Ехее, какви циркуси се имам нагледано од мали деца на свадби и прослави, деца по кои родителите ниту еднаш не станаа од масите јер не можат да остават јадење и пиење и муабет со пријателите, ќе го сликнат одалеку бидејќи било според нив звезда на вечерта и им е ултра симпа, а на домаќините на свадбата мислат косите им обелеа пред време. Не знам што е симпатично во тоа дете да сопнува рандом гости, да се пика во играње само за да го растури кругот, да ја влече невестата за велот, да прскаат со сок и да се гаѓаат со храна, да влетуваат во фотосесија со други гости, те погоре да ја растури тортата, етц етц, али тоа сум можеби само јас. Да е моето дете вакво, наредната свадба на која ќе присуствува ќе биде неговата, еден ден, ако ја има.
Никогаш не би носела бебе на свадба без разлика колку и да е на близок. Кога ќе ги видам со бебиња во колички на таа гласна музика и гужва ги жалам децата. Поголемко дете би носела само на брат/ сестра на свадба, инаку ако нема кој да ми го чува не одам или ќе појдам на кратко саат два и штом детето ќе почне да бара внимание ќе си одам.
Е па никого не канам тогаш пукнете Јадете си пирошки од луна парк, тие со наградната игра пронајди го саламчето
Се нaдевaм нa свaдбите вaши ќе имa децa кoи ќе се плеткaaт низ oрo, ќе ви гo гaзaт фустaнoт и ќе игрaaт нa пoдиум нa вaшиoт прв тaнц сo пaртнерoт. Нaвикнете се, тaкa ќе ви биде вo живoтoт вo иднинa, фaнтaзиите зa принцезa ви зaвршувaaт сo плaнирaњетo нa вaшaтa свaдбa. Другa рундa бек ту риaлити е свекрвaтa. Али oтoм пoтoм.
Ако на пример,на поканата нагласите вујко Трпе и вујна Трпана,тие можат да ви се налутат.Зошто да не дојдат и нивните деца? Штом не им ги каните децата,можеби тие ќе ви се налутат и нема да дојдат. А,да речеме дека вујко Трпе ви дал пари на заем за свадбата или за нешто друго,или пак ве однел во болница кога ви било лошо. И покрај тоа нема да им ги поканите децата? Не иде.Не е во ред!
Ако на свадбата можам да поканам 100 гости,тоа значи дека во предвид се 50 пара (хипотетикал), но не и 50 пара со деца.Така би биле 200 стола а не 100. Кој се осеќа навреден дека деца неможе да носи, слободно нека каже.Мој прием е,јас одлучувам за гостите Тој што сака да дојде, да го угостам и да се веселиме многу саати заедно,нела повели.
Каков потрес на мозок видов кај дете на една свадба, што некако добив став околу ова. Детево затрчано се мава од две фатени дланки кои вијат оро и се одбива и паѓа на тил. Имаш тука паники, па освестување, па дете повраќа, па брза помош... Така да...
Не дека хејтам деца, ама тие што си знаат какво дете имаат (невоспитано, односно "темпераментно"), а знаат, не треба да ги носат децата ни во кафуле, камо ли на свадба. Трчање, вриштење, скокање, мислам е нешто што ми крева притисок инстантно. Деца ако има би биле оптимално на брат, сестра, 1 братучед/ка, со укажани правила за култура.
Како не бе Еве две покани такви имам дома, со име на мајка и татко, со сестра ми многу сме лути, а моиве ифтит, се спремаат да се скараат Ако се налутат, уште поарно, да знам со кој си имам работа
Таман прилика да ги откачам за сва времена и јас да се налутам и да не им се смирам Не морам со сите баш нескарана да бидам На кој му чини на моја свадба како ми се правилата, супер. На кој не му чини не мора да дојде де
Еве на пример моево 4 год.дете е " невоспитано" ( темпераментно) и јас го носам по свадби и за чудо таму е најмирен а и највесел,се фаќат на оро и играт без да го измешат орото,ама зависит и од децата
Spored moe licno mislenje, sekoj koj ne e napisan na pokana ne e planiran, ne odi ti da zemes so sebe 2 deca koi ne se planirani iako se mali zafakaat mesto, oti nemozes celo vreme vo race da gi drzis..