Во иднина кога јас ќе имам деца, ако некој ми даде покана со пречкртани деца, за инат ќе им отидам на свадба заедно со децата (кои ќе бидат воспитани од моја страна како треба правилно и културно да се однесуваат), а при тоа ќе им дадам празен плик. Ако тие можат да бидат крајно дрски и безобразни на таков начин да ме навредат, би им возвратила на начин на кој ќе осетат како е да бидеш навреден.
Tи и го купи фустанот или таа со нејзини пари си го има купено па да водиш есап. Мои пари на што сакам ќе ги трошам сигурно нема да дојде роднина или пријател да ми кажува што да купам и на што да ги потрошам парите што секој ден со мака ги печалам. Како вака водите математика за туѓи пари без срам стварно не знам. Имале па очекувано е да ви го наполнат џебот. Со нивни пари и шетаат и се облакаат и на вечери искачаат. Попрво на тоа ќе си ја дадам уштедината него на некоја невеста и зет што очекуваат со парите од тоа семејство гарнитура да си купат и куќа да си опремат. Уште па чекале вие последни свадба да праите. До таму ви иде умот, дома седат и коваат финансиски план кога да ја дадат ќерката или синот за да извлечат од гости што повеќе пари. Немам реќи.
А тебе што ти е гајле како јас сум ја правела свадбата? За твоја информација, моите ги платија порциите. Не чекав од гостите да ги платам. Само поиритирачки е празно плико, нели? Апла те праи будала. Многу си дрска и безобразна да ти кажам. Многу те повреди моето мислење гледам. Изгледа одиш ти со празни пликоа на свадби. Ај поздрав.
Кога ги слушам муабетите на сите младоженци, кој плик од кого бил и колку имало внатре, ја замислувам првата брачна ноќ како Центарот на ЦИА ја разгледува снимката по минута и води евиденција на докази од снимениот материјал од кого било пликот Али што се мачите, дајте како Турците, кој како доаѓа, на микрофон го читаш што ти донел п.с Сериозно, дајте луѓе помалку патетика, знаеме дека сиромаштија е насекаде, потребни ви се парите, ама сфатете дека не сте вие само кнап со финансиите. Понекогаш луѓето немаат ни за леб, а стават макар 100 денари и се појават бидејќи сакаат чест да ви укажат. Колку и да ви се потребни парите, чилекс малку, нема потреба од гнев и фрустрација за вакви работи. На крај, арно викаат погоре, па не деца, ќе барате парите директно на сметка да ви се уплатат, без да доаѓаме ние гостите Заборавивте што е значењето на свадбата
Ако ви се крева косата од празно плико, или плико со илјадарка, или покана каде се потенцира дека не е и за деца до степен да смислувате одмазда од типот ќе ги земам и комшиските деца или не одам и ќе ги зборам кај ќе стигнам или на нивната свадба стари филџани ќе однесам од пред 20 години...тогаш дефинитивно нешто не е во ред со вас
Просто вакви комплименти кога добивам од исфрустрирани жени ми го полнат срцево бидејки освен со безобразлук и дрскост не можеш поинаку да одговориш. Да со празно плико идам и цел чопор позади мене за да ја нервирам невестата и да ја стаам во трошок. Од кај знаеш може и на твојата свадба ја сум била една од гостите што ти дошла со празен плик за да те иритира и да ја ставаш у муабет, јер изразот на невестите кои на прва брачна ноќ отвараат празни пликови е прајслес. Кисче
Не е во ред да чекаат и полно плико пари а да те ограничат па да идат само возрасните. Поклон у плико? Да да, секако. 1000е доста се да не ме збориш?
Све си во право, ете не се води есап со туѓи пари. Ама според тебе не е мизерно да се оди со празен плик и да се правиш на Тошо? Ако нема подобро нека се извини него вака да се бламира. А ти со што поклони одиш ме интересира кога вака со омраза пристапуваш кон оние што прават свадба? Никој не очекува дека ќе се збогати од твојот поклон, ама мизерено е да пишеш дека попрво за друго би ги дала парите него за младенците . Тогаш воопшто и не оди,па искористи ги парите за попаметни работи. Пак ќе кажам никој не очекува мало богатство и симболично нека е, ама да се испочитува редот.
Абе што толку те иритира моето мислење не знам. Баш мислам дека ти ги броиш парите прва брачна ноќ штом толку се запали. и затоа вреѓаш. Се гледа твојата култура Ама ај не вреди, не си ми битна во животот да ти се објаснувам.
Оти воопшто носат плико ако е празно? Нека дојдат без плико и нема да ни се крева коса. Фер е пред тоа да каже дека не е во можност ништо да донесе, јас прва ќе го викнам во секој случај. Иначе не сум тип што се одмаздува, ако некој не ми даде ич или ми даде 100 денари, јас ќе му дадам многу повеќе, ако имам и да сум планирала за мене нешто. Кога станува збор за поклон, моите потреби се на последно место, но не можам да судам оти не знам како ќе биде кога ќе имам деца. Сепак празно плико ми е одраз на некултура, а ретко кој не би се навредил и не би се прашал дали некој можеби си поигрува со него.
@Luna91 Поентата на муабетот беше како пресметливо се канат гостите во смислол "Aха тие имаат, нив ќе ги поканам, тие немаат, нема за што да ми идат" и после ако богатиот не ја ставил сумата што ти си ја пресметала дека ќе ти биде таман за новиот ламинат според замислата, се фрустрираш Според денешните математики и сознанија од околината, е така Се согласувам дека не треба празно плико да се носи, и една бонбониера од евтините само е доволна, но ако и за тоа се нема, никому ништо, но претежно на сиромашните и скромните им е срам вака да дојдат, бидејќи на сите свадби има осудувачки очи како камери вклучени За едно празно плико, види колкава нервоза, а не па и без него да им се појават на младоженците
Исто. Јас ако требаше ќе одам по стар фустан, ама ќе ги испочитувам младите макар со последните пари. Ако не сакаат да дадат подарок која е потребата да спремат празен плик? Многу ниско... @Summerlover бирањето на гости според финансиите и кроење на претпоставки кој колку ќе донесе ми е исто толку мизерно колку и празниот плик. И да не сум скроз офтопик, пречкртано дете на покана е најглупото нешто од многуте глупи трендови поврзани со свадбите.
За сите празен плик е некултура, а ако некој им дојде без плик, фаците ќе бидат само fast-forward премотана лента како би изгледал изразот на лицето кога подоцна би отворле плик, а тој бил празен Реакцијата би била иста, ај белив, еве не знам
Не зборам со омраза према свадбите напротив се радувам кога идам кај блиски луѓе и доста великодушно плико оставам, на сметка на тоа што не идам кај далечнни пријатели и роднини зошто сметам дека нема потреба да се ставам во трошок за некој што не сум го видела со години. И нека биде мизерно зошто тие пари јас ги заработувам и ги планирам за моја иднина сигурно нема младенците да дојдат да ги подмират моите животни трошкови и секојдневни побарувања. Како што они имаат трошкови во врска со настанот така и гостите имаат трошкови и тоа не за фустан и фризура ами тековни животни трошкови и планови. Поклон е не е донација. Ако сметам дека треба да дадам 1000 ке дадам 1000ка. Пари се тоа луѓе што не паѓаат од небо и не растат на дрво па да се потсмеваме зошто некој дошол со 1000ка на свадба. Празно плико не знам, моиве блиски што се испомажија и испоженија до сега не се пожалиле дека добиле празно плико на свадба, не знам можеби зошто имале нормален однос со гостите бидејки ја само како начин на револт го гледам празното плико друго објаснување немам. Цело време алудирам на тоа дека или не канете луѓе кои не ви се блиски за да нема мали поклони или празни пликови или не идете на свадби кај луѓе што сте ги виделе 3 пати во 15 години.
Убаво кажа Реин, се десило на поканата за свадба да го пушува само името на мајка ми и татко ми.Тогаш јасно се знае дека НЕ сум поканета.Ама да е потенцирано пример да не се носат деца или да е прешкртано е срамота.Мое дете е тоа на моја одговорност е.Многу е безобразно така,мало усте што ќе ти смени на свадбата па уште ако е бебуш и мирно си спие?
Јас лично познавам фамилии кои си водат евиденција кој, колку и како им донел на свадба, па да вратат со исто. Такви муабети од постари жени сум се изнаслушала во живот, а верувам дека 80% и те како ги интересира колку и што ќе добијат, да не се правиме будали сега. Баш од онакви причини јас никогаш не би правела огромна свадба, не ми требаат роднини од трето колено, не ми требаат фаци небитни кои не ги познавам, не ни сакам да глумам заинтересираност. Само најнајблиска фамилија, другарки, другари, би ги однела на вечера чисто да се прослави некако, не ни мора никој ништо да ми носи или дава пари. Имам исто мали дечиња од први братучеди кои не би ги пропуштила и во никој случај не би ми сметале. Но, огромни свадби, адети по три дена, хах, измачување у велико е за мене тоа. Почнав иначе од темава да разбирам зашто вие не одлучувате кој ќе викате на свадба, овај зашто се викнати постарите, а не помладите. Кажете им фала на вашите што ви ги плаќаат сите трошоци за свадби, а вие ги собирате парите. Немате право тогаш да се жалите кој ќе биде поканет. Јас ако иам пари ќе прославувам, да ги заглавувам моите што цел живот ме чувале и ранеле и свадби да ми плаќаат, не фала.
Некаде напишав ,пак ќе се повторам, ако свадбата ја правите за да ,,заработите,, некој денар, или ако броите кој и што донел, ич не правете. Кумата не ја теретев со ништо, ама баш со ништо.Не дека немаат, баш напротив, туку не сакав. Они требаше да дојдат само и да се забавуваат. Торта и се останато си купив јас, од неа по нејзина желба беа свеќите и по пола тоа што се плаќа со свекорот во црква. Подароци имавме два само чинам, се друго беше во плик и сите до еден потпишани, ама сега да ме прашаш, врска немам кој колку донел. А да запишувам па, ни на крај памет не ни падна. До сега ни мајка ми ,ни свекрва се имаат дрзнато да не прашат кој колку донел и колку имаме соберено од свадба. Ако ги канете гостите за подароци, не правете свадба. Да , за нов почеток на младите се потребни пари, да не се лажеме, ама свадбата не е начин да се заработат.
Подарокот е добра волја, ако сакала, можела и без ништо да дојде. Не сфаќам зошто го сфаќате како должност на гостинот.
@duffi Ај ај Дафи, не не лажи сега тука, оти не си се збогатила, а ваму со 100-чиња се расфрлаш по автобуски Џаст кидинг , само сакам да кажам дека апсолутно се согласувам со идејата дека ако свадбата ја гледаш како бизнис и само заради пари и поклони, порано ич не ја ни прави Па колку и да немам, срам ќе ми биде гостите да ги терам моите каприци да ми ги исполнуваат. Парите се заработуваат со работење, а не вака, на вакви посебни моменти
Нормално е да се носат децата на свадби кај поблиски, дали се мали, поголеми или тинејџери па свадбата баш ја прават децата, поготово помали, а па деца ко деца не знам на какви бељи мислите што правеле, обично се растрчаваат навака натака во таа гужва не се ни гледаат, чаша или било што може и возрасен да скрши, па оро растурале божем крај на светот е, не може таа една вечер да е совршена и да е достигнување на животот, не сте ни први ни последни невести...дефинитивно полоши се пијаните мажи (обично) па и да се степаат...знам една свадба каде пиштоли имаат вадено Мене и сестра ми на пример само кај поблиски роднини не имаат носено, што мајка ќе барам кај комшии, колеги, пријатели на моите каде што никој не знам, без разлика дали ќе имам порција или не, кој иде на свадба за да се најаде Околу поклонот (во плик) јас секако не би правела свадба со 300,400,500 луѓе, само најблиски 50-100 души, не мора ни поклон ич да ми носат, ни за родендени, матура и сл. не гледам кој што ми донел туку убаво да си поминам и да го одбележам денот, ако ми е целта на свадбата да собирам пари а слабо стојам со финансии, па да правам математики кој, што, колку треба да донесе, па колку ми остануваат, да барам ресторани со евро, две поефтини порции, крати на ова додај на она ич не ја ни правам. Стварно не знам што ви менуваат 1000 две некој дали ставил во плико или не?