Јас досега со дете сум била на една свадба, и тоа зошто беше свадба на моја најдобра другарка, моите беа гости на истата, а семејството на сопругот беше на друга свадба. Ептен немаше кој да го чува, а неесмев да пропуштам Инаку навистина не ја разбирам потребата од носење деца на свадба, прво нормално е да им се приспие веќе за време на вечерата и да почнат да збеснуваат. Второ, родителите неможат да се опуштат зошто очите ќе им бидат во децата. Јас не забранив деца на мојата свадба, но никој не ги ни донесе па дури ни братучедите
Ама ова не е дискусијата. И јас не би носела дете на свадба. И многу пати во темава напишав дека многу ме нервираат родители што дозволуваат децата да им збеснат на свадба. Дискусијата е дали е некултурно да биде потенцирано од младенците дека не сакаат деца, а не ти дали индивидуално ќе си одлучиш да не го понесеш детето
Себично е да правиш свадба и да очекуваш да собереш пари од поклони, а да поминеш со најмалку. Ако сакаш да добиеш треба да дадеш. Ако немаш да платиш за сите што треба да ги поканиш не прави свадба.
Не е убаво да пратиш покани на блиски на кои ќе пишува само Јанко и Станка без претходно да разговараш со нив.Поарно е да го скратиш списокот на гости ако ти е за пари.Подалечните роднини не ги викај. Кој има пари,нека плати некој што ќе занимава деца. Да,некои луѓе ќе се налутат ако не им ги викаш децата и со право. И децата се дел од фамилијата.Мирни или немирни,крв се. Кога се венчаваш,ако е од љубов,важни ќе сте само ти и партнерот,и вашето спојување.Не треба да те погодува детското трчање. И подобро човек ќе се справи со дете отколку со некој возрасен гостин што пие цело време и се дере ко ненормален.
Исто беше и со моите. Ко мала моите секаде ме носеа на свадба, плус баш ми беше интересно. Но, ние и само кај најблиските сме оделе. На деца свадбите им се најинтересни, кои радости ми биле кога малецки деверуши бевме кај 1ва братучетка со едно девојче, па фустан ми шиеја, еднаш и мала невестичка бев, па ќејфови цела. Сега со сила да ме тераат не ми се иде. Секој со својот избор, јас на свадба па баш би сакала деца да имам појше и да се радуваат него стринки од 4то колено и чичковци дојдени за да пијат и да се праат бетон. Не памтам да не сме биле викнати на свадба сите ко фамилија стварно. Ама пак ќе речам сме оделе кај најблиски роднини. Нема потреба од идење кај некој првпат или вторпат у живот што го гледаш да идеш.
Ако поканиш роднини што не си ги видела одамна тоа подразбира дека они ќе се довлечкаат сите топтан. Си поканила двајца од семејството, а доаѓаат сите. И на крај незгодно ќе ти падне затоа што си викнала блиски без деца, а овие се тупосале со деца. Не се виделе младите од мали со братучедите, па ајде сега на свадба ќе обновуваат роднински врски. Ако немам финансии да ги поканам сите што сакам, не ни правам свадба. Нормално дека нема да ги поканам колегите на татко ми фамилијарно. Се знае....фамилијарно се канат најблиските. И да почне да плаче детето ќе си отидам дома. Голема работа ако сум отишла порано. Кај прв братучед не го однесов поголемиот на свадба. А бев поканета со дете. Причина....јас не осеќав потреба да го однесам баш таму. И така одењето на таа свадба беше ради реда.
Кој спомна пари од поклони и планирање на мала свадба ко да е бизнис план со добра заработка? Ко да ве викнале пријатели да излезете една вечер во кафиќ малку да се опуштите и забавувате до покасно. Ги носите и тогаш децата со себе или тогаш се снаоѓате за чување? Не излегувате со друштво некогаш за викенд? И ако веќе стварно нема кој да ги чува, се јавуваш, кажуваш каква е ситуацијата и ваљда за неколку деца нема да направат проблем младоженците. Проблем ќе направат сите останати после со муабети -зошто неговото дете е покането а моето не? Осет и култура малку повеќе треба и нема да има толку драми.
Како стигна муабетот до собирање пари навистина не знам... Јас лично прослава правам затоа што сакам мојата среќа да ја споделам со најблиските. Дали јас не треба да правам свадба затоа што братучетка би била навредена ако нејзиното дете нема да дојде??? Се работи за мој ден, моја прослава. Штом јас сум одлучила да правам мала свадба значи има причина за тоа. Ако некој навистина ти е близок ќе ја почитува твојата желба. Мене деца како деца не ми сметаат. Конкретно во мојот случај едноставно не е изводливо. И пак ќе кажам, очекувам разбирање и не гледам зашто некој би навредил.
Многу драматизирате да ви кажам. Сигурно, ама СИГУРНО, колешкиве без деца и без мажи ќе ги поканам. Ни им ги знам децата, ни сакам да им ги знам. За роднините знам со кои треба да поразговарам. Ако се несвесни дека детето им е немирно, нека се лутат. Најмал проблем ми е тоа. Некој да ме зае*ава, е тоа не може. Ако вие сте родители со осет, не се сите. И не на сите невести им е слатко 5 деца обесени за фустан. Еве мене ич не ми е.
Пред 6 години бевме поканети на свадба кај многу блиски луѓе, кумашинци. Отидов само со мајка ми и брат ми бидејќи татко ми мораше да оди на службен пат. Бевме планирани на маса број 2. Пристигаме, маса број два полна со возрасни и деца, непоканети деца од 6 7 8 години. Кумашинот се засрами, келнерите уште повеќе, овие на масата ни срам ни перде не ни понудија решение туку дрско одговорија дека и децата сакале да дојдат иако на нивната покана јасно пишуваше кои се поканети, само мажот и жената. Кумашинот беше фер човек и не покани на главната маса. Подоцна децата од маса број 2 направија неред низ сет ресторант, едниот келнер ги испушти чиниите со вечера затоа што едното дете се погоди ептен бесно да се турка во него, се туркаше и во невестата. Мајката на детето не реагираше туку го оправдуваше својот син со - Пушти го дете е. На моја свадба би била искрена со оние кои планирам да ги канам, не ми е гајле дали се лутеле или не. Моја свадба е, не сакам неред, не сакам несакани ситуации со невоспитани деца.
Е па за да немате ситуации со несакани последици, ќе си ги поканите само поблиските. И како што вие имате право кого да каните на вашата свадба, така и гостите имаат право да одлучат дали ќе дојдат. На некој децата му се побитни од свадбата.
Како бе вака кажувате кој да се кани? Треба да дојде тој што е поканет, не зборувам за бебиња или за тригодишни деца што дошле. Ама еве мајка ми ме праша да покани први братучетки и да ми дојдат плус со своите 15 годишни деца, не е во ред, ме сфаќаш? Зашто местата се планирани. Ти ако не сакаш да дојдеш бидејќи твоето дете не е кането, кажи си нема да дојдам и готово, ама невкусно и безобразно е да кажуваш да се канат само поблиски зашто треба да има место за вашите деца. Извини, но така е.
Мене моите ми ги платија порциите(тие сакаа да биде тоа од нив), ме прашаа дали може да поканат двајца од неколку куќи, јас се согласив. Требаше мајките со деца да ги прашам? Какви ти се овие прашања?
Точно така, ама не треба ти да коментираш дека требало да се канат толку и толку за да има место за деца. Ти ако не сакаш да одиш, ќе си кажеш и крај.
За канењето на поблиските....се кани кој стигне само за да не се навредат родителите. Поарно да поканам поблиски со деца, отколку тетки, стрини на моите кои не сум ги видела од мала. Секогаш кажувам унапред ако не идам на свадба. Летово имаме свадба и веќе ги известивме младите дека нема одиме. Нема кој да ги чува децата.
Од мала колку што се сеќавам на прсти се бројат свадбите на кои сум била. На секоја покана ги пишувало само имињата на моите, па се случувало и доколку и мене ме пишува да не ме однесат. Сме имале и случај блиски роднини да не поканат никој од нас а поканиле некои рандом луѓе што очи не сакаат да си видат или се на едно здраво. Сè зависи до луѓето, кај нас искрено деца носеле кај роднини или ретко некој ако има мало дете да нема кај да го остави, а да носиш деца кај другари и познаници - не. А познавам и луѓе кои и двајца да се поканети одат 5 и тоа децата не се баш деца, и сметам дека не е во ред.
Тоа отсекогаш така било. Најчесто со подалечните роднини. Се канат двајца, а они ги носат и децата. А децата доаѓаат со нивните девојки, или во најлош случај, со жена и деца.