1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Немав некои посебни барања во врска со ова на мојата свадба, оставив на старите да одлучат дали ќе ги викаат роднините со или без деца.( но сепак сум да не се викаат деца) Тие одлучија дека ќе ги викаат без деца, бидејќи и онака имавме многу гости и не бевме во можност да ги поканиме сите со се деца. Затоа решивме дека НИКОЈ нема да го поканиме со деца.
    Арно ама, на пазар и дома сметката не е секогаш иста нели. Прва братучеда на татко ми запна да си ги земе децата, кои патем се големи, 15 и 17 години, значи не е дека нема кој да ги чува. Татко ми и објасни дека ако таа ги земе нејзините деца ќе мора да ги покани и децата на другите братучеди, а не е во можност.
    И покрај тоа таа си ги донесе децата, а братучедите му се налутија на татко ми, бидејќи нивните деца не биле ништо помалку од нејзините. И во право се, но тоа не беше по наша волја.
    Што ми беше целта со муабетов, значи не е секогаш проблемот во децата ако родителите се неразбрани, децата и да се најмирни на свет џабе е. Затоа кој ќе го напишат на поканата, тој ќе си оди, мислам дека никој нема право да се лути, или како во мојов случај да се прават проблеми. Исто мислам и за во иднина кога ќе имам деца, не би ги носела.Ако имам кој да ги причува ќе одам, ако не не одам, но секако ќе ги известам да си планираат други гости на тоа место и готово.
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Сега скоро бев на свадба, бидејќи бебе од 8 месеци немам намера да носам на свадба, маж ми остана дома со неа, а јас си бев на свадбата сама.
    Пишував и претходно на темава, освен кај најблиски (кај брат ми ја носев малата на 4 месеца) нема зошто да земам бебе/дете на свадба. Реално малку ми е бесмислено дете од 4-5-6 години да седи будно до полноќ, се знае 9 во кревет.
    И он топик, на свадбава што бев имаше 4 деца што трчаа насекаде постојано и постојано се мотаа под нозе на гостите, и две што си седеа/играа со родителите, од кои едното беше внука од сестра на невестата. Значи ако не можам да го контролирам детето во дадена ситуација, моја должност е да не го ставам во таква ситуација. Хиперактивни деца си имаат соодветни места каде може да трчаат, игротеки, игралишта, паркови, а не меѓу невестата и младоженецот.
     
    На S.W.A.G, SummerGirl, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.775
    Допаѓања:
    259.784
    Ете сама си даде одговор.
    Нема да одиш.
     
    На Annora, Nigredo Odor, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Деца освен на брат и сестра нема што да бидат на свадба.На мојата свадбаа имаше 8 деца-непоканети што сами родителите си ги донесоа од кои неможевме да играме прв танц мајките и бабите не се замараа за нив,музиката рече децатаа да се тргнат од подиумот да одат кај родителите но ништо од тоа .Трчаат низ салата се буткаат во гостите не е тоа игралиште или градинка
     
    На AngIv и Anie93 им се допаѓа ова.
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Aко не сте способни да чувате хиперактивни деца, или немате пари за дадилка да ви го причува три часа, зошто имате деца?

    Детето бара и добра средина, и култивирани родители, грижа и финансиска снабденост. Не секогаш може
    да биде под конец, и предвидат вкупните трошоци, ама дете не се добива случајно, туку се планира. Треба кај родители да постои свесност и калкулација, дали би имале доволно време за грижа и финансии. Ако било кој од овие два критериуми не се исполнети, не само што не треба да размислувате дали деца да носите на свадба, туку не треба ни да се размножувате. Не е крај на свет ако се нема дете. :)
     
    На S.W.A.G, AngIv, mime87 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    А ниту свадбата ке пропадне ако вие не се појавите на истата.

    Не ви е жал децата да си ги пикате у гужва каде има тон прашина, пот а во исто време е жариште на вируси и бактерии? Гласна музика како бонус за ушните тапанчиња.
    Децата и ред си имаат, а би се кладела дека не заспиваат у 1 после полноќ.

    Ако треба ја нема да одам, ама мирот нема да му го нарушам.
     
    На S.W.A.G, minne992, nightingale и 5 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.547
    Допаѓања:
    115.513
    Пол:
    Женски
    И децата не можат да ви ја расипат свадбата.
    Деца се,нормално дека сакаат да играат,да трчаат и да викаат...
    Кој има пари,нека најми девојка да ги занимава на свадбата или повеќе луѓе,кој нема,нека им каже на блиските кој мисли да донесе дете на свадбата,да си го пази и готово.
    Не е во ред да ви пречат децата на вашите најблиски и децата на вашите пријатели,не е ни нормално.
     
    На AngIv, SummerGirl, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Јас мојата ја носам секаде! Ако некој ми забрани, не ни одам.
    Детето ми е секогаш пред тој некој.
    А таму, ако отидеме, јас сум со неа, или татко и. Правење драми не дозволувам.
    На последната блиска свадба ништо не видов. Ама дете сакаше да трча, па јас бев со неа кај што се трча.
    Ама како што кажаа погоре не е секој за родител.
    И дома да му отидеш на гости не е во ред ти да си седиш а тоа да беснее.
     
    На SummerGirl, Mantub и nextredstyle им се допаѓа ова.
  9. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Јас би пишала на поканата без родители, само деца зошто реално дете може само ведрина и среќа да донесе на една свадба, а возрасните се оние што ќе коментираат колку пари се потрошиле или не се потрошиле, колку местото било бедно и ладно, колку невестата била насмеана или не, колку пати се фатиле со свекрвата заедно на оро, колку коштала музиката, дали фасадата била направена во куќата кај што ќе живеат, ако не срамота толкава свадба а фасада нема, на деверицата газот и се гледа, како така маж да се фрла по букетот, зошто онаа таму ич не стана да игра чест никаква не им направи, вака ли се доаѓа на свадба со пеглана коса само, треба тулумби да имаш на глава, овој фустан онаа го носеше и на друга свадба, онаа хулахопки носи на сандалки, оваа игра ко бетмен, онаа нема ритам се клати само, на таа и се гледа прслукот, требало беш боја да и биде прслукот не црн, невестата е малку здебелена требало да држи диета нема смисла пука фустанот на неа и тн и тн, а за дете освен да си трчка и смешно да тегне натаму наваму на оро демек игра друго не можам да се сетам.
     
    На Дани.СС, Amelia, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Исто.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Не али озбилно, бабетини од 80+ години едвај одат, се канат. Тие дур влезат им треба една светлосна година, па те бацуцаат, шљакаат, па те испрашуваат, ааа како стее? Да не има новоо? Пола саат задржува ред. Па почиња оро, и ете ти ги, се клати ама битно е на оро. Па музиката не чинела, се знаело што е свадба.
    Па водата на маса била ладна, грло ќе ги фати. Прозор да се затвори, клима да се угаси..
    Е така.. децата се најголем проблем.
     
    На mime87, Охрид88, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не е секое дете за меѓу луѓе и тоа е факт.
    Секој родител си го знае своето какво е само што повеќето мижат очи пред однесувањето на детето им, синдром на специјална снегулка, и дозволуваат едно дете да го одредува текот на настаните на прослави, манифестации па дури и при одење на гости. Милион ситуации сум видела од секојдневието каде едно дете го командува родителот, најчесто мајката, кои најчесто како дезориентирани се во масата од сентименталност од самото тоа што имаат дете и не постои црвена линија.
    На едно дете не му е место во сала полна со дим и алкохол, до 1 или 2 по полноќ, со еден куп за него странци, на настан на кој уопште нема да се сеќава, ама ќе прави разлика на истиот со присуството.
     
    На S.W.A.G, Alisa22, nightingale и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Potpolno te podrzuvam!
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    6.547
    Пол:
    Женски
    Немам сеуште деца и не знам дали би ги земала со мене во иднина по свадби. Се надевам дека нема, освен кај некој ептен близок. Секако тоа мислење може подоцна да го сменам.
    Сум гледала по свадби многу често деца кај што трчаат низ цела сала и буквално зетот и невестата не можеле раат да одиграат прв танц. Тоа ми остава многу лош впечаток, не за децата, туку за родителите. Кога веќе носиш дете со себе, треба да знаеш да го смириш со цел да не смета на никој. Не е фер барем според мене, на тој еден најзначаен ден на некој, ти да дозволиш твоето дете да се влечи по подот, да ја трга невестата за фустанот и ред други работи кои да, сум ги видела. Децата се деца, родителите се тие кои ја носат вината во случајот.
    Сепак, мое мислење е дека нема потреба дете постојано да се носи по свадби, освен секако ако се работи за некој многу близок член од семејството.
     
    На S.W.A.G, Alisa22, ilenaki и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    При изведба на првиот танц на вртењето едно дете буквално со раката под фустанот ме потегла не убава глетка многу трчеше а родителите негоови ништо си седат,мене ми беше многу страм.На крај музиката збесната бидејки кожата на тапанот искината од деца а родителите не сакале да покријат трошок,а музиката не прифати од нас пари.Јас сеуште немам деца-на пат е едно имам блиска свадбаа во најава па нема да одам јас не го изложувам детето на ризик и во многу гужва ако треба ке поседам еден саат само повеке нема шанси
     
    На S.W.A.G, SummerGirl и Annora им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.811
    Допаѓања:
    21.028
    Пол:
    Женски
    Ама не значи дека секое е такво. Дека секое ќе седи до 2, не е до детето, и нема зошто да се дискриминира. До родителот е.
    Затоа викам, се трча каде што се трча, надвор. Внатре не. Мојата со 14 месеци играше оро. Нема кој не сакаше на свадбана да ја фати и да игра со неа.
    Ама, кога играа младите беше во раце кај мене, гледавме од страна. Кога беше вечерата седеше на стол. Дојде 10 и си заминавме.
    Не е детето бесно и не ја расипува свадбата тоа. Туку родителот што смета дека ете дете е така треба.
    А ако детето е такво тој ден, плаче се треска, се влече.. не е за никаде, седи дома со него.
    Една свадба минус у животов ништо не ми значи. Јас и од игротека сум се вратила ради лошо понашање. И не сум отишла на роденден ради истото.
    Ако отидам и ја пуштам да праи што наумила, до мене е, не е до неа. Зошто сум знаела како ќе се однесува.
    А ако знам дека ќе послуша, ќе седне кога треба, нема да оди кај што не смее, не гледам зошто да не ја носам.
     
    На Охрид88, SummerGirl, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Искрено прв пат слушам за ова и мислам дека е малку претерано.
    Децата или си седат со родители ако се помирни или си наоѓаат и други деца па се заигруваат што стварно не разбирам како би им пречело на младите или на гостите.
    Ај да речеме има случаи кога децата се хиперактивни и не можеш да ги оставиш сами ама што сум гледала по свадби во тој случај некој возрасен ќе ги надгледува и пак не пречат на никого. И така е веселба, сите се станати и играат па не знам зошто би пречеле неколку деца на кои им е интересно и си играат меѓусебно.
    Средновечни луѓе што ќе се поднапијат и се забораваат што треба да прават а што не повеќе ми сметаат.
     
    На Охрид88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Ние плативме 300 евра за дим ефекти и балони музиката напомени децата да се кај родителите но безнадежен случај јас бев збеснатаа пошто многу несвесно е да не си го гледаш детето плус неможевме да изиграме убавоо неможевме да влеземе во кругот тоа е до свеста на родителите и ке ми речат дете е тоа,ако е дете ова не е игралиште или градинка ова е свадба
     
    На S.W.A.G, MeowMeow и Spidy им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Не гледам потреба за носење деца по свадби освен ако се на брат/сестра и први братучеди (зависи кои сепак колку си близок). И така би сакала да е на моја свадба во иднина. Не е толку до децата колку што е до родителите кои не знаат да ги чуваат да бидат мирни и да не се плеткаат кога младоженците го играат првиот танц или кога ора се играат сум видела како се плеткаат низ нозе па после некој друг е крив ако ги цапни или турни.

    Свадбите не се настани кои мали деца можат да ги поднесат а да не зборуваме за тоа дека воопшто нема да се сеќаваат на нив.

    А помизерно од тоа да го поканиш некој без деца а тој да ти се тупни со деца нема. Се знае дека порциите и столиците се избројани колку што има гости поканети толку. Па поарно нема да одам на свадба ако толку нема кој да ми причува дете тие неколку саати.
     
    На Alisa22, SummerGirl и S.J.Parker им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеш да си ги пазиш децата, не ги носи по свадби. Само кај блиски ги носиме. И ништо страшно ако не отидам на свадбата. Кај што сме биле поканети без деца однапред сме кажувале дека нема да дојдеме ако нема кој да ги чува децата.
     
    На Gosh и Chuchanov им се допаѓа ова.