1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Срамота е дете да прешкртате тоа ќе кажам само.
     
    На kim.k, cresa-jagoda, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Порано сме оделе цели фамилии по свадби. Кога се мажеа/женеа братучеди на мајка ми, татко ми, иделе и баба ми и дедо ми, моите, па и ние ко деца. Значи не било по двајца од фамилија само. Сите си ги носеа децата, ама што знам, ние мирни бевме, знаевме со поглед од нашите да се смириме.
    Мене многу ми смета што пример дојде време кога јас на свадба на мои втори братучеди не сум поканета. Не, пишани се мајка ми и татко ми на поканата. А тие се иста возраст со мене. Не знам кој им е филмот. Мајка ми и онака веќе не и се оди по свадби, постојано труби јас да одам на нивно место, али не ми паѓа на крај памет. Ако сакаат стари по 60 години да им одат на свадба, наместо млади, супер за нив. Јас секако нема да правам свадба, не планирам ништо големо во тој дел, секако дека никој од овие нема да биде поканет, али кога би канела би ги канела оние од моја генерација, а не прошлата. Но што знам јас.
    За деца на свадба сум, али и не сум искрено. Мизерно е да се потенцира тоа на покана, но родителот ако знае дека не може да си го контролира детето треба дома да го остави.
     
    На Gosh, Luna91, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Кога бев на една свадба скоро,покрај возрасните,мајката и таткото,беа и децата со своите партнери.Дечкото и девојката на ќерката и синот.(facepalm)
    Да се виделе и да се запознаеле со младите.
    Ова е претеризам според мене.Ако биле планирани двајца,родителите,доаѓаат уште четворица возрасни.Па се носат столици,се прават промени во распоредот.И многу ќе се видат со младите,до сега не се запознале,па морало на свадба.
    Изгледа ваквите покани,важат за луѓе без осет,како погоре опишаниве.

    А да добијам ваква покана,со децата прешкртани,не би отишла.Сме ги носеле децата на свадби кај блиски луѓе,доживување им беше.Трчаат,играат,ќе си најдат друштво,убаво и весело е со деца.
     
    На ivimis, BlackNight, eloves и 19 други им се допаѓа ова.
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Е ова. Јас со дечко ми сме со години заедно, сум добивала покани и јас да одам со него кај негови роднини на свадби, никогаш не сум отишла. Дури на некои и чудно им е зашто не сум отишла, сум добивала ококорени очиња. Мене ми е глупо, очигледно на многумина им е нормална работа.
     
    На ivimis, naturally, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Oтсекoгaш се знaелo дaли пoкaнaтa е сaмo зa двaјцa или зa целa фaмилијa. Акo не пишувa -сo фaмилијaтa туку сaмo имињaтa нa сoпружниците, јaснo е декa децaтa не се плaнирaни вo списoк. И тoa требa дa се пoчитувa, иaкo oтприликa се знaе -пoблиски нoрмaлнo сo децa a пoдaлечни рoднини, пријaтели, кoлеги...без децa. Глупaвo е пoвеќе oд oвa дa се пoтенцирa сo пречкртувaње и сличнo, кaкo штo е глупaвo и дa влечкaш децa сo тебе нa секoјa свaдбa. Не е битнo кoлку пaри ќе стaвиш вo пликo туку некoј си плaнирa брoј нa гoсти, не е oтвoрен пaнaѓур пa кoј дoшoл -дoбрoдoшoл.
     
    На TheBlackRose, azelea, eloves и 28 други им се допаѓа ова.
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.359
    Пол:
    Женски
    Срамота!
    Ме иритира тоа што почнаа да си кажуваат што да им носиш поклон па сеа и ова. (facepalm)
    Како деца моите не не носеле по свадби, само кај најблиските тоа се знае.
    После тоа и да бевме викани мислам цело семејство, не одевме јас и сестра ми. Искрено не ми се одеше на свадби кај подалечни роднини макар и да бевме викани сите.
    Денеска или јас и сестра ми одиме или мајка ми и татко ми. Ретко одиме сите заедно ако ни е некој стварно близок.
    Кога ке имам деца нема да ги носам по свадби, освен кај најблиските.
    Ама сепак ова е многу некултурно што го направиле, не оправдувам (fingers)
     
    На eloves, Luna91, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    До сега Ѕверката не сум ја носела на свадби ама во јуни ми се жени близок братучед, ни на крај памет не ми паднало дека може да рече без дете да дојдам, толку и мене би ме дочекал ако каже такво нешто. Јас прво нејзе фустан и купив... а и на поканата прво нејзиното име е па нашите, ова ме стопи, искрено.
    На мојата свадба имаше деца, на двете внукички јас им купив исти фустанчиња од мерак.
    Кој прешкртал дете на покана ќе осети колку недолично е тоа на своја кожа верувам.
     
    На SummerGirl, Trxmx, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    На последната свадба каде што бевме, на поканата го пишуваше моето име и името на маж ми. Нормално, отидовме без деца. Ние и така планиравме да не ги носиме децата. Младите не ни се многу блиски. Не гледам потреба да ги носам децата на свадби кај подалечни луѓе.
     
    Последна измена: 27 мај 2017
    На eloves, Trxmx, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Кој е напишан на поканата тој оди. Ај ако не и старите земи ги ако живеете во заедница, нели фамилија ти се и тие.
    Кај брат/ сестра па и прв братучед секако дека ќе ти биде речено да ги земеш, пошто тоа е најблизок круг. Кај колега од работа пример, шо има дете да влечкаш.
    Да не се разбереме погрешно, не мразам деца, по свадбите обично деца чувам за мајките да поиграат пошто мене не ме бива ни за оро ни за танц, ама значи на свадби на далечни луѓе биле однесени тие деца па затоа ги чува рандом персона ради досада или момент на добра воља, да била блиска свадба на тие деца ќе биле повеќе члена од фамилијата и ќе ги чувала на пример бабата додека мајката играла и обратно.

    Изгледа младите со вакви покани се имаат изнагледано циркуси по туѓи свадби со неразбрани деца, читај родители шо не се замараат шо им праат децата.
    Пример на девер ми свадбата 2-3 девојченца упорно се фаќаа на оро и тоа до непознати за нив особи, мајката на друг крај игра растура, овие што формираат електрично коло мање битно, ај ако не и свадбата нека ја растурат не само орото. Ама не, мора да бидат на свадбата оти се мажи тета Х, а поканети се од братот нејзин пошто му е најдобар другар на тато. no sense

    На мојата свадба само внук ми беше, скоро 3 години имаше тогаш, ама некој постојано се забавјаше со него на страна, пошто цела фамилија го знае што зверка е, и има мерак да тегне долги фустани, да бара јас да го земам во раце пошто си се сакаме двајцата. На други блиски свадби го носат, се сликаат со него и го враќаат дома. Си го знаеме сите дека не е за по свадби.
     
    На ivimis, eloves, Trxmx и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Со ,,трендов'' делумно се согласувам. Иако, тоа со прешкртувањето и изречното напоменување дека не се сака деца на свадба е стварно дебилно. Освен ако причината е од финансиска природа, а младенците не може да си приуштат повеќе гости, тогаш е оправдано.

    Родители кои знаат дека имаат проблематични деца е препорачливо да не ги носат по свадби, туку да замолат некој да ги чува тие неколку часа дур се вратат. Додека оние помирните што не се бељаџии може да се земат.

    Едит: Не гледам проблем во тоа некој да подари пари во плик. Тоа е далеку подобра опција од расипен japan тостер или три броја помал фустан. Вака, што им е по волја на идните сопружници нека си купат со парите и готово.
     
    Последна измена: 27 мај 2017
    На eloves, Trxmx, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Доволно е на поканата да се напишат само имињата на родителите за да не одат децата. Во ред е да не се носат на свадби кај пријатели,колеги и некои така далечни роднини. Но, не би одела на свадба ако на поканата децата се прецртани.
     
    На Gosh и Luna91 им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Така де, под општа култура спаѓаат некои работи што никој не мора да ти ги каже за да ги направиш или да не ги направиш, во зависност од ситуацијата. Глупо е и едните да се прават мутави и другите да кажуваат.
    Верувам дека има невоспитани луѓе и деца, ама не е тоа решение и глупаво е.
    И онака најголем дел од луѓето си ги оставаат децата дома. Кој не сака да прави трошок, кој не сака да сметаат или да ги мислат цела вечер.

    Вака поради 3-4 поединци што можеш да ги ставиш на игнор или некако посуптилно да ги решиш на лице место, се ставаш во ситуација да се бламираш пред стотици луѓе што ќе ги каниш.

    Еве и јас немам деца, па да ми стигне таква покана одма ќе ми се створи некаква одбивност и слика за простотилук. Си има начин што си функцинира и сите се горе-доле ок со истиот. Чуму оваа дрскост?
     
    На eloves, Luna91, simonka93 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Точно така... Постојат непишани правила. Ако е некој без осет, ќе ги донесе децата и покрај што се пречкратни на поканата, може и за инает. Ама резилот ќе си го јадат младоженците кај луѓето кои всушност имаат осет и култура.
     
    На Luna91, ♡BuBaLe♡ и Giovanna им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Уште пред неколку години видов ваква покана за свадба (за брат ми беше), со прецртана слика од деца. Уште тогаш ми падна чудно што тоа го напишале, бидејќи секако се подразбираше дека само поканетите ќе одат на свадбата, само нивните имиња беа напишани. Дали до толку се нема осет и општа култура за почитување на некои непишани правила кои се подразбираат, а сепак одбрале да ги нагласат?

    Верувам дека сите ги носат децата по свадбите кај најблиски, ама сигурно нема да ги влечкаат кај колеги од работа на пример. Јас претпочитам на свадба деца да не носам, ако не морам, иако знам дека свадбите со деца се поубави. На мојата свадба имаше многу дечиња, и искрена да бидам, немаше никакви инциденти од нивна страна. Најверојатно се плашат младенците да не има проблеми со децата, ама јас, еве, не сум видела свадба каде што се случило такво нешто. Поголеми се шансите сватовите да се испијанат и да направат беља отколку децата.
     
    На azelea, eloves, Trxmx и 12 други им се допаѓа ова.
  15. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Искрено, мене ми се допаѓа ова правило, со тоа што сметам дека треба посуптилно да се назначи дека не треба да се носат деца.
    Не само на свадба, и во елитни ресторани (кои не се исклучиво семејни), невоспитани деца кои вриштат, плачат, се бркаат, се пикаат под маса, им пречат на келнерите и другите гости можат максимално да ја расипаат целата атмосфера и на сите да им преседне.
    Треба да се почитува тоа кој е напишан на поканата - тој и да присуствува.
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Значи и на невестата и е забрането да присуствува, или за неродени деца во стомак, забраната не важи? :D
     
    На kim.k, Summerlover, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа да одат само возрасните. Што бара таму дете да се малтретира , а и ти со него да го пазиш цело време , башка тоа не е игротека ..па ај сега сто пати "мама пази" и сл.
    Мада е невкусно да се нагласи БЕЗ ДЕЦА , навредливо е и иритирачко според мене . Секој свесен родител не би го понел детето со себе , прво заради него , а после и заради целата таа "церемонија" а мене коса ми се крева од свадби|(
     
    На eloves, Trxmx, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Дали родителите ќе одлучат да не ги носат децата по свадби за да не се малтретираат е ствар на нивен избор и животен стил на семејството, додека лошото однесување на децата на прославата (како и на било кое место во јавност) е одраз на воспитувањето од родителите.
    А нагласувањето при поканата и тоа на ваков начин со прешкртување мене ми изгледа како многу лош гест, некултурно и навредливо.
     
    На SummerGirl, azelea, ivi1987 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На братучедка ми така и се довлечкаа семејство, мајка татко со две ќерки и двата дечковци, со еден плик во кој што имало 1000 денари. Е ај сеа...
    Туку, ај децата, јас се изреволтирав пред некој ден, на татко ми прва братучедка ја мажи ќерка и, а баба ми не е поканета на свадбава, поканет само татко ми и сестра ми. Толку глупо ми падна за неа, па му викам на татко ми ти си будала ако на таа свадба отидеш. Фората било дека свадбава ќе била младалачка, нејќеле стари.
    Инаку јас ретко присуствувам на свадби, ама бев во септември на една, и заклучив дека единица мерка за досада е дете на свадба. Стварно значи pain in the ass дечурлана видов, невестата попизде, а и јас да бев на нејзино место ќе попиздев.
     
    На ivimis, SummerGirl, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Свадба - забрането за деца :^)
    Што се нема во оваа наша чудесна Македонија...
    Нормално е кај подалечни роднини, пријатели и колеги да не се оди со деца, но кај блиски... ???
    Не ми се допага и „трендот“ подарок во плик!!! Тоа ми личи како гостинот да е поканет со „цел“, а не од желба да присуствува на веселбата (facepalm)
    Во „мое време“ беше поинаку... „Подарок во плик“ немаше на поканите :!: Се оставаше плик со напишано презиме на семејството што се поканува или само со сопружниците, па на гостите беше да решат дали ке дојдат со деца или не!!! И никој, ама баш никој што носеше деца на свадба не земаше порција за детето... Никој не оди на свадба да се најаде, туку да им честита на младенците и да се провесели.

    И кога сме кај децата... Многу ми засметало на свадба кога ке слушнам коментар „децата го прекинале орото“, демек како пониски го нагрдиле орото... Коментаров е од баби :@, ако им смета нека седнат, а не на 60 години да се докажуваат како сеуште играат лесно како пеперутки ]:)
    Некои деца навистина сакаат да играат фатени на оро... Па, што ако детето до мене е мало и раката ми е надоле? Не сум јас невестата па сите во мене да гледаат!!!
    Како што не одобрувам прешкртано дете на поканата за свадба, не одобрувам и несовесност на родителите што понеле деца на свадба... Да го оставиш детето цела вечер да трча, плаче или бутка од маса значи дека си невоспитан родител... Однеси си го детето дома!!! За се си има правила на убаво однесување :!:
     
    На mode-kristina, azelea, Kaetana и 14 други им се допаѓа ова.