Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Прашав и у ресторанот, ми рекоа и помалку од пола цена дека е кај нив, само точна цена ќе ми кажат за некое време. Инаку, планирам блиските секако да ги прашам со какви порции (и дали воопшто со порција) да ги планирам нивните деца. Сепак сакам луѓето да се осеќаат пријатно а не дека детето е "вишок" на веселбата.
     
    На Puffy2019, SummerGirl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.525
    Допаѓања:
    201.593
    Пол:
    Женски
    Бар цитирај ме ако веќе сакаш да ми кажеш нешто. Ако правам помала свадба, само првите братучеди и нивните деца ќе ги викнам, да. Другите не ми се толку битни.
     
    Последна измена: 7 февруари 2020
    На Puffy2019, SummerGirl и fana им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Си знаеш и сама дека е за тебе, очигледно е, што има да те цитирам?
    Ај проста математика -23 први братучеди со партнерите прават бројка од 46. Плус 36 деца = 82.
    Стави родители, браќа и сестри со нивни фамилии, кумот и старосватот и деверот и бројката ќе стигне над 100 или 110 отприлика, само најбитните. Да речеме -мала свадба иако некои сакаат дури и помала бројка од ова. Значи без другарка ти од детството, без комшивката со која редовно се дружите или омилената колешка, без негови другари исто. Оти првите братучеди ќе се налутеле за децата. Ја сфаќаш сега својата себичност?
     
  4. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам ова не е некој нов тренд. Иако сум веќе 20 години, уште ме сметаат во децата, па може да прокоментирам од страна на едно „дете“. До сега сум била поканета само на неколку свадби, и тоа на ептен блиски роднини. На свадби кај фамилијарни пријатели, комшии и подалечни роднини секогаш се биле поканети само моите и никогаш не сум се чувствувала дискриминирано, ниту па ми е било гајле дали ќе требало да дремам цела вечер на некоја си прослава. Ниедно дете не се замара со крштевки, свадби и родендени, па дури и поарно за него ако не отиде. Не гледам причина зошто родителите би биле навредени ако нивното дете не е покането на свадба.
     
    На Jana06, sanie и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Затоа што јас ако те сметам за блиска ќе те поканам фамилијарно, а не сама или со партнерот. Твое е дали ќе дојдеш или не. Кај не многу блиски не ги носам децата. И на мене ми е побитно детето отколку свадбата. Проблем е што децата трчале, а не е проблем ако некој од гостите прави глупости. Не е воопшто никаков проблем ако се кршат чаши или ако гостите скокаат и урлаат како да не виделе свадба во животот. А и побитно е да се поканат роднини што не се видени одамна или колеги на родителите што поима немаш како изгледаат.
     
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Фала богу дека детето ќе ти е побитно од нечија свадба и никаде не спомнав дека било проблем што децата трчаат, ниту па кажав кој требало, а кој не требало да се покани. :)
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Не мислев на тебе. Коментарот мој се однесуваше на луѓе кои буквално молат некој да им ги чува децата за да отидат на свадба. Јас не сум таква. Кој кого сака нека кани. За мене не е убаво да се канат блиски без децата. Е сега...ако некој сака нека не ги носи. Не многу блиски нема логика да ги канам со деца. Родителите се тие што треба да внимаваат на децата. А не да се фатат на оро, а децата им трчаат низ сала.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Малку контрадикторно звучат овие две реченици, ама океј. :D Не знам зошто би било проблем ако децата трчат низ сала. Ако се веќе таму, шо треба да прават? Да седат на столче како статуи и да цимолат цела вечер: „мамо ма, ај да си идеме“? Ако сметаат децата не сфаќам зошто би биле поканети.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Не е проблем до толку што ќе трчаат низ сала, колку што знаат некогаш да направат бељи. Затоа треба и да се внимава. Самиот родител треба да е свесен дека треба да обрне внимание. Ако сметаш дека детето нема да ја издржи свадбата...или не го носи или не иди. Ако се мали децата не се проблем ниту порциите ниту столчињата.
     
    На smile:) и Цвет88 им се допаѓа ова.
  10. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Баш ако се помали децата повеќе проблеми има. Ако е поголемо ваљда од дома го имаат воспитано како треба да се однесува. А ако е помало ќе му се приспие, па ќе се расплаче, ќе се развриште на сред свадба, па ти чукај си ја главата.
     
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Никогаш не би поканила деца на братучеди, комшики итн. Колку сака нека се увредени. Јас одлучувам кој ќе е поканет, а не тие. Свадба и без деца може да пројде. Тоа порции и место е еден проблем и не толку битен, колку што прават беља. Ако знам дека некој што ќе е на листата на поканети е проблематичен ќе го прешкртнам фино лепо. Јас ако викнам братучетка ќе ја викнам оти ми е драга и оти ми е блиска. А, ако не е покането нејзиното дете не значи дека имам нешто против, само сум се одлучила за поскромна свадба. Ако таа нема кој да и го чува океј е, разбирам. Ама ако ми се налути зошто не сум и го викнала детето.... немам зборови.
    Место да се замислите и да цените дека некој помислил на вас и ве поканил да присуствувате на тој битен настан вие се фаќате зашо вашите деца не биле викнати и затоа нема да идете.Мислам...
     
    На spacegirl92, Amellie13, sanie и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.525
    Допаѓања:
    201.593
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека нема да се налутат братучедите? Плус, ако се мали децата (што верувам дека е случај) големи се шансите да дојде само едниот партнер ако нема кој да ги чува. Пошто сигурно и тетките и вујковците (баби и дедовци на гореспоменатите деца) ќе бидат на свадбата. Или и тие не мора да доаѓаат, нека ги чуваат децата, што мајка бараат на свадба.

    Секој нека си прави како што си замислил. Јас си кажав мое мислење. Секако на мојата свадба имаше место за сите и не беше голема.
     
    На Puffy2019, Kaetana, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Па шо ако плаче? Мајка татко ќе го изнесе надвор и готово..
    А бабине коа ќе почнат да плачат и редат? Па лигавешки, дој да те цунам...
    Изговор ќе се најде секако.
    Ок е да сметаш дека дете не е за на свадба, ама да се бараат вакви глупи изговори..
    Ќе плачело, столче ќе зафатело, порција ќе изело, мислам дека е превише.
     
    На smile:), Mantub и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Не реков дека дете не е за свадба, туку одговорив на нејзиниот цитат. :)
     
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.961
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што со муабетиве. Никој нема ништо против децата, едноставно така си ја замислиле свадбата, без разлика од која причина и имаат потполно право на тоа. Ако нема кој да ги чува, едноставно е, не се иде на свадбата и секако дека би било убаво, навремено да бидат известени за истово. Ниту е навреда, ниту повреда, ниту не знам што.
     
    На Regina.Phalange, Annora, CameliaMiller и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    И плус свадба е реално мачење за некои деца, особено помали. Може да се мирни тоа океј, ама да им смета гласната музика, со саати да мора да седи итн. Едноставно деца не се носат секаде.
    Јас би ги поканила и децата ама само кои јас ги знам и тие мене. Значи деца на братучеди на пример. Други не гледам потреба.
     
    На nevermet18, SummerGirl и Цвет88 им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    Ако ме цени ќе ме покани со деца. А мое е дали ќе дојдам. Зборам за деца на братучеди. А дека сите си ги ценат гостите, не верувам. Другарката како ќе ја викнеш? Сама или со партнерот кој го гледаш само за поводи?
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Дај те молам. Каде тоа го пишува ценење на особа=да те викне со се деца? Ако не ценам некој од гостите нема ни да го викнам simple as that.
    Ако сите вака се лутеа што не и биле викани децата тогаш пола Македонија ќе си беше раскарана.
    Друго е возрасни луѓе, друго е деца. Не држи вода компарацијата.
     
    На Amellie13 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    И јас не би одела на свадба ако поканата е без дете. Немам на кој да ја оставам да ја чува и тоа е тоа.
    А обожава свадби, до сега кај што сме биле секогаш играла и била ептен расположена. И би ми било криво плус она да не оди, што знам.
    Нашата свадба со деца беше, ама тогаш немав дете и да бидам искрена воопшто не ги ни приметував, знам по фустанот само девојчиња помали ми трчкаа и беа ко зашеметени. :D
     
    На smile:), Puffy2019, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.072
    Допаѓања:
    36.160
    Пол:
    Женски
    А што е разликата помеѓу возрасните и децата? Возрасен нема да направи проблем?