Ај прво јас да прашам: Виде или доби некоја од вас покана на која пишува ДА НЕ СЕ НОСАТ ДЕЦА? Кога ќе видите тогаш може да коментирате со толку зајадливи коментари. Јас до сега не сум слушнала за ваков "тренд". На линкот кој е ставен во првото мислење јас не видов како изгледала таа покана (т.е. тие покани). За да биде целиот муабет веродостоен треба да ставиш слика од понаката, секако имињата на семејствата и младите нека бидат затемнети. Заклучок: не верувајте на сајт каде што има реклами а текстот е очаен. Најголем дел од свадбите кај нас се со точно утврден број на гости а толку столови и маси има во салата, па не е научна фантастика да се сконта дали се очекуваат 2 или 4 луѓе. До сега ние сме биле поканети каде што требало да бидеме поканети. Сме оделе и сите 4ца, оделе само моите, сум одела јас со фамилијата на дечко ми, ама на поканата јасно е напишано кој треба да дојде. Најчуден моден тренд ми се свадбите со млади луѓе. Што, старите не се радуваат? Уште почуден тренд ми е ДиЏеј и коњопои. Викаш луѓе на веселба и они се принудени да стојат на нозе и да денсаат. Јас не можам да кажам дали некое дете треба да дојде на мојата свадба или не. Родителот е тој што треба да води грижа за детето секој ден, па и на свадба. Е сега, јас никогаш не би одела со дете на свадба. Зошто? Прегласна музика, премногу луѓе и гужва, недостаток на кислород, дете ко дете-треба да го забавуваш и да го убедуваш дека не треба да трча по салата. Доколку е мирно-само за сликање, доколку не-неколку часа ќе отидам на раат да поседам и да ги испоштувам луѓето што ме викнале.
Еве јас лично,како што кажав,однесов дете кај сестра минна свадба зошто стварно немав на кој да ја оставам,мајка ми се знае дека не можеше,а свекрвата беше поканета на свадбата,сестра ми многу ја сака малата па и шиеше фустанче заедно со нејзината венчаница,она ќе се налутеше ако ме ја земев и онака многу лесно поминав. Другата свадба беше исто,каде сите бевме поканети,па ги испочитував младите ,отидов со малата ,но цело време беше со мене или моите,во ниеден момент не дозволив да пречи на некого во салата. Значи не е до децата,до родителите е,воспитан родител-воспитано дете,прост родител-невоспитано дете. На мојата свадба имаше деца,но немаше земано порции нити било какви испади. Мене повеќе би ме плашеле пијани сватови,отколку деца,зошто дете ко дете не може да ти ја растури свадбата,ако претерува ,крши или прави беља би се дрзнала да кажам на родителот,но пијан сват може да се затепа и не дај боже да ја растури цела свадба......
Како може да постои нешто „забрането“ на свадба? Ова не ми е јасно затоа што свадбата е веселба, не е некој официјален настан на кој што може и треба да се забрани нешто. Се си зависи од вкусот на тие што ја прават свадбата и на гостите. Ако родителите мислат дека е во ред да се однесе детето на свадба, зашто не би? Не контам уопште изглеа.
Можеби за македонскиот менталитет звучи чудно, но во Австралија кога покануваш гости на свадба, прво самите тие те прашуваат дали свадбата ти е kids friendly. Што се однесува до нагласувањето за поклон во плик, отсекогаш ми било мизерно и секаде ќе ми биде, кај и да се наоѓам.
Сеуште не одам кај оние што преку покана бараат поклон во плик, или што било друго да бараат. Така ќе биде и ако добијам ваква покана.
Vo Kanada, bare vo ovoj del kade ziveam, ne se nosat deca na svadba osven ako se od brat, sestra. Pokloni ne se davaat, mladite imaat nekoj fond koj go podrzuvaat kako na pr; fond za istrazuvanje na cancer, pa gostite doniraat pari , koj kolku saka. Nigde nikoj neznae dali si dal ili kolku si dal, ama lugeto ne se pravat naudreni, davaat posebno koga se raboti za vakvi vitalni raboti. Obicno na svadbata se pokaneti odgovorni od taa organizacija za koja se sobira pari i nekade na polovina si sobiraat kutijata, javno se zablagodaruvaat i zaminuvaat. Taka fukcionira, gostite nikogas ne se pod presija kolku da dadat, pa koj dal, sto dal,.....
Реално има вакви свадби?! Не сум сретнала но и не одам често по свадби. Кај блиски секако би одела со ќерката, кај луѓе кои не ги ни познава нема потреба никаква да доаѓа. Да ми нагласи некој без никаква причина ќе се "разболам" тој викенд и нема да одам на свадбата. Ова го пишав вчера, се развила дискусија со на Ребека се сложувам во целост. Другарка ми инсистираше да дојде ќерка ми, прашуваше што специјално би јадела да има за неа и кажав нема потреба, кога грмна музиката сама побара да си оди, мала беше. Лани ја замолија да фрла цветови пред невестата сама кажа не сакам и толку беше. Искрено мислам во мкд ја претеравме со свадбите, ем сиромашни ем глумиме џет сет. Тешко оди тоа.
Ако правиш свадба само за да не те оговараат комшиите, или пак да не ти се налутат небитните роднини кои не ни знаеш како се викаат, а не можеш да си дозволиш да им плаќаш порција, па ги викаш без деца ( кои успат ти се братучеди ), тогаш не прави толкава свадба бе. А да не зборам она кога роднини прават свадба и ги викаат само родителите, а ,, децата ,, им се 20 годишни , или пак ги викаат само децата, оти ,, младалачка ,, да била свадбата. Срамота. Ако примите покана со пречкртани деца на неа, не одете. И за да знаат да не ве колнат после оти ви ја платиле порцијата, а не сте им кажале дека нема да дојдете, пратете им едно писмо со ова внатре на време...
Глупости... разбирам тоа да не се носат мали деца ако ги каниш соседите, ама ако тие се први или втори братучеди нема смисла. Свадбата е веселба за сите и за младите и за повозрасните. Во последно време сите сакаат да се во мода и да прават свадби како во странство, па ете и тоа да не бидат дечиња присутни од таму потекнува. Не знам зошто не би биле свадбите kids friendly ? Не сум била на свадба до сега каде немало деца. Не ни можам да замислам само зет и невеста и сите други гости возрасни.
А наместо да го коментирате само младоженците, незнам дали сте виделе и гости без осет дека имаат деца. Мене долниот дел ми беше пувкаст со тул и имаше деца што се џиткаа во мене и што ги тегнеа тулчињата и го кинеа. На снимката ме има цело време фаци правам сопругот ме брани од нив а родителите сеир си гледаат. Има секакви поради тоа покрај сувото и суровото ќе гори. И кога одиш веќе со деца 4ца сте нормално не можеш да ставиш поклон 1500-2000ден кој не ја покрива ни едната порција а децата ќе дадат по 50ден и ќе им дадеш пола порција. Да свадба не се прави за да бидеш ти во ќар, ама не е и за гостинот да си се навечера за 1000че со цела фамилија и после мана да ти наоѓа оти музиката повеќе на забавно била и дека се служело супа како предјадење.
Со самото тоа што се фаќате колку е "прописно" да се даде во плик и демек бар да се покриела порцијата што вие ја плаќате, кажува многу за вас! Ептен е малограѓанско! И да, дел сте од тие младоженци и сватови кои одредуваат "правила" како овие со забрани за носење деца преку покана. Гостите ги каните да се веселите заедно и за да си направите меѓусебна чест, или да спечалите?? Кога навистина некого каниш од срце, подарокот е неважен, и не сите имаат "бар да ја покријат порцијата" Но сега не е тоа темата, зборувано е милион пати на форумов. Помалите деца воопшто не ни мора да се бројат како гости па така не ни мора да има порција за нив. Значи сега се прави муабет за малечките дечиња кои можат да направат беља. Не зборуваме за поголеми и за деца- тинејџери. Огромна е разликата некој да ги напише на ковертот само имињата на луѓето кои се поканети (значи ги нема имињата на децата), од тоа да има потенцирано дека е забрането за деца. Мизерно е
Од #прашањекоемемачи ме интересира овие луѓе кои ги ругате дека дошле со 1000ка на свадба зошто воопшто ги каневте/каните. Не за друго јас на близок човек никогаш не би му замерила и без пари да дојде кај мене бидејки свадбата без него нема да ми е иста без разлика дали станува збор за другарка или роднина а ако е некој далечен комшија или пријател на моите никад не би го ни канела на таков настан. Впрочем и ја не би се пренамагала да се трошам за некој комшија или братучед од 15 колено па не би му идела на свадба јер неговата свадба ми е битна во животот колку што ми е битен ланскиот снег. Се фативте за таа порција да си ја платат ко небаре кавијар сте служеле а не стек и ладно вариво па да ја покриеле иако пола тањир го остаиле непипнат. Ако е за покривање порција боље само просторот закупете си го па гостите сами нека си плаќаат што ќе си нарачаат и за нив и за нивните деца. Ем вие у ќар дека нема да бидете у трошок што сте ги "ранеле" ем гостите ќе си јадат тоа што им се јаде, колку што им се јаде и колку што им дозволува џебот да платат во кафана за нив и нивните деца кои нели едвај чекаа да дојдат на свадба и да видат скара и месо. Исто така пршање кое ме мачи е оние гости кои носат повеќе пари од порцијата дали им ја враќате назад разликата? Еве ние дома на свадби коа идеме ставаме по 100 евра од човек или вкупно 300 евра за сите тројца што е многу повеќе од порцијата која во просек кошта околу 20тина евра, па никој од свадбарите не рече еј многу пари сте дале платете си ја само порцијата другото задржете го за вас, ама ако се даде помалце нАли од тие 20 евра тогаш ќе бидеш руган и зборен по бел свет ко атентат на папата да си направил и ти со твоите 2 деца си ги оштетил младите за сва времена.
Да примам ваква покана со деца прешкртани, ниту би отишла на свадбата, ниту пак понатаму би контактирала со нив, што знам пишувањето на такво нешто на покана ме асоцира на децомрзци и не би ги сакала во моја или во близина на децата. Децата до сега сум ги однела на две свадби, едната на комшиите каде инсистираа и децата да бидат присутни, со се порции за нив иако и напоменав дека нема потреба, да не се става во додатен трошок кога нема ни да јадат и кај кумот нивни на свадба каде беа па главна атракција затоа што беа и дел од целата церемонија, со одела за дечките и фустан Џоа невестински за мадам, на двете свадби си водевме сметка со мм за децата на смени, бељи никакви не направија иако се сите три доста темпераментни. Ме интересира како би реагирале истите од кога самите ќе добијат деца кога би примиле ваква покана, дали тогаш би увиделе колку им била мизерна постапката?
Не е доволен само "лајк" на коментаров. Скроз се согласувам. На мојата сваадба сите ги поканив зашто сакав да бидат дел од тој, за мене, најубав момент. Не ми е битно кој колку ставил. Имаше луѓе што ставиле х10 од порцијата, имаше луѓе кои ставиле многу помалку. Ич не се замарам, убаво ми беше, тој трошок јас сум го пресметала кога сум се решила да праам свадба. А се што е повеќе, добредошло, се потроши. и многу деца имаше, од блиски, и тоа ми беше убаво, трчаа весели, па нели децата симбол за семејство, а ние склучуваме семејство....
Ќе го коментирам,бидејќи баш тие што доаѓаат со 1000ка ја имаат прошетано цела Европа и се испаднат и секој викенд по кафеани и дискотеки или се во грчка на викенд. А тие што немат последниот денар ќе си го дадат само за да направт чест и д дојдат. Инаку мене не ми беше за печалба свадбата на роднините кои ми рекоа дека поради финансиски причини неможат да дојдат им реков дека поклон не сакам сакам да ми дојдат и го поканив со деца средношколци. Пак од срам децата не дојдоа беа само старите, мило ми беше и така што дојдоа бидејќи им ја знам ситуацијата. Факт е дека побогатиот е поскржав и само да те начека дека ти правиш последен свадба а на неговите деца поминала не се важи тоа колку сте си давале... А младоженците доволно е да го пишат имињата на поканетите и порано така беше тие што се на поканата пишани тие одат ако е со плус фамилијата значи и децата се канети. Нема љутиш нивно право си е кои ќе канат секој си планира и си има замисла каква ќе му биде свадбата.
Сигурни сте дека ова забранава е во Македонија, јас не прочитав такво нешто Иначе за сите овие работи плика, грепки, хуманитарни организации, па и ова со децава немам коментар. Свадба ли правиме или донација за младите. Мизерно ептен. Па броење пари и памтење или запишување кој колку дал, оти нели да вратиме во иста мера. Абе имам две раце, две нозе ќе си заработам, сепак и во брак кога влегуваш малце треба да си поткован. А да донира 100 денари секој може, еднап месечно барем, ако сака, неговите 100 денари за некој се голема помош. Или нека донира дел од парите од свадба. А не потенцирање "пари во плик", јас пак тенџериња планирав да ти донесам јеботе. Тоа и кажува болна вистина, ги викаме гостите поради парите. За деца некој да прешкрта нема потреба, доволно е да не ги пише. Ко што знам деца главно на блиска свадба , ако си толку несовесен сепак да ги донесеш кај 15то колено. Никогаш не ми засметале мене децата на свадба. Можеби им досаѓаат на родителите, ама гостите не се засегнати мислам. Сите треба да имаме разбирање за нив, сепак се деца. А ако толку се проблематични родителот нека одлучи. Од финансиски аспект е невкусно или напрај си мала свадба во тој случај.
Абе тука сите сте јаки не сте правеле свадби за пари. Кај сте тие мизерните 2-3 пара што уште немаат правено свадба што ме прашаа дали се исплаќа свадба да се прави на чие прашање останав со подотворена уста... И да се исплаќа ако старите си платат се, а кај вас останат поклоните и парите како што беше кај нас
Ќе ги ругам зашто знам дека имаат. Знам дека тој што ми ставил 1.000 денари за други работи троши на велико. И имав едно празно плико и знам од кого беше тоа и од тие истите жената дојде со свечен фустан и ми се фалеше после тоа дека го купила фустанот 50 евра. Ај некој кога нема го сфаќам, Ама вакви што имаат, па уште стиснати.
Од сите свадбарски трендови го разбирам само поклон во плик. Најискрено. Зошто пример да добијам 5 пегли, 3 сета тенџериња и 6 тостери, зошто ако ми ги дајте парите кои ги дадовте за тие работи, јас ќе купам по една пегла, еден сет тенџериња и еден тостер - а остатокот ќе го инвестирам пример во машина за пајнци или машина за перење или пак телевизор. И не, не сфаќам како зборувате дека некој ни порција си платил, или ставил само 1000 денари. Ако донесеше сет чинии за 600ки, само нели вие да не знаевте дека се 600ки подобро би било? Не знам, јас повеќе би се радувала 600ки да ми дат и нема вака да ги ругам него да ми земат нешто кое ќе стои спаковано за препоклонување или за зол-час на таван, а особено не би си дала за право да искоментирам колку некој пари ми ставил во плик на свадба зошто каков им е буџетот незнам, и не е моја работа колку испланирале за мојата свадба. Патем, за ова што читав без осет луѓе кои идат со своите деца, до сега за сите свадби на кои сме биле поканети сме биле прашани дали ќе присуствуваме и колку луѓе од поканетите - за да си планираат порции и места. И пак ќе речам, а реков претходно, немам деца и ако некогаш добијам покана на која е потенцирано да се нема деца, притоа јас сеуште немам - нема да се појавам и јас. Знам дека на повеќето нема да им е важно моето присуство ама немам да си дозволам да присуствувам на нешто такво кај некои такви.
Јас искрено, не сум ни била на свадба на која пишувало поклон в плик, не знам ни дали ќе идам ако добијам таква покана. Сум била на свадби на луѓе кои се во странсво и навистина не можат да ги пренесат поклоните, па не напишале ништо за поклонот. Вообразено ми е, ги каниш луѓето за пари да ти донесат. Според секоја етикета за прослави, зборот "поклон" не треба да се спомене воопшто, затоа што се смета како незадолжителен. Нормално дека гостите ќе ти донесат подарок, ама ти заради подарокот ги каниш или да го одбележиш денот? Некако испомешани ми се поимите... И никој ништо да не ми донесе, ќе ми биде мило што таков ден сум го споделила со луѓе кои ми се битни, оние кои не ми се нема ни да ги канам, ако решиле моите да ги канат нека се тие замараат со кој колку донел.