Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    26.937
    Сестра ти невеста се занимавала цел ден со твоето дете? :?:
     
    На MeowMeow, Harper, Pixi5 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Пијана мајка ги држи будни децата (под 3 години) на свадба повеќе од 18 саати.
    Не знам дали сфаќаш како звучи ова? :|
     
    На Victorian, mode-kristina, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Не додека бевме во матично во црква и сл беа кај свекрва ми.
    После во сала коа бевме не ги оставив да спијат многу преспаа околу 40 мин и ги разбудив бидејќи другиот ден немаше да не остават да одмориме со мажот ми, а сестра ми самата сакаше да ја држи Маријана.
     
  4. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    А и башка од тоа сега додека сум на породилно секој ден се со мене во студио бидејќи татко ми има радио па да не седам така одам и водам емисии снимам вести и сл. Така да по цел ден се со музика (иако во викендите радиото работи само за мене)
     
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.604
    Допаѓања:
    39.685
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме на 2 свадби, на деверот и кумовите. Кај деверот и двете ги носев во ресторанот, а големата ја носев и по невестата кога одевме. Малата тогаш ја оставив кај мајка ми. Во ресторанот ја земавме и малата, моите ја занимаваа. Преку ден беше веселбата. А кај кумовите кога одевме по невестата, они си седеа дома, а во ресторанот вечер само големата ја земавме, малата кај моите ја оставивме. Се одрала плачејќи. Ја донесовме дома и ја викнавме на мм братучедка, ама и со неа плачеше па ја земавме со нас во ресторанот. Таму си спиеше во количката. После вечерата, свекорот и свеки си отидоа и ги земаа двете. Сега за некој месец сме кај сестра ми и тогаш ќе ги носам и двете, па свекор и свекрва кога ќе си одат ќе ги земат и нив
     
    На cresa-jagoda и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  6. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас не сите свадби ги носам еве кога се родија првите две Андреј и Маријана тие се родија на 8 Февруари ние на 22 Април бевме на свадба кај другар на мажот ми и сегде ги носев и по невеста и во матично и во црква и во сала.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.604
    Допаѓања:
    39.685
    Пол:
    Женски
    Јас не би ги носела, тоа е малтретирање за децата. Плус па кај другари, нема што да бараат по невеста или во црква, матично.
     
    На mode-kristina, MeowMeow, Harper и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас не можам си кажувам искрено мажот ми не ми нема речено ништо само ми рече како мислиш така прави.
    Еве кај мајка ми ги оставив еднаш бевме Охрид со татко ми и со мажот ми 200 пати и се јавив да видам како се.
    А кај свекрва ми не седат неа и прават проблем.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.010
    Пол:
    Женски
    Какво непотребно малтретирање на децата и на себе си....

    Инаку на темава, гледам сум пишувала веќе дека не е страшно да има деца на свадба, ама сега не мислам така. Скроз не им е местото на деца под 9-10 години на прослава за возрасни, ај што за нив може да е премногу гужва, гласно, звуци итн, ама и за родителите е мачење, наместо да уживаат во свадбата треба да ги пазат децата или па да ги држат во раце. Така да и ја би ставила ваква "забрана" за деца во поканите.
     
    Последна измена: 23 март 2022
    На mode-kristina, Harper, Srcka28 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.662
    Допаѓања:
    18.298
    Пол:
    Женски
    Синко беше на една свадба летово што помина и добро понинавме. Јадеше играше ама 90% надвор сакаше да седи и да трча. Бевме со моите па со татко ми најголем дел си преседе. Кога кажа дека му се спие си заминавме, веднаш после вечерата.
    Во друг град бевме со спиење и затоа беше и тој. На свадби други си одиме сами со маж ми, тој си седи со баби и дедовци. Кога сака да спие си одам јас маж ми се враќа на афтер.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.604
    Допаѓања:
    39.685
    Пол:
    Женски
    А ако се некои блиски и немаат на кој да ги оставаат децата?
     
    На mal.ecka и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.594
    Допаѓања:
    39.010
    Пол:
    Женски
    Ако имам таква ситуација ќе мислам кога ќе дојде
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Некој да ми нагласи дека моето дете не е добредојдено, нема да одам ни јас, без разлика дали би го носела или не.
    Дете е дел од семејство, не е фикус.
     
    На mode-kristina, christinnn, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Ако сме биле сите поканети, сите сме оделе.
    Бебе не би носела, не разбира ништо и само ќе го мачам.
    Ама на детенце што најмногу се радува на вакви настани, повеќе и од некои возрасни, не би му го скратувала искуството и споменот.
    Не се сите деца исти... Некои седат и без бељи да прават, ја следат церемонијата, некои играат оро, им се прави ќеиф невестата да ја фатат за рака, некои учат како се игра оро, други се дружат со другите деца и си учат кои им се поширокото семејство. Според мене доживување е тоа за нив и не би им го скратувала зашто мене ми се лумпувало, опивало или седело раат.
     
    На cresa-jagoda, Mikha4, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.187
    Допаѓања:
    125.319
    Пол:
    Женски
    Чаша-две разбирам, ама...
    Пијанчењето не е одговорност.Уште со деца покрај тебе...
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе @Cosmic Girl
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.604
    Допаѓања:
    39.685
    Пол:
    Женски
    Епа добро тогаш не скокај пред време. Сигурно нема да ти биде убаво ако тебе сестра ти или брат ти те покани на свадба без децата. Или обратно, сеедно
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.594
    Допаѓања:
    167.016
    Пол:
    Женски
    Јас не памтам шо имам коментирано на темава, иако памтам дека имам коментирано. Сега ќе речам само, нема да ми е пријатно некој на покана да ми пиши „забрането дете“. Нема да одам. Од друга страна не би ни зела дете со мене на свадба, прво го гледам малтретирање за него. Ако сме доволно блиски и е постаро би го земала дур се умори, па после да го вратам на чување кај некој. Накратко, да пишиш дека деца се забранети на покана ми е непочитување. А кога би ја имала опцијата би одбрала да одам без дете, сем ако не сме премногу блиски па да морам да го земам.

    Лично, кога бев дете, одење по свадби ми беше малтретирање. И сега ми е. Особено кога мораш да седиш и да не урлаш оти е срамота. А уствари, то е интересното за дете на свадба. Ама то во исто време не е пријатно за останатите гости.
     
    На mode-kristina, sweet-cherry, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.094
    Допаѓања:
    26.937
    Не би сакала деца на мојата идна свадба. Не би им забранила на гостите. Ама едноставно не сакам ни пак мислам дека ќе и обрнам многу внимание тогаш и ќе ги носам во раце.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  20. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    За деца под 10 години на свадба големо не, освен ако не се на некој од најблиските(брат-сестра, кум и старосват). Пред неколку години бев на една свадба каде што присуствуваа многу деца и мали и поголеми, настрана што цело време трчаа и се буткаа насекаде, а родителите гајле си немаа. Едно од помалите голтна нешто од подот и се задави па брза помош па се испаничија сите комплет и отиде цела свадба во неповрат.
     
    На Ena05 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.