За кого како За мене беше свадба со се покани пратени.Тоа што за за вас е незамисливо да се помине тој ден без комшии,фамилија од трето колено незначи дека за сите е исто.Адети мразам и лично за мене ми се глупави. По странство скоро сите свадби се мали и интимни и тоа по двор во градина ги прават.Само ние Балканците за свадба ја уважуваме таа со 200 души Дали се вика свадва или веселба не е битно туку поводот..и во двата случаи поводот беше брак
Моите кога им велеле така не оделе на тие свадби и готово. Поклон во плик, нема проблем. Ќе им сликнам 100 евра и сликата во плик. Од болдираново ми се повраќа. Значи ако ти правиш веселба каниш луѓе да ти ја платата веселба или да ти ја збогатат со нивното присуство. Селски размислувања до бескрај!
Абе странство е широк поим, а тоа со плажа, песок, од многу филмови е Свадба без невеста во венчаница не е свадба (според мене), а тоа дека си давала покани нормално е за секоја повод и прослава си следува покана. На крај секој си прави како што сака, тоа што за тебе е нормално за мене не е и обратно, ако ме поканале комшии и подалечна фамилија тоа е чест и ќе се врати со иста мера, на никого не сум се потсмевала што правел свадба со 500-600 души со луѓе кои едвај ги познавал, нивно право, не ми зеле мене од џеб. Ама народ сме таков, се нешто не ни чини
Токму ова се случи на свадбата на мојот прв братучед, група мали деца и уништија дел од венчаницата на невестата. Да бидам искрена, не знам како би реагирала при вакво случување. Невестата се спремала, бирала фустан со месеци, дала куп пари за него за на крај родителите да се смешкат и да гледаат сеир додека децата ја тегнат. Епа не е фер. Секој треба да има осет, не ги обвинувам тука децата туку тие што ги донеле. Нека си ги контролираат.
Значи ако немаш над 200 гости и потрошено над 3000 евра не е свадба Не сум знаела,во бунило сум била дека правев свадба.А и бракот е питање,штом немало зурли и тапани
Мене на свадба ми дојде на мајка ми тетка со „внучињата“, многу сакале да дојдат. Беше планирана она и сопругот, ама дојде со „внучињата“ кои не ги знам - ќе делеле столче, не било проблем. А внучињата инаку студенти
Ретки се! Јас еве не познавам такви, може некои имаат правено ама еве јас не познавам таква свадба. На крај краева вие ли ќе ми кажете дали да канам комшии и втори и трети братучеди!? Дрско и безобразно! Како да вие ми ја плаќате свадбата па ќе ми солетие памет зото не сум чекала со најблиски. Мене па дијареа ме фаќа од размислување како твоето. Некој будала неможе да ме прави во никој случај, ќе зборувам и ќе ги оговарам тие што ЗНАМ дека имаат, а намерно така прават!
Не се само свадбите кај нас во прашање Сум приметила дека и на други прослави знаат не планирано да се тутне некој неповикан.Зошто така еве незнам. Примерот е драстичен не е ни најмалце за славење но кога праваевме на мајка ми година имавме покането точен број луге и порачано толку порции.Почит оддававме во кафана(глупост ама татко ми сакаше така).Дојдоа и мн непоканети.Слушнале и дојдоа,нормално неможеш да ги вратиш но останав со чудење каде идат вака без да ги повика некој.
Абе @ivi1987 со кое право се мешаш кој како да прави и вреѓаш. И јас си кажував мислење, а ти се дрзна да ме навредуваш. Ај олабави малку. Кој како сака си прави.
Не знам зошто ова го разбирате толку лично. Не се работи за тоа дека некој не ги сака вашите и само вашите деца. Туку не сакаат воопшто деца, плачење, трчање, плеткање по и околу масите, околу гостите итн. Исто, со деца, повеќето порано си одат дома, оти на децата ете нели им се спие. Родителите не можат да се опуштат, мораат да внимаваат на своите деца. Оти да се разбереме, не сите деца се исти и имаат живци да седат на едно место. Се зависи од тоа како е организирана свадбата. Едноставно концептот на истата е замислен на поинаков начин. Но разбирам, и јас сум мајка. Сум добила милион такви покани. Не сум ги водела децата, но ниту сум се навредила. Сум добила покана и која ги вклучува моите деца, но се случило и да не ги земам. Многу е нормално на поканата да се нагласи дали се или не се поканети децата. Порано беше со пишување, сега веројатно сметаат младите оти вака, со знакот е поинтересно. Некој уредно не кани на свадба, а ние уште желби имаме ?! Ај ако не да ги водиме и децата од комшијата. Никој не може и не смее да се меша во организацијата и замислата на нечија друга свадба. Така е замислена и крај. Секој има право на тоа. Од друга страна, имате право да критикувате. Не секој на ист начин ги перцепира нештата. Но верувајте, не се работи само за вашите деца, туку за сите деца, а најмалку пак за навреда. Мојата свадба беше со деца. Имав посебна маса за нив, со посебна храна, слатки итн. Меѓу другото, беа поставени и боенки, дрвени боички, стикери и блокчиња за истите. Нешто слично на лего коцки од покрупните и табли за нив. Имав и ситни поклончиња за секое дете. Организирав исто и пикадо со балони. Иако по некое време почна да настанува хаос, трчање итн. итн. Оти дете како дете, едноставно е невозможно да се задржи на едно место, подолг период. Но тоа не ми ја уништи свадбата. Така ја бев замислила и организирала. За родителите кои цело време трчаа по нив, а имаше и такви кои С од свадба не видоа, не можам да коментирам. И така.
А може венчаницата била изнајмена. Јас еден период поработив во салон за венчаници, изнајмување кошташе од 200 евра нагоре, замислете невестата да мора да врати оштетена венчаница, и да мора да ја плати а немала намера да ја купи. Венчаници многу лесно се оштетуваат, чипката и тулот од малку се разресуваат и се прават дупчиња, нас ни враќаа венчаници во салонот така дупнати или тулот доле поткинат, па мораш тоа да го поправаш, жената што го држеше салонот зашиваше бисери, и лепеше од оние чипкени детаљи што се лепат со пегла на места каде што е поткинато или повидно оштетено.
Не знам дали си во заблуда ниту ме интересира ама веселба е широк поим, некој поднапиен на матура ќе спобрка дали на свадба отишол или на нечија матура така да не знам ни зошто ме цитираш или селективно читаш
Сите што рипате за тоа што на некои им е стало до порциите. Како прво не е до сумата која се носи, секако кој колку има. Ама мене совеста не би ми дозволила 4 души со 1000 денари да одиме. Ало луѓе секој денар е испланиран. Порција не е малку, од најефтините што е тешко да се најдат 10 евра. Ај за 1 или 2 па и 3, 4 дeца не е проблем. Ама 6-7 фамилии со по 1,2 па и 3 деца? Оставете муабетот не треба порција за детето, на луѓето младоженците незгодно ќе им биде. А за број на луѓе, не може секоја свадба мала да биде колку и да ограничиш на најблиски. Пример- татко ми има 9 браќа и сестри, мајка ми 3. Сите со (деца) кои се веќе женети и мажени. Плус децата ако ги н онесат. А каде се страната на младоженецот со уште поголема фамилија, блиските? Сите што се правите тука многу изненаѓени и увреѓени, а уствари извртувате зборови оставете такви муабети.
Не било свадба без фустан, веселба било. Ахам. Овие што ништо не правеле или само најблиските едвај, не се венчани сега, не им се важи. Епа од вакви коментари, демек од брука од народ, се прават огромни фешти, па кредити ќе дигаме, па ќе се нервираме што ни донеле ... Тоа ти е. Кој ве врти уствари, секој како сака може тој ден да си го помине, не е ваше да тропате и проповедате што е правилно. Ова со кинење на фустан на невеста од децата ми е претеризам. Не знам кое дете и со кое воспитување би се осудило да оди да ја влече невестата и да и скине фустан, жити се. Па ништо чудно тогаш што ќе ги пречкртаат децата. Јас би барала родителите од детето/децата да надоместат штета ако е изнајмен фустан, а некој треба да плати за тоа. Детето не може да одговара, но ти можеш.
Во текот на животот како старееме учиме дека всушност таквите веселби се многу малку и се радуваме гостите само да дојдат и да ја споделиме нашата радост со нив. Свадбата е убава веселба, била со деца или без деца. Кога ја правиш од срце, тогаш децата и нивното трчање насекаде не го забележуваш. Мислам дека би била нецелосна кога би немало мали невестички и дечиња во костумчиња. Не верувам ниту пак дека родител ќе остави дете да седи на стол и нема да го прибере доколку некој дојде и нема место каде да седне. Повеќето реакции и размислувања се наметнати од постарите. На младите во тој период умот им е во многу поубави работи. Не им е дојдено до калкулирања.