Уште полошо, нас ни било срам кај роднини да одиме сите и гледаш нивни познаници кои биле поканети (по комшиска линија ) идат комплет со 20 годишни "деца".
Доколку ставам доволно пари во плик ќе земам и порција за детето. Зошто да плачи цела вечер оставено кај баба и дедо по нас, нека си дојди, нека си седи со мене.
Чист пазар. Преброј до денар да испадне точно порција со “поклон” за да не си во минус. Што има да плаче дете таму вака и да плаче во сала од музиката нема да се слуша, во право си.
Ако ставиш доволно пари у плико можеш и цела потесна и поширока фамилија да си ја понесеш. Зашо да дремат дома, нека играат орце
Оти не правите свадба? И земаш со испечатени мислења од овде го плескаш по глава лево десно лево десно до бесознание.
И обратно, ако не ставите доволно пари може да исфрлат некој од вас насред свадба...по твојава логика.
да, токму така. Ќе си седи до мене, нема да прај никакви проблеми ни да плачи ни ништо само ќе се израдува, а тие што пишат на поканата без деца немам коментар. Абре отворете душа луѓе, некој ако има проблематично дете сигурно нема да го земи со себе. Ако е детето мирно и родителите со ќеф ќе дојдат.
Ќе разберам да им смета ако донесеш невоспитано дете на свадбата, ќе разберам и ако донесеш дете на свадбата, земеш порција и за детето, а во пликот не ставиш доволно пари со кои барем ќе се покријат порциите. Ама никако не можам да сфатам како ќе им смета ако донесеш воспитано дете на свадбата и ако си платиш порција и за детето. Нема да бидат во никаква загуба. Ама изгледа само маани да се наоѓа. И никој не рече дека ако ставиш доволно пари во плико можеш да си ја донесеш цела фамилија. Многу преувеличувате. Не гледам ништо лошо и страшно и не гледам причина за на некој да му смета ако дојдеш со дете, пак ќе речам под услов да е воспитано и ако земеш порција и за него, да ставиш доволно пари во плик.
Да, но многу младоженци потрошиле месеци и месеци да ја организираат прославата, во тоа спаѓа нарачување оволно храна, столови, распоред на седење, превоз, итн. и ако многу о гостите решат да си ги донесат децата ќе се створи голема збрка, недоволно место за седење, неостаток на храна, итн. кои на крај тие ќе требат да се справуваат на сред свадба. Зошто да им го расипеш нивниот ден? На крај краева доколку мораш да го земеш детето, јави се и прашај пред време дали може, доколку не може, не мораш а одиш ти.
каков превоз какво нарачување храна?? Порциите тие да не ги прават во кујната од кафаната? Дај ве молам.. Сигурно јас детето не би го зела кај колеги од работа туку кај роднини
Малку себично ви е ова. Не сите невести не викаат деца ради порција. Има некои кои едноставно не сакаат деца. А, вие како поканети може да ја испочитувате таа одлука. Ако нема кој да ви го чува нема што да си го влечкате со себе. Останете си дома не е крај света.
Значи кога одиш на свадба кај колеги, детето може да седи дома со баба дедо и да плаче, а кај роднини со тебе. Доколку ти се ептен блиски роднини јас верувам и ќе бидеш поканета заедно со децата, но доколку желба на младите е да прават свадба без децата треба да се испочитува и тоа. Ништо страшно ако една вечер неколку саати децата не се со вас.
Јас за мојата свадба имав организиран превоз и донесено храна. Не ги прават тие порциите, но што околку на сред свадба речат немаме доволно? Кај роднини се случи и тоа... Погледнете поалеку о својот нос во животот.
А ти си правела свадба?! Најавуваш број на гости, маси, распоред на седење. Најавуваш 200 гости и оп, 300 излегуваат. Каде ќе седнат? Во кујна персонал спремен да прави 200 порции и наеднаш треба 300. Битно ти твојот ќејф ќе го истераш.