Прават свадби чисто од причина да не ги зборат дека не правеле, зашто нели, срамота од роднини и комшии, а бидејќи не им е од ќејф да си ги гледаат на куп сите роднини што не ги виделе 20 години, сакаат барем пари да им остават за таа мака. Тоа е одговорот. На оние што стварно прават свадби од срце, не им е многу битно колку Петкана ќе им пушти во плико.
@moonlight-girl.55 малограѓанштина и лечење на комплекси, друго објаснување немам, ај разбирам пред 20-30 год. нашите кога правеле свадби па ги викале сите што стигнат, дали за да не ги зборат или пак зашто и они биле на свадба кај нив па срамота да не ги викнат ама во денешно време...изгледа овој менталитет нема никогаш да се искорени (иако се повеќе прават мали свадби)
Тоа "поклон во плико" сигурно произлегол од времето кога гостите носеле подароци како сервиси (дали за јадење, дали ножеви/вилушки/лажици), пегла, миксер итн. Па свадбата завршувала со 2-3 пегли и 2-3 миксери, кои не можеш да ги искористиш во наредни два животи. Не одам на многу свадби, ама последните неколку свадби поминаа без фамозното нагласување за поклон во плик. И погодете што - и без тоа гостите носеа поклон во плик. Туку, ме интересира, вие не потпишувате дека поклонот е од вас? Ние да, честитки за среќен среќен брак и фмаилија таа и таа. Нема логика да ставип плик со пари без да кажеш дека се од тебе? Не сум толку терсене, ама дали некој, некогаш однел сервис (прибор за јадење) во екстра - голем плик? #прашањакоимемачат.
Па веќе ако имаш над 13-14 години, многу е глупо да отидеш на свадба кај што не ти го пишува името, па колку и да се блиски роднините. А не спаѓаш ни во деца. Свадбата е на невестата и младоженецот, тие да мислеле дека треба цела фамилија да се покани, ќе поканеле. А со сила никој не ве тера, сакаш идеш, сакаш не идеш. На 20-30 години, више дефинитивно не спаѓаш во деца. Ако некој сака да си прави журка со млади луѓе и не сака баби и дедовци, пак не гледам причина за лутење. Секој што сака може да си прави. Исто ко гостин што може каков сака поклон да донесе. Темава ме тера да мислам ко за повеќето луѓе свадба да е само непотребно фрлање пари и измачување. Ехееее колкупати не сум отишла кај роднини што првпат ги гледам, или деца на пријатели на моите, се знае кога негде не ти е местото, па макар и бил поканет од култура. А пречкртани деца и поклон во плик, јас во живот не сум видела на покана. Не дека не би отишла на таква свадба, само мислам дека ќе умрам од смеење ако ми стигне таква покана.
Јас не го сфаќам феноменов пречкртување на децата. Стои име и презиме на децата во поканата и врз нив со фломастер се пречкртани или? Кога сум била мала се знаело. Кој стои на покана тој оди. Ако старите биле неарни, немале волља/живци/сили, им кажувале на славениците дека децата на пример ќе отидат и готово. Детето ако имало мерак дедото на пример дома ќе останел па него ќе го зеле или се прашувало дали може и оно да дојде и се нагласувало да не се планира порција. Не поради трошокот, од едноставни практични и организаторски причини. Јас стварно не сфаќам како да отиде некаде човек плус кој не е поканет. Си знае дека нема планирано столче за него на и те како пренатрупани маси. Посебно денес, кога свадбите се поинтимни, не како порано со по 300-400 луѓе, и славениците лично ги познаваат гостите. Јави се, прашај, направи муабет...
Стварно се замислив како изгледа тоа. Во мое време имаше само изоставање на членовите од семејството и тоа некако ни беше нормално. Прва линија роднини сме оделе од најстаро до најмало. Колку подалечни толку помалку членови од семејството. Некогаш дури и ќе ни се јавеле, ќе ни кажеле дека можат да си дозволат само двајца, а дека би сакале да го споделат моментот со нас, сами да одлучиме дали баба ми и дедо ми или моите родители. Никогаш не сме замериле на тоа. Колку имале толку.
Дефинитивно не би одела и јас на свадба доколку добијам ваква покана. Мислам дека самата знам каде треба да ги земам децата, а каде не. До сега сум била на свадби само кај најблиските роднини, кај пријатели на моите и колеги не сум сакала да одам, ни пак моите ме земале. Можеби не било како сега со прешкртната слика ама и порано се знаело доколку се поканети децата пишувало фамилија Х, а ако не се поканети децата ги пишувало имињата на родителите. Една роднина имаше пишано на поканите подарок во плик и пола од фамилијата се налути и не замина на свадба. Овој тренд е малце безвеза со оглед на тоа може некој нема пари да стави во плик, а за поклон ќе отиде некаде на рати ќе земе или нешто слично. Искрено кој колку ми донел нема да биде битно, затоа што свадбата ја правам за мене. Дали ќе донеле 1000 ден или сервис за кафе секој со своите можности. Ипак тие што сум ги поканила ми значат нешто и важно ми е нивното присуство, а подарокот воопшто не е битен.
Јaс пaк ќе прaшaм штo aкo тoa дете( дo 10 гoд и те кaкo е дете и не мoже дa се oстaви сaмo вo куќa или стaн) немa кoј дa ми гo чувa? Или дoaѓaм сoсе дете и зa негo пoрцијa не бaрaм или нa свaдбa не дoaѓaм. Е сегa кoгa ќе видaм декa е пречкртaнo знaчи декa немa дa oдaм и крaј!
А што ако родителите се тие што инсистираат да се прави свадба, само затоа што тие оделе по свадби? И ги канат ојлевци-дојлевци? Знам за свадби каде што на младите им се наметнувало да се прави свадба само за да не речат нешто роднините и пријателите. Пред да се случи свадбат му реков на татко ми дека немам желба да правам веселба. Он инсистираше и му реков дека ако планира да кани роднини што не сум ги видела од мала, одма ќе се откажам од идејата. Среќа што и тој имаше размислување како мене, па ги поканивме најблиските. Не ми беше важно кој што ќе ми донесе. На поканите не пишуваше Поклон во плик. Тоа ми е крајно ниско и мизерно. Ако ти требаат пари, не прави свадба. Комшиите што ми беа на свадба ни се многу блиски и немаше шанси да ги викнам без децата. На поканата ги напишав нивните имиња и имињата на децата. Одлучија да не ги донесат. Нивно право. Ако на поканата ги пишува само имињата на родителите, се подразбира дека децата не треба да се носат. Ама глупаво е близок роднина да те покани без деца.
Абе свадбата на Бахамите брее, јас, тој, Панчо и Касандра за кумови и падре Салвадор, и тие сме тие, најблиските по одморска-врска
Јас не би се согласила на таква работа. Моите го знаат моето размислување на таа тема и крај. Јас треба да кажам како би сакала да прославувам, заедно со сопругот, а не моите. Жал ми е оние на кои им е наметнато да се прави свадба и да покануваат до трето колено само затоа што нивните инсистирале.
Мислам дека модерниов начин на живот и големата доза на преразгаленост на децата доведе и до вакви прашања. Ги разбирам сите непријатности околу чувството децата да не ви се посакувани на свадбата. Но, еве од што зачестено гледаме по свадбите: Невестата и зетот играат прв танц, а мали дечиња трчаат во центарот, се мотаат околу нив, се сопнуваат, урлаат, а родители никаде нема да си ги приберат децава. барем кога е првиот танц приберете си ги децата на маса до вас. Потоа, родителите се забораваат од алкохолизирање и не ни знаат каде им се децата и што прават. А, децата трчаат, се пикаат под маси, нема што не прават. Лично се случи, на маса доаѓа мајка со мало девојче и уште едно девојче тазе заодено (значи ни бебе ни мало дете) и си ги седна на посебни столови, а кога праша келнерот за порции рече и за нив посебно. А, тие секако дека не изедоа ништо, посебно тоа бебето. Потоа, други деца, само земаат од храната, пола ја плукаат, пола ја враќаат назад. Не ја почитуваат храната денешниве деца. Порано ние или ќе јадеш или не чепкај, беше. Итн. многу случки кои реално сум ги видела во последниве години. (Секако со исклучоци) Секакви луѓе постојат. И децата се огледало на тоа какви им се родителите. Иначе деца како деца, сакаат да трчаат, да играат, скроз нормално. За тоа дека плачеле, и слично, деца се, мора да имаме разбирање и за нив и за нивната осетлива природа. И јас не сум за свадби без деца, туку за свадби со деца кои добиваат воспитание и не ја нарушуваат самата свадба.
Јас разбирам зошто одредени личности не сакаат деца на свадба, ама да го пишат тоа на покана е крајно некултурно и навредливо. Тоа што некои луѓе немаат осет исто така ми е познато. Знам многу свадби на кои иако фино напишани имињата на оние кои што треба да се појават на веселбата, парот ненадејно одлучува да ги понесе и децата со изговор дека нема кој да ги чува. За вас може не е проблем ама за домаќините и те како е. Колку и да одбивате секако ке добијат и децата порција и столчиња, а тоа место го планирале за други, и што правиме? Хаос на свадба, нервози и неочекувани гости, од четворица планирани да речеме се појавуваат 6 и со тоа ја реметат цела свадба. Може вашите деца се мирни ама сум приисуствувала на свадби каде што децата не ја оставаат невестата на мира. И го влечат фустанот одат по неа, ја влечат. Има многу напорни деца, да си признаеме. Јас мислам од мака го смислил некој ова, ама секако е глупаво, подобро кога ке ги каниш нагласи им да дојдат само тие отколку вакви глупости на покана да печатиш.
Ова стварно е глупост. Да сум родител, не би ни отишла. Ама од друга рака, родителите (што имаат каде да ги остават) гледам ги влечкаат по свадби. Не е за порцијата, ама трчаат насекаде што е нормално за деца. Сум видела влечкаат и бебиња, а за искачање обично ги оставаат. И родителиве немаат осет.
Со деца на свадба само кај ептен блиски инаку не би ги водела, нема потреба од нагласување сам човек треба да си има осет. А од друга страна и радо би ги оставила дома секако кога има кој да ги чува. Место цело време да трчам по нив и да внимавам можам и јас една вечер на раат да истерам. За поклон во плик глупо ми е кога пишува, на мојата свадба не сум пишувала, како што кажав човек треба сам осет да си има. Има случси каде пишува поклон во плик па е имало подароци или пак и празни пликови.
А,чекај малку,ти си правела свадба за да добиеш екстра поклон во плик и да ти се исплати порцијата што си ја платила или си правела свадба за да прославиш со најблиските???Мислам wtf??? Јас еве на пример имам 5 годишна ќерка и 1 годишен син и на свадба при крај на јуни сме поканети а јас ќе одам замисли со деца пошто нема кој да ми ги чува а децата ми се мирни и воспитани(плус замисли не треба порција,нема да бидат на трошок),блиски сме и да,ќе одам.Ама од страна ете знам дека ќе има вакви муабети.Немам зборови...
Кај подалечни роднини,пријатели, прво јас не би сакала да одам со деца, бидејќи сметам дека нема потреба, но доколку од прво колено добијам покана дека треба без деца да одам, згора на тоа и прешкртани да се на поканата, нема ни да одам.. Јас кога правев свадба, претежно беа млади гостите, но имаше и дечиња и искрено многу убава атмосферата беше, сите фатени на оро, во средина децата си трчкаат, па и свадба без дечиња мене ми е глупо.