Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. Feminka88

    Feminka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2019
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Си слушнала за тоа дека треба да се потврди присуство на свадбата и бројот на луѓе колку ќе одат??
    Пишува на секоја покана ве молам потврдете присиство и дадени се броевите на фамилиите. Ајде поздрав
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Па на поканата ако пишува Трајан и Трајанка, нема ти да пријавиш 2 плус Трајченце, значи 3.
    Може си ја утнала темата.
     
    На Nade-sunrise, Bubish26, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    26.937
    Јас таква покана не сум добила. Ваљда најнов тренд е ова.
    Ама, како бе, нели ви е неугодно поканети сте двајца, а пример потврдуваш четворојца (пример имаш близнаци)
     
    На princess5, flawless_ и kukla21 им се допаѓа ова.
  4. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Ако некаде е експлицитно кажано дека тие што ја прават свадбата не сакаат деца да им дојдат, тоа треба да се испочитува. Не е ни битна нивната причина, нивна свадба, како си сакаат така.

    Ако луѓето со деца се навредени од овој момент, нека не отидат на свадбата. Па утре кога ќе ве прашаат зашто не бевте, ќе си кажете.

    Ако сте немале друго решение за кој да го чува детето таа вечер, исто ќе си останете дома. И пак. утре ако ви префрлат зашто не сте им се појавиле на свадба, ќе си кажете немаше кој да го чува малото и тоа е тоа.

    Ако се работи за поблиски луѓе, зашто да не прашате за вашето дете дали ќе е проблем да дојде? Ако сте вистински блиски (ако ти е прв братучед не мора да значи дека ти е близок, крвта не е единственото нешто што ве прави блиски) претпоставувам дека може отворен и искрен муабет да се направи.

    И секако ако не отидете на свадбата, а знаете пред време дека нема да идете, убаво е тоа да го кажете на време. Има ресторани кои толерираат до 10% помалку гости, но има и ресторани кои не го прават тоа. Ако вие го гледате како себичност или непочитување тоа што ве канат без деца, не значи дека треба да возвратите со иста мера, напротив, бидете поголемата особа.
     
    На sj *O*, Nade-sunrise, tijanana и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Јас пари кога давам оставам секогаш повеќе. Не само са ги покријат порциите зошто ми е мерак да ги почастам. Сепак тоа е нели поклон.
    И
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.070
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Женски
    А нели е неугодно Поклон во плик? Од инает и децата ќе им ги донесам. Па нека му ја мислат после. Не сакале деца. Ама не е проблем да дојде Трпана со маж и, иако ги гледаш еднаш во две-три години.
     
    На Feminka88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    26.937
    Па да.
    Ама, ти како гост ќе си одлучиш дали ќе одиш или не. Мене не ми е разбирливо зошто да правам работи за инает. Испаѓа како да сакате да и саботирате свадбата.
    Ако ви е глупо што бараат поклон во плик не ни одете.
     
    На spacegirl92, Rubiii, Nade-sunrise и 7 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.070
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено...не сум некоу љубител на свадби...гледам да ги избегнам. Како што на нив не им е срам да бараат Поклон во плик (а сега веќе и грепки), зошто па на мене да ми е срам да ги однесам децата?

    Ретко носам деца по свадби. Ако не идам однапред се најавувам дека нема да одам. Деца носам само кај блиски. И на мојата свадба ги канев гостите со деца. Секако беа поканети најблиските. Отколку да канам далечни роднини па да ми се довлечкаат цели фамилии.
     
  9. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Може и тебе те гледаат еднаш во две години ама те поканиле ради реда и некои адети и сега ќе им носиш и деца и се? Не сметаш дека е безобразно?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.070
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Женски
    Веќе пишав дека не одам кај далечни роднини. Само кај први братучеди.

    А дека идат подалечни роднини со деца, идат. На една свадба кај што бев беа поканети само двајца од семејстото, а дојде цела тајфа. Настана каша попара. Ама адет, нели. Срамота е да не ја поканиш роднината на татко ти што не си ја видела од мала и кој дошла само сеир да фаќа.
     
  11. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Сите си прават математики :tmi:
    Има безобразни,подалечни роднини пријатели кои носат деца,а притоа децата не се поканетии со тоа се создава плус трошок за младите. Ако дојдат 10души со по 2 деца неканети,тоа се 20 места плус и 20 порции. Секој си знае колку пари има колку гости може да си дозволи.

    За поблиски,не верувам дека некој не би ги поканил и обезбедил место/порција,ама штознам можеби е нов тренд.

    Дека има без осет родители и деца кои не се контролираат,туку се пуштат да прават што сакаат,тоа има. Родителите си седнат,јадат,пијат,играат,а децата беснеат и прават што стигнат.

    Ако ме канат некаде без дете, ако можам да го оставам и да отидам,добро,ако не можам,нема да одам и нема зошто да се лутат.

    На мојата свадба имаше неколку што доведоа плус деца со нив,а не беа планирани,среќа што имаше каде да се сместат,пошироки маси,ако немаше место,каде да ги ставевме? На масата со музичарите????

    И не зборам за деца од 1,2,3 години,туку за 10+ за кои мора да се обезбеди столче,не можат да седат во скут кај мајка и татко.
     
    На FreeMind, SummerGirl, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.567
    Допаѓања:
    23.975
    Пол:
    Женски
    на поканите пишува за потврда или ако не, кога ја даваш кажи си,прашај си. Кај нас на поканата се пишуваат имињата на возрасните, децата се подразбира дека се поканети. Првично го даваш бројот со децата во ресторан, доколку некој откаже финалниот список се дава 2 дена пред свадба. Ако на поканата пишува само моето име и на маж ми, ќерка ми да не ја носам? Глупост. Кога се прави свадба мора да се мисли на се, кој како ќе ја свати поканата, списокот е деф.најтежок за правење. До сега не сум сретнала некој да забрани деца на свадба, а дека треба да се бројат доколку не си нагласил без деца, треба.
    Искрено мене тоа ново правило ми е смешно, автоматски и мене немој да ме броиш, ќерка ми нема на кого да ја оставам.
    За правење свадба со многу гости сум само ако се има доволно средства, доколку 10-20 порции ви прават проблем, направете интимна свадба со најблиските или пак потрошете ги парите на некоја церемонија во страствно каде ќе бидете вие и вашите сведоци. Секогаш сум била за тоа, ако се прави нешто да се прави како треба. Ако е буџетот 3000 евра, наместо попразно мени зарад 300 гости, би направила свадба со 50 гости ама екстра мени. Свадба е голем трошок, за жал во Мк луѓе земаат кредит за тоа, така да ради што ќе рекле комшиите или далечните роднини што не сте ги поканиме се прават без везе огромни свадби.
     
    На Puffy2019, cresa-jagoda и Kitten им се допаѓа ова.
  13. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    WTF? Значи сите што сум ги поканила треба да очекувам да дојдат со се деца, тетки, стринки? Глупост. Не јас не ти ги канам децата, тебе те канам. Не се финансиите проблем за 10+ луѓе, туку да гужвата што ќе настане заради безобразлукот.
     
  14. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    908
    Пол:
    Женски
    Колку терсене народ сме... незамисливо да однесат паричен поклон ако не се викнати со децата. :rofl: Не гледам зошто е тоа некаков вид на навреда. Исто како што не е навреда на свадба кај некој подалечен (пр.колега од работа) да бидете поканети без партнерот. Едноставно секој си ја планира свадбата по сопствена математика.
    А и не ми е јасно што би правело дете на свадба? Ќе трча наоколу/ќе седи мирно, зависи од дете до дете, и веќе на половина свадба ќе му се приспие. Не знам ни моите зошто ме носеле на некои свадби како помала.
    За постаро дете, зависи колку е блиска фамилијата со тие што прават свадба, секако дека од потесен круг на семејството се викаат сите. Ако ги викнам децата на блиски пријатели, не значи дека треба да ги викнам и на некој подалечен.
    А тие што буквално ги трупнуваат децата на туѓа свадба без да е напоменето, дали во покана дали лично, ги сметам за безобразни.
     
    На spacegirl92, FRANCUZINOT, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Мене не ми беше никаков проблем дали некој ќе дојде со или без деца. На сите поканети истото им го кажав, дека се поканети со деца и оставив на нив да си одлучат дали ќе ги носат или не. Сите дечиња беа планирани и сите дојдоа, освен на старосватовите кој сами одлучија да не ги носат.
    Гужви немаше, имаше интересни случки. Пример бидејќи на музиката и оставаа многу пари, посебно на тапанот, парите паѓаа на земја и децата си ги собраа. Исто и од прасето, ама после ги вратија. :D
     
    На FreeMind, Puffy2019, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Еве мене нешто не ми е јасно во врска со свадбите..... порано на свадба се носеше поклон ( миксер, тава, тенџере, итн, итн ..... некој пример ќе купе миксер до 1000 ден. а ќе одат 2 , 3 , 4 или лица на свадба и никој ништо не викаше..... не се ценеше колку кошта миксеро ) а денес кога ставаат пари во плик малку биле 2000 ден. ако одат 2, 3,4, ..... епа може некој нема пари а сака да оде поканет е , (поштовање) и 1000 ден да ставе во плико асе пример 2 доволно е ... зашо се пресметуват порциите не ми е јасно ...... порано со тенџерињата миксерите тавите не се пресметуваат колку коштат порциите
     
    На Kitten и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Е добро, ако ти се блиски луѓето нема да им е гајле колку си ставила во пликото, ако не ти се блиски не знам што се замараш. Инаку подобро пари одколку 8 миксери да добиеш, да ти ќе поминеш на редот за поклон, ама после младоженците ќе се чудат што да прават со 8 миксери :) инаку темава не е за поклони, мислам дека има друга тема за тоа
     
    На cresa-jagoda, sierra и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.070
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Женски
    Порано евтини беа порциите. Сега испод 800 денари нема порција. Јас ако немам пари нема да отидам на свадба.

    Има друга тема за ова мислам.
     
    На Rubiii и flawless_ им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Концептот за "Adults-Only" свадба не претставува нов тренд (барем не во Англосаксонските држави како Америка и Канада), туку личен избор кој им припаѓа само на невестата и младоженецот кој гостите треба да го почитуваат бидејќи тие ја организираат таа прослава со цел да го означат нивното стапување во брак и треба да бидете среќни за нив. Нивно право е да ја организираат свадбата како им одговара, а ваше право е да ја прифатите или да не ја прифатите нивната покана. Ако драматизирате за оваа лична преференца, само покажувате дека немате никаков обзир за нивниот посебен ден за кои се труделе со месеци да го планираат, што е навистина неблагодарно.

    Без разлика дали причините за таква одлука се финансиски трошоци, капацитет за број на гости или бидејќи едноставно не се посакувани деца на свадбата поради нивното однесување, воопшто не е себично вашите деца да не бидат поканети на свадба, бидејќи тие не се причината или центарот на вниманието на свадбата. Напротив, себично е да им придавате чувство на вина на невестата и младоженецот за одлука која целосно им припаѓа на нив и немааат никаква обврска на вам да ја оправдуваат истата. Бидејќи ако тие навистина би немале почит кон вас, тогаш воопшто не би ве ни поканиле на нивната свадба на прво место.

    Како родители поканети на "Adults-Only" свадба, главно имате двe опции, без потреба од драматизирање:
    • Ќе ја почитувате одлуката на невестата и младоженецот, со тоа што ќе ја прифатите поканата доколку сте во можност на тој датум некој друг да внимава на вашите деца (роднина, пријател или babysitter).
    • Ќе ја почитувате одлуката на невестата и младоженецот, со тоа што ќе ја одбиете поканата доколку не сакате или не можете да присуствувате на свадбата без вашите деца.
    Мислам дека главната причина поради кои одредени родители стануваат изреволтирани кога ќе добијат покана за "Adults-Only" свадба е бидејќи им е тешко да ја прифатат реалноста дека нивните деца не се центарот на универзумот и дека истите не се посакувани да присуствуваат на буквално секоја прослава, а тоа сепак да не претставува личен напад врз нивното постоење.
     
    На spacegirl92, Ena05, Ula и 15 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    093C0567-CC50-4731-B25A-5B7F96D4868B.jpeg
     
    На spacegirl92, MeowMeow, Jana06 и 8 други им се допаѓа ова.