ШТО ВИ Е НА ВАС???!ШТО ИМАТЕ ПРОТИВ БИКОВИ???!ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ЗНАЦИ Е!Ама ме изнервиравте со овие глупости...
^^ Се пресмеав Џули...убаво си пишала со големи букви, сега ако некој не разбере И да не сум офф ја сум си стрелец до крај на животот!Не признавам друг знак
Јас сум си близнаци..се карактеризирам со тој знак! Не можам да си го сменам со бик..можеби сакам, но не ми одговара карактерот со карактеристиките што ги носи бикот иначе џули, немам ништо против бикот
Не верувам во ова чудо.Ајде бре...змијоносец пфф Патем,јас и според новиот хороскоп пак сум си девица Јас прв пат слушам за оваа промена со хороскопот Хмм..не верувам дека ова така нагло ќе се прифати,сепак ми е глупаво да го сменат хороскопот малку офф -> Џули,да знеш дека јас си ги обожавам биковите и најмногу се разбираме
Знаете како е правилото...Бикот има неверојатно големо трпение,смиреност....не го искушувајте....претерате ли во нервирањето, бегајте од разјарениот БИК... Хммм значи ете така требало,повиши тон и сите после друг муабет прават. А бе ве сакам ФЕМИНЧИЊА мои! Spoiler П.С. Близнаци, спуштете се малку на земја...
Шо да правиме нејќиме и ние така во секој случај по новиот јас сум Бик, ама и подзнак сум Бик така да сепак не ми менува многу имам особини од двата
Стварно чуден ми е овој распоред на денови, скорпија 6-7 дена, а девица 43-44. Па на овој новиот знак што име му дале . А инаку бик сум, и 100% ми одговарат неговите карактеристики . По новиов иди овен, но не ми одговараат воопшто карактеристиките.
Лавица бев и си останав . Кај бе смее мене некој да ме смени ?! Нека дојде овде да му кажам !! Хел јеаахх
Мојата најдобра пријателка е бик, е нежна и не баш агресивна. Имам и други пријатели што се бик и нико од нив не ми оставил воопшто лош впечаток, баш напротив баш драги личности
леле биковиве наостриле рогови,близнаци да бегамеее џули ма немој да се тепаш па ти одма шала на страна секој знак си има свои добри и лоши карактеристики,а и впрочем знакот не те одредува каков човек си,само некои твои особини п.с ама па близнаците се поарни
Кога ќе прочита Џули тешко на сите Секој знак си има своја убава карактеристика, тоа не прави сите посебни Со близнак се немам колку што знам сретнато неможам да кометирам
Глупости, неможе сега после цел живот што се вика да ни ги менуваат знаците. Подобро да направат тоа да важи за новите луѓе што ќе се родат па нека си бидат змијоносци.
јас пак прочитав дека овој хороскоп шо го читаме секој ден (нашиов условно речено) важи за положбата на сонцето во одреден знак (ако сте бик во хор, сонцето ви е во бик) а сонцето не се движи, соу, нема промени. Овие хор. според соѕвездија шо се, ќе се мењале. Значи си остануваме тоа шо сме
леле глупостиии Не верувам! Јас сум си овен и овен ќе си останам Знакот си го сакам најмногу на цел свет и ги имам сите карактеристики што може да постојат за овен Риби како па да не!!!! Башка што има тринаести знак тоа значи дека ќе се смени и подзнакот и ај у п.м све ќе се измеша ццц што нема да им текне на луѓево
И јас змијоносец излегов. Во стрелецот се пронаоѓав некои 60%, ама стрелец со подзнак риби ми е погодено 99%. Сега ќе разгледам за змијоносецов
Може има логика тоа со менувањето на зодијакот (сега додуша и нема да се вика зодијак, бидејќи, ако не се лажам зодијак = 12 знаци), ама мене не ми менува ништо, бидејќи знакот не ме дефинира. Била јас лав или девица, останувам таа што сум.