Јас сум против носење мали деца на свадба, нема што да прават, ќе плачат, рано ќе заспијат или само ќе трчаат и ќе беснеат. Не ми е јасно како може непокането, а да зафаќа место. Ако поканата е без деца би отишла со нив ако нема кој да ги чува, ама не барам место и не им менувам распоред. А зависи и дали е блиска свадбата може и да се откаже присуството.
Не е ова нов тренд, треба осет да се има. Нема да се тупнам на свадба со мали деца и мене непријатно и на нив досадно. Ако нема кој да ми ги чува културно ќе се заблагодарам за поканата и ќе им објаснам зошто не можам да присуствувам.
Тоа се живи глупости. Зашто да нема деца, баш децата ја прават свадбада повесела јас кај мене на свадба тие што не носеа деца ги враќав да ги земат.
Да, ја прават повесела свадбата така што трчаат натаму наваму, сметаат додека гостите играат, ја тегнат и газат невестата по фустанот итн... Доста забавно богами...
Кај поблиски ќе ја однесам (нашите старосвати ќе праат свадба, исто и ние ќе бидеме старосвати на друга свадба), додека и држи послушност супер, после тоа кај баба и дедо ајт. Или ќе ја однесеме ние или ќе дојде татко ми да ја земе и крај. Дете е, нормално дека по саат два ќе му стане досадно и ќе почне со бесни глисти. Е сега за нашата свадба ќе остане до крај, приморана ќе биде А што ќе види од свадбата тоа не се знае, ем ќе биде и крштевка, сигурно ќе биде преморена, како што станува 6:30-7 насабајле, вечерта до 11 и давам фора да издржи, крајот ќе го спие сигурно Кај колеги, и далечни роднини ич не би ја носела. И не сум за да се носат деца на свадби кај што не сме блиски со некого. А кога веќе се носат, малку фокусот во нив да е, а не родители играат пијат а децата јуриш да сметаат на други луѓе. За трчање и играње околу не ми сметаат, само да не праат циркузи поголеми Гледано за нашата свадба која следи, не би сакала да ме тегнат за венчаница искрено, иако може малава моја прва ќе ме фати да ме тегне, ама некој ќе интервенира од домашниве барем за прв танц, после ќе играме со неа во раце Ќе пишам баш како сме поминале со мало дете на свадба
Не не и не Неколку пати ја земав големата и велам не! Остај што и беше досадно и ушите и зуеја, цело време прашуваше кога ке си одиме дома. Кога дојдовме дома не можеше да спие од зуењето. Мислам има мн места каде се носат деца ама на свадба апсолутно не.
Јас сум била само на една свадба откако станав мајка, и тоа беше пред корона. Ја носев само дента по невестата, тоа траеше саат и пол. Вечерта не ја носев во хотел, зашто знам дека не може да издржи, ќе и се спие, ќе изведува, ќе морам да ја носам цело време во раце и ништо нема да видам од свадбата. За сечие добро, ја оставивме дома со баба и дедо.
Треба да имаме малку свест и кога правиме свадба и кога одиме на свадба. Прво не е во ред да пречкртуваш деца на покана, треба да се остави на свеста на поканетите. Доколку имаат хиперактивно дете што ќе беснее на свадба подобро да не се носи. Родителот ќе треба да трча по детево на свадба наместо да се види со пријатели/ роднини. Сум била сведок на мн свадби поготово првиот танц кога е уништен од стана на деца ( последната свадба 10 пати на микрофон им рекоа да си ги соберат децата за првиот танц ма јок бре како да не кажале) Доколку е мирно детево и е блиска свадба немам ништо против да се однесе 2/3 саати додека не му се здосади. Кога станува збор за поклони овде доага свеста кај нас гостите. Па не може да отидеш со поклон кој не ја надминува цената на една порција. Сите знаеме дека почетокот на една заедница е најтежок и им треба еден вид на помош колку толку. Подобро нема да одам на свадба од колку да отидам со сервис од 500 денари.
Јас кај сестра ми кога бевме минатата сабота 12.3.2022 година цело време ние беа во рае цело време ние додека игравме и тие играа со нас во рацце.Не ги оставив да запијат воппшто од сабаљето од 7 кога ги скорнав не ги оставив да заспијат до 4 по полноќ и другиот ден спиеа до попладнето.
Не е толку проблемот деца на свадба, си има тоа своја убавина колку што е неодговорноста на родителите. Ако решиле да ги носат децата со себе, тогаш треба да се припазат децата, а не да седат, гнетат и се пијанчат, а децата нека и се качат на торта на невестата, шо има везе деца се. Се знае дека со деца не е лесно. Ама забрана ми е многу без везе, како да е куче. Има луѓе што нема каде да ги остават или од некој принцип не сакаат. Тоа е, не може ко подмачкано се да биде
Вака сега тоа што има неодговорни родители има, али еве зборувам конкретно за свадбата од сестра ми јас ја имав најмалата враце, сестра ми ја имаше поголемата, а сопругот го имаше синот, јас и сетра ми бевме пијани јас бев малку повеќе и од неа па ги држевме некако ја поминавме.
Мали се твоите така, мислам дека се неколку месеци. 21час без сон возрасен тешко да издржи, а не па бебе. Не знам, не е нормално за мене тоа