Проблемот е што не можеш на гостите со мирни гости да им речеш да ги земат децата, а на другиве да им речеш дека не каните деца на свадбата. Ниту пак може со сигурност да знаеш како секое дете ќе се однесува на свадба, може првпат ќе го носат, па ќе се однесува поинаку од обично. Затоа чиста работа без деца и готово. И јас имав логика дека секој родител си одговара за своето дете, уште и пред јас да станам мајка. Ама испаѓа дека има и такви што не се замараат. Пишував и претходно на темава, на свадба имав девојче што не се пушти од мене цела свадба. Не ми е блиска воопшто, на маж ми братучетка. Родителите еднаш не и рекоа да се прибере. Ете она префасцинирана од мене, ме гледа како принцеза да сум, а јас се пазам да не ме изгази на секој чекор. Браќата нејзини бајчиња, она бетер од пијавица. Од кај да знам јас однапред дека така ќе биде? Уште не можам да верувам дека родителите еднаш не најдоа за потребно да и кажат дека нема потреба прва на оро да е до мене цела свадба.
Искрено, мене повеќе ме нервира канење на старци отколку на деца. Не носам деца кај не многу блиски луѓе.
Ако ја сметам дека детето нема да може да достои на свадба зашто нели дете не е по такви работи или нема да одам или ќе одам и ќе седам додека може тоа. Аупм па не е свадбата којзнае што. Си пошол чест си направил и ајт со здравје. А тоа дека е забрането..живи глупости. Јас мое дете го носев на свадба каде што 110 километри се возеше и ни свадба видов ни ништо ама барем дете се изнатрча се изнавесели. Уште и да ми речат забрането?? Ма марш упм ко не ми цениш деца не ме цениш ни мене. Едит: простете за вулгарните зборови
Ебати трендот Попрво би ги викнал децата одколку некои родители. Детето не е виновно што родителот се ѕвери наоколу да трачари некој,додека неговото дете ја закопало раката во тортата.
Пред месец дена бев на свадба имаше и деца и млади и стари. Децата како деца знаеа да потрчат по салата но после првиот танц за време на првиот танц сите ги гледаа младите никој не го скрена вниманието на нешто др. Подобро деца и млади отколку стаци бабетини и дедовци што само оговараат. Еве кај нас на свадбата немаше многу деца само од блиските имаше бидејќи др не беа мажени/женети. А бабтинките само седеа и мрмолеа кој каков бил што правел и кој колку изел.
Немам ништо против старите, ама ме нервира кога ќе се фатат за оро па се клатат. Старци што едвај стојат на нозе. Па цело оро оди во неповрат. И плус оговарањето.
Ова сум била јас пред 30 години на свадба кај чичко ми. Немаат ниту една фотографија без мене! Или јас или нема сликање! Веројатно се лутеле со години, но сега е главна заебанција на моја сметка. Чим има свадба и сликање сите мене ме викаат да застанам до невестата. А мене веројатно тогаш ми дошло многу од сликање и до ден денес на свадба одам ако е ептен неизбежно и не се сликам со парот (тоа го сметам за најлош детал на свадби). Дете не би носела на свадба. Нема потреба да трчам низ салата како блесава. Дете не е за таму, баш убаво што пишале на поканите поштувам.
Фри, немој вака Не си ти крива, како и ниедно друго дете. Како во темана за чување на туѓо дете, мајкиве треба да сфатат дека тоа што нивното дете прави не е "најслатко и најзабавно" за сите на светот, и треба да си го приберат детето. Па другите ако сакаат ќе го викнат/земат детето сами. Јас лично да сакав невестулка (пошо девојчево и во мини невестински фустан беше облечено), ќе си викнев и ќе си ја имав до мене цела ноќ. А не туку така да ми се тупне до мене.
Ако родителите знаат дека детето не им е мирно и не можат да го исконтролираат, немора да ги носат ако нема кој да ги чува нека не одат не е крај на свет. Пред неколку месеци бев на свадба каде неколку деца трчаа и се буткаа буквално под маса едно од памет ме извади кога излезе од под нашата маса неочекувано. Друго буквално на сред играње ќе бутнеше еден човек кој ако не се задржеше ќе паднеше врз детето, секако родителиве мртви ладни не реагираат. Моето го имам носено само на две свадби на блиски бидејќи сите бевме поканети и немаше кој да го причува ама си седеше цело време до нас.
Пред некој викенд бевме на свадба каде што имаше многу деца. Од бебе кое имаше едвај два месеци и неможеше самостално главата да си ја држи до 10 годишни деца. И вкупниот впечаток ми беше негативен. Трчање низ ора, трчање и играње брканица околу маси, буткање во келнери, вадење цвеќиња од декорацијата на невестинската маса. Се направи напната ситуација, се приметуваше дека на младоженците и на нивните блиски не им е пријатно, ама немаа што да прават. Јас мојот по свадби не го водам. Нит јас ќе видам нешто од свадба нити на него ќе му е убаво. Бевме на многу свадби откако е роден, а го носев само на две, од што беа на ептен блиски. Во септември бевме старосватови, го однесов пола саат во ресторан колку да се слика и после дома. На свадба кај на маж ми сестра исто го носев и планирав исто така да поседи пола саат и да го пратам со моите дома, ама заспа, па цела свадба ја преспа во количка. Незнам, може ќе сменам мислење, ама сега за сега стојам на ставот дека на мало дете, посебно па ако е немирно, не му е место на свадба. Или ако ете оди и дете на свадба, родителите да се осетни и да си трчаат по детето, а не да го оставаат свадбата да ја претвара во игротека.
Не носам деца на свадби, големото дете го имаме носено кај најблиски, ама е мнооогу мирно. Се има случено сама да одам, или маж ми сам, зашто немало кој да ги чува дома. Туѓи деца на свадба не ми пречат, ама секогаш се чудам на луѓе што мува не ги лази, а децата прават партал, реметат и сл.
Деца не се за на свадба. Син ми го имам носено само еднаш пошто ептен блиски ама немавме никаков проблем, цело време беше мирен што и чудно ми падна. Ама добро тој беше 10 месеци. Имам видено дете од 5 години како и влегува на невестата под фустан, под корпата. На нашата свадба децата збеснаа, трчаа, се туркаа во луѓето, едно падна надвор во фонтаната, декорацијата со балоните ја уништија, ги разнесоа, ги испукаа.. Катастрофа. Така да го поддржувам овој "тренд". А и лично поубаво си поминувам кога не носам дете со мене.
Истово баш го мислев. Дете весело смета..(нормално не секое е исто, да, има и такви кои прават проблем, ама има и мирни, значи до родителот е), ама пијандури, што фаќаат млади девојчиња, што им се дерат на жените сред свадба, шо се праат најфраери... таквите се ок, јер нема да ја срушат декорацијата бе..... Тоа шо ќе се скрши инвентар, кој му е гајле, нек си мисли ресторанот. А имало такви случки. Јас на ниедна свадба немам видено дете да напраи проблем. А на сите свадби имало деца. Ама пијаници правеле проблем на сите свадби. Оди од маса на маса, гушка кој ќе стигне, па вика да видиш ја кој сум... Добро кај нас не видов да се начука некој, може и се начукал, ама проблеми немаше. Нит од децата декорација беше уништена. Фуатанот ми беше изгазен у оро, со луѓе кои сите беа возрасни. Ниедно дете не ми оштети фустанот кој се носи тогаш и никогаш повеќе. Кој како си сака уосталом. Ако сакаш да ти дојдам, детето е дел од мене. Не го позајмив од комшијата. Не можам мајка ми да ја донесам, ама дете можам. Без дете не одам, макар и останала дома и скокнала свадба. Моето дете е секогаш побитно од било кој друг човек на планетава. А оние што не сакаат да ги носат децата на свадба, ги прифаќам, зошто едноставно они така сакаат. Ама некој нешто да ми забрани, не ми е јасно. Исто кога ми каже шо да облечам. Кај трошиш на поклон, превоз, шминка итн итн.. Некој друг да ти планира есап. Многу поубаво се поминува кога нема забрани.
@Цвет88 ако близок ме покани без дете, нема да отидам. Не ме почитуваш мене ако не ми го сакаш детето. Ова важи само за блиски. На пример, први братучеду. Децата ми се најбитни.
Зависи што подразбираш под "проблем". Од тоа јас што сум видела, нивната палавост знае да пречи на младите во даден момент. На пример, го играат првиот танц и нели сите се повлекуваат за да се направат слики/снимки, ама деца се разбркуваат. Или се обесени на фустанот на невестата. Ама не се децата криви ич. Не може од 4-5 годишно дете да очекуваме разбирање. Ама од родителите можеме. Јас лично имам само едни пријатели со такви немирни деца, на нив апсолутно би им напоменала или да ги припазат, или да не ги носат. Не е дека не ги сакам децата, напротив, ама пријателиве не ги учат баш, на пример седиме, децава од сите чаши пијат, каснуваат што било и го враќаат назад, ако ни се на гости сакаат секаде да отворат итн. Мене тоа ми пречи и знаат дека ми пречи, а веројатно и други им кажале, па по гости скоро и не ги носат. И пак ќе кажам, родителиве се криви, и ради нив двајца се децата такви. Ама моја свадба или било која прослава, нема да ја оставам да ми зависи од дете седум годишно сигурно.
^ па тоа и го зборам... децата не се криви, за сите да се ставаат во еден кош, дека не се за на свадба. Моето гарантирам дека нема да направи проблем, зошто нема да ја оставам јас да прави проблеми. Била на 3 свадби до сега, ако осетам дека почнува да досаѓа, станувам си одам. Ама јас да се организирам со јадни маки, кој да ми чува дете, за да отидам на таа сваба, немам намера. Ќе си останам дома. Одам онака како што можам. И да, до родителот е. Како и на секоја друга тема. До родителот е кој што му е мака да потрча по детето. Ама ете, на некои им е тоа мака, мака им е да се жртвуваат и порано да си отидат дома. Мене не ми е, како што кажав, детето пред се.
Да, ама не можам јас да знам колку осет ми имаат сите гости, нели? Еве за овие знам и немам проблем да им кажам. Ама нема шанса да дозволам некој да ми сј*бе таков ден. Возрасен да е проблематичен нема да го поканам, а не па дете што ништо не му значи моја прослава. Јас не би шкртала деца, тоа е глупаво, ама секако ќе побарам RSVP од сите со бројка, па ќе знам кои деца доаѓаат и кому да се обратам и да кажам или да припази, или да не ги носи. Среќа што со децата на најблискиве немаме такви "темпераментни" проблеми, со еден збор слушаат. А за подалечните, ако се навредат, не е задолжително присуството. Тебе нормално дека детето ти е пред се', а мене многу нормално не ми е, настанот ми е побитен.
Не носам дете на свадби (барем додека е уште мала). Еднаш се зафркнав, немаше уште годинка, ја земав, ни свадба видов ни ништо. Сакаше да лази, пиштеше, хаос. Се јавив на моите и дојдоа ја зедоа. Подобро да поседам неколку саати на раат отколку да се нервирам да ми пишти таму.
Баш како тебе размислував кога требаше да одиме на свадба пред неколку месеци. Му кажав на маж ми дека ако нема кој да ги чува децата, јас нема да одам. А он ако сака нека оди сам. И кога дојдоа да не канат им кажавме дека можно е да не дојдеме. Не е крај на светот ако не отидеш на свадба. Да се тепам за некој да ми ги чува децата, не фала. Како што на некои им е побитна свадбата, на мене ми се побитни децата.