - ако подиумот е празен. Барем јас така се секирав дали на другите им е убаво. Башка да делиш кој ќе поканиш со дете а кој не - особено ако се "исти по блискост" малку е шкакљиво. Затоа мислам дека лично би се оградила од моментот да не канам деца, ама пример би кажала на некој друг близок да внимава на детето - не на родителите. Пример, ако хипотетички братучед ми е помал и е "потенцијална хаварија" би кажала на сестра ми да го потпазува да не направи некоја беља.
Абе ако си малер и ниедно дете да немаш на свадбата пак некој возрасен ќе се опијани може се да ти зезне.
Mislam deka e fer dokolku nekoj ne saka deca na nivnata svadba. Nema shto da se lutish-tie organiziraat, niven den, nivni pravila.
Прв пат ја гледам темава а и прв пат слушам за ваков тренд во Македонија. Јас мислам дека нема потреба да се обвинуваат родителите за однесувањето на децата, бидејќи малите деца, кои не разбираат и не зборуваат се многу тешки за контролирање. На таа возраст 3/4 годинки, кога одат децата, кога откриваат нови работи, кога не ги држи место, родителот треба постојано да трча по него, да го гледа да не прави глупости, да гледа да не фаќа нешто. Со самото тоа, родителот нема да може да ужива во свадбата. Вниманието ќе му биде насочено кон детето. Затоа јас мислам дека деца до таа година, па и поголеми не треба да се носат на свадба. Јас сум била сведок на свадби каде што деца имаат направено такви ситуации, да родителите имаат пропаднато во земја. Дете мало се пикна под фустанот на невестата, друго дете од тоа корпата што собираат пари, ги зема париве и ги фрли на земја. Дете гаѓаше со пирошка од едниот крај на салата, до другиот крај на салата. Дете 11 годишно, на свадба, бидејќи не му дадоа да го води орото, седна на средина сала и рикаше на цел глас! Мое да е, таква сцена да ми направи ќе го фрлам од некаде. Пред да ги нападнете родителите, значи мајка му убаво му објасни дека првите неколку ора ги водат момчето/невестата и нивните најблиски, ама оно сакало да води! Значи нема смисла.. Јас сум од таа страна да не се носат деца на свадба или доколку се носат, да се под постојан надзор од родителот. А не родителот да седи, да јаде а детево да се однесува како ненормално. Доколку сметаат родители дека нема да можат да ги конролираат децата, нека си најмат бебиситерка и нека им ги чува. А за канење, баш и неможе да се дискутира бидејќи секој си сака различни работи. Јас не би сакала да ми трчаат деца на свадбата.
На мојата свадба било кое дете да ми шлапа по торта со раце, многу ама многу би се изнервирала. Сечењето на торта со младоженецот е традиција, бираме, нарачуваме торта за да на крај некое дете ми ја рашлапа? Не е во ред навистина! Разбирам дека е само дете, но сигирно не паднало од небо на свадбата, имало родители што не требале да дозволат да се доближи до масата на невестата, оти дете ко дете се знае за што ќе се фати одма, сигурно нема да се залета за плескавицата или стекот од тањирот на невестата... Да угодиш на сите гости не можеш, но галама трчаница пречи и на останатите гости, секој сака да се провесели, да поигра на раат а не да гледа да не нагази на некое дете, не дај боже да го повреди и.т.н.. Овие покани нови, навистина е одвратно да напишеш што сакаш за поклон, или да кажуваш услови за да може гостинот да присуствува, треба да се остава на осет, кој за жал е ретка појава. Порано никогаш не давале такви покани, но дали сме смееле да мрднеме, а камоли да шлапаме по торти или да ни нарачуваат порции? Па никој не бил навреден, оти се знаело што е дете, а што возрасен, на било која веселба. За жал, нема лоши деца, туку лоши родители! И како може да кажете ако немаш пари не прави свадба? Ако нема воопшто пари нормално дека нема да прави, но ако има броени пари ќе покани толку гости колку што може да си дозволи, треба да се лиши од жебата за свадба зошто не може да кани цели фамилии? Колку му е долга чергата толку ќе ги пружи нозете.
Јас имав девојче на свадбата (околу 10 години, не е баш мало дете) кое иако не ми е блиско не се одлепи од мене цела свадба. Скроз имам разбирање дека сум и интересна, со џиновски фустан, ме гледаше како жива барбика да сум. И си викам ако дете нека се радува. После повеќе од пола свадба откако не знам колку пати ме изгази по фустанот, колку пати пресече некого за да се фати до мене на оро, или да игра до мене со кого и да бев во моменот, ама воопшто не ми беше забавно. И на невестинската маса дојде си седна, сакала до мене да седи. И на пола слики ја има зошто цело време беше до мене. Не е криво детето, толку разбира. Родителите нејзини кои се пријатели на свекор ми и свекрва ми, кои маж ми го виделе 2 пати во 3 години, го дозволија тоа. Иако пред свадбата воопшто не размислував за деца на свадба, после ова искуство сосема разбирам зошто младите би рекле без деца да се доаѓа. Имав еден куп деца на свадбата. Ова едно девојче е единственото дете на кое се секавам од тој ден, нажалост не од позитивни причини.
Ако носиш деца на свадба треба да си ги пазиш. А не да дозволиш да прават глупости. Како да не носиш дете на свадба кај прв братучед, на пример?
Јас пак на сите покани скоро напишав име на парот (или еден член ако е сам), не помислив дека некој тоа може да го сфати како покана без деца Некои дојдоа со деца, некои без, ама бидејќи и имав само блиски на свадбата, никој не помисли да се навреди. За волја на вистината, ниедно дете не направи проблем, внукот само заспа Мали го носев баш летово на две свадби, не дека му беше интересно, туку мене и на мм ни беше ќеф бидејќи се работеше за блиски пријатели. Малку се провртка по салата (и надвор од неа) со нас зад петици, малку на мобилен играше, и после саат-два го однесовме баба и дедо да го чуваат. Апсолутно сум против нагласување на подарок во плик, барање грепки, или прецртување деца (последново веројатно е урбана легенда, бар се надевам), но родителите што носат дете на свадба или било која прослава се први најодговорни да внимаваат што тоа дете прави таму.
Од сегашна перспектива смешни ми се ситуацииве за кои пишувате( особено раката во торта) Пред 14 години не знам како би ми било, со оглед на тоа дека воопшто немавме тодлери или бебиња на свадба. Мини скандалче имало меѓу одредени млади ама отпосле дознав и пак ми беше смешно, дека се работи за флертови и љубоморни испади. Сега да земеа таму да се караат, понезгодно ќе ми беше од нечија рака во тортата.. П.с со овој памет ниту ќе правев свадба.