1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов тренд - забрането носење деца на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од jacqueline.s, 27 мај 2017.

  1. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Зависи за колкави деца станува збор, бебе е греота да носиш на свадба и покрај толку гласна музика, оно има деца и си спијат немаат гајле од музика, ама сепак јас бебе не би носела, а детенце поголемо секако дека да, можеби е малтретирање повеќе за возрасните што треба да го бркаат (зависи до детето) има некој си седат и се мирни, отколку за детето.

    И истото ќе го пишев како една членка погоре, некој да ми нагласи и да ми забрани да го носам детето на свадба, воопшто и јас нема да отидам, макар и брат и сестра нека е ако сака.


    Еве пример од порано од мене ќе споделам, кога бев дете.
    Јас одев на играорна и многу сакав да играм, со душа чекав да дојде некоја свадба да одам, и на сите бевме поканети со толку голем ќеиф и среќа сум одела немате претстава, целиот свет беше мој коа требаше на свадба да се оди, ама се деси еднаш на една свадба беа поканети само возрасните без деца (а роднини блиски ни се) и таа вечер толку бев разочарана и се утепав од плачење дека нема да одам, ги молев мојте да ме земат, викав не мора за мене стол да има јас секако нема да седам само сакам да играм, ама не ме земаа, џабе. :rofl:
     
    На Victorian, Vanilla15, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Не знам што ме цитираш со непотребни коментари, свадбата си е настан со правила што си ги одлучуваат тие што ја прават, не комшиите.
     
    На mode-kristina, Ena05, Pixi5 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.562
    Пол:
    Женски
    Ок

    На форумов не смееш веќе ни да цитираш некој. Одма се вреѓат
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Те боли таквата дали се вреѓа некој.
    Штом пишуваат треба да очекуваат дека ќе бидат цитирани.
    Ако не им се дискутира нека не влегуваат во дебата.

    Се имам изјаснато на темата.
    Се знае каде би носела МАЛИ деца.
    Кај другарките сигурно не. Кај другарки по невеста не иди предвид.
    Ако ми напомене некој дека треба да одам без деца, нема да одам, без разлика дали сум планирала или не да ги носам децата.
     
    На mode-kristina, christinnn и forumce им се допаѓа ова.
  5. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    9.816
    Пол:
    Женски
    Доколку би правела свадба дефинитивно размислувам да биде adults only од причина што мислам дека на мали деца и бебиња им е малтретирање тој чин, гласна музика и гужва.
    Е сега, колку што е некултурно да се прешкртуваат децата на поканите, исто толку е некултурно кога ќе бидат поканети двајца сопружници а непланирано носат цела фамилија со себе.
     
    На Victorian, Angie1432, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.562
    Пол:
    Женски
    Јас на мојата свадба не ги ни приметив децата, најискрено. Ако има некоја невеста на која ѝ засметале децата нека си пише
     
    На mode-kristina, Ketchup и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Правев свадба, имаше деца.
    Имаше ситуација кога внук ми отиде позади музичарите и им исклучи нешто.
    Правевме на отворено свадба и имаше некој дел за децава, и скоро и да не ги приметив.
    Сега имам деца, близнаци. Ни во лудило не би ги однела на свадба. Одам и јас малце да се расположам, а они сигурно нема да седат до мене цело време, а јас и тие неколку саати да трчам по нив немам намера.
    И некој да ми рече без деца воопшто не би се налутила.
     
    На doll.a, Victorian, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Јас се навредив? :D
    Нешто погрешно си разбрала. Само ти реплицирам соодветно.
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.501
    Допаѓања:
    15.540
    Пол:
    Женски
    Па ја не знам зашо прават свадба тие кои им треба помош на почеток. Со парите за фотографи, фустан, ресторан итн итн можеш пола стан да уредиш.
     
    На Emotional123, mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски

    Па зашо ваљда не размислуваат како тебе и мене. Сатисфакција им е свадба да прават, дали за народот што ќе каже, дали за нив самите не знам има различни случаеви, но тоа е нивен проблем.

    Шо се однесува до мене не би праела свадба свадба. Би си направила мала забава строго со млади луѓе кои ми се најблиски. Али секој со своја желба и вкус.

    Никогаш не би зела кредит за да правам свадба, али тоа е друга тема.
     
    На Victorian и mode-kristina им се допаѓа ова.
  11. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Не знам како е по другите градови, но во мојов крај ако на поканата пишува #ИменаМаж и #ИменаЖена со фамилијата се подразбира дека се поканети и децата. Ако стои само Петко и Петкана, онда само брачниот пар без деца. Мада мислам секогаш при канењето се нагласува како и што.
    И нема тука лутиш. Ако ти се свиѓа, идеш на свадба, ако не, не мораш. И тебе добро, и на домаќините добро.
    Мајка ми ми кажуваше за случка кај што биле поканети само мајка ми и татко ми, по комшиска линија. И нормално, масата резервирана за осум души, само брачни парови. Арно ама, два од тие брачни пара решиле по едно дете да си донесат, и последните гости ко стигнале на масата, немало место. Па ајде викај по свекрвата, да носат келнерите столчиња, па они не сакале, преполна сала, оваа дали гости да пречекува, дали со столиците да се расправа..

    Ако ме канат без дете, ако ми одговара ќе појдам, ако не, фино лепо извинете, не можам да дојдам и пријатно, со здравје.
     
    На La-loca, Victorian, doll.a и 9 други им се допаѓа ова.
  12. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Јас обично не носам деца на прослави ем се мали , ем не разбираат и ќе треба да се бркам цела вечер. Затоа ги оставаме. Е сега ако те канат без деца твое си е да одлучиш дали ќе дојдеш или не. Мене реално не ми смета. Не секој може да дозволи да кани по толку гости. Еве јас имам 3 деца здравје понатаму кога ќе има свадби ако не ме поканат со деца нема да се налутам сигурно. Блиските знам дека ќе ме поканат али за подалечни сигурно нема да дигнам нос.
    Јас еве конкретно имав таков пример за крштевката на поголемото дете. Реално правевме во ресторан со 70 души и зошто беа блиски ги каневме сите со деца . На татко ми прва братучедка рече дека ќе дојде само со сопругот што така и ја планиравме и на денот си дојде со двете деца. И сега ајде носење нова маса ,столчиња едно друго.
    И највеќе ми беше барем да кажеше ден унапред па ќе организиравме од ресторанот а не вака викај келнери па чекај маса да стават, па столчиња итн :)
     
    На Gosh, VDT2906 и Victorian им се допаѓа ова.