Јас имам 14 први братучеди. Сите се мажени/женети со деца (вкупно 24 деца и едно на пат). Дечкото има 9 први братучеди, исто сите мажени/женети со деца (вкупно 12 деца). А сакаме помала свадба. Искрено очекувам да дојдат без деца. Никој нема да рече дека е забрането да дојдат со децата, но ќе се напомене дека прославата ќе се прави со помалце гости. Ова нема врска со непочитување, едноставно така налага ситуацијата.
Јас не би отишла. Немам намера да се барам луѓе за да ми ги чуваат децата. Затоа ни на лето нема да отидеме на свадба.
Јас би го сфатила како навреда, ем јас ќе ги навредев моите први братучеди ако им бранев да ги донесат децата, ем мене ќе ме навредеше тие сами да решеа да не ги носат децата на моја свадба. Ама јас сум многу блиска со моите братучеди, заедно пораснавме, постојано се дружиме и сега фамилијарно, исто и мажот ми, така што, не би ги изоставиле децата на сметка на некој што не го познаваме добро или не сме во блиска роднинска врска. На крај, прави си како сакаш.
Се зависи од луѓето во твоја околина, какви се.. Кај мене имаше 10 деца и никој не зема порција за нив, иако за нив беше упола на цена. Ако тој што наводно ти е пријател нема осет, тоа е друга работа... Столчето тука не е проблем.
Пар со 23 први братучеди и над 35 само нивни деца сака да направи помала свадба и вие увредени оти детето не ви го почитувале. Земи утепај се.
"Без деца" воопшто не го сфаќам како нвреда, туку едноставно наглсување дека таа конкретна забава не е соодветна за деца. Друг момент ми е што во време кога се прават свадбите децата најчесто спијат или се поспани и нервозни (зборам генерално). И да повторам, погоре во еден пост кажав, мене лично не ми пречат деца по свадби и јас таква одредба не би ставила на покана.
Јас кога правев свадба го имаше ова. А и гледам дека е стандард во некои ресторани. Реално....не може дете да изеде цела порција.
Не е проблем дали ќе е игротека, бал за пензионери или нешто измеѓу. Има луѓе што сакаат да има деца на свадба. Но штом рекле -мала свадба, прво што јас би помислила е дека можеби финансиски не се во можност. Што апсолутно не мора да е точно ама од чиста култура не смееш понатаму да прашуваш што, како и зошто, доволна е оваа претпоставка да замолчиш и да речеш -во ред. Твоите чувства свилени стај си ги на страна.
Децата се проблем, ама не е проблем да се викне ојле дојле на свадба. Или некоја пијандура. Има деца што седат мирни. Не е проблем јас да се утепам. Младите ќе се утепаат кога ќе треба да платат порции за гостите што не дошле. Некои од инает нема да дојдат.
Е па тоа зборам. Подобро покани ги поблиските, отколку подалечни роднини. Индиректно кажи дека само возрасни ќе има. Ама не е убаво да кажеш ако планирате да доаѓате со деца, не доаѓајте. Јас и мм секогаш ги пазиме децата. И не сме секогаш во можност да ги оставиме на чување. А и за мене не е некој проблем ако не отидам на свадба. На последната свадба кај што бевме младите имаа такви барања.
Мислам дека никому не му се проблем буквално децата. Него проблем се немирните деца. Пази има разлика од немирно до немирно дете. Иако сите деца додека се мали се немирни некои навистина се претерано немирни. Имам точно такво братучедче во фамилијата, абе ни се лошеше кога ќе слушневме дека со тетками ќе доаѓаат на гости а камоли пак на свадба да го канам. Мислам сега е големо но додека беше мало ептен непослушно дете, последен пат кога беше на гости, од лудост ни го турна телевизорот на земја, се расипа. Па би размислила дали вакви деца би канела на свадба недај боже ќе ми влета во свадбената тортата со главата. Искрено не би поставила такво правило, но доколку знам дека некое дете е немирно а неговиот родител ми е близок пријател или роднина тогаш би разговарала отворено со родителот или да вниманава на него или да не го носи. Без срам бидејќи тоа е моја вечер и е еднаш во живот. А инаку на свадба без деца буквално за мене свадбата ќе нема смисла ако не ги гледам како се радуваат и трчкаат по невестинската роба
Ама мама и тате мора да поканат колеги од на работа и 4ти братучеди пошо нив ги канеле, и нека видат луѓе Митре каква свадба прави за ќерката, ама за децата сакаат интимна церемонија
Кои се тие што од инает нема да дојдат? Еве на моја свадба дојдоа сите поканети, секој соодветно како што беше поканет - на секоја покана стоеше име и број на маса. Маја и Петар - 2ца, Маја и Петар со децата - 4ца. Јасно ко ден.
Кај тебе дошле, кај друг не дошле. Од искуство зборам. Има луѓе на кои нема кој да им ги чува децата. И ако ти инсистираш да дојдат сами, нема да дојдат. Или ако се најдат навредени нема да дојдат. Поарно да викнам деца отколку некои си втори братучеди кои не сум ги видела од мала.