И јас треба да бидам бик, а баш немам никаква поврзаност со особините на бикот! Не си го менувам знакот и крај
Јас си сакам да си останам бик и дечко ми јарец, баш сме си погодени! Какви се сега овие глупости? Не верувам, зошто не ми одговара! И + од каде јас овен, врска нема. редактирано: Мајка ми змијоносец, ќе да имало и нешто вистина,ако тој знак има карактеристики како што му е името
Пффф, не признавам ништо вакво! Треба да сум јарец, ја мајката! Ништо против јарци ама јас сум си водолија 4 life!!! Интелигентни, оригинални, друштвени и најтолерантни сме, епа кој не би сакал да си остане водолија?! Мисс ме пресмеа со змијоносецот, нешто многу си револтирана заради новиот знак
Митке бе ќе немав јас ништо против знакот , може и баш симпатичен ќе ми беше,ама да не се паднев баш јас тој змијоносец Мисс и љубомора? Не баш..ич
Е КАКО ДА НЕ, ЈАС СУМ ШКОРПИЈА, ГИ ИМАМ СИТЕ ОСОБИНИ НА ШКОРПИЈА И СЕГА НЕДНАШ СУМ ДЕВИЦА ОТИ НА НЕКОЈ МУ ТЕКНАЛО НОВ ЗНАК ДЕКА ТРЕБА ДА ИМА, КАКО ДА НЕ. ШКОРПИЈА СИ СУМ 100%
шо убаво си кажала ама баш се што сакав да кажам шкорпија сум и не доаѓа во предвид да сум девица ни под точка разно
Еве баш утрово на Фемина имаше нешто во врска со темава.... Искрено пресреќна сум што ќе си оставам вага (по новото требаше девица) Не, вашиот хороскопски знак НЕМА да се промени Вашиот хороскопски знак останува ист. Вагите си се ваги, шкорпиите – шкорпии, стрелците – стрелци. Мината седмица светот го обиколи веста дека за хороскопот да биде точен, треба да бидат направени промени и да биде воведен дополнителен 13-ти знак – змијоносец. Веста се појави откако американскиот астролог Парк Канкл изјави дека повеќето луѓе треба да си го променат знакот и дека родените во периодот од 29 ноември до 17 декември се всушност претставници на знакот змијоносец. Според Канкл, поради влијанието на гравитацијата на Сонцето и Месечината врз Земјата, настануваат сосема мали промени во земјината ротација, па сегашната поставеност на соѕвездијата во однос на Земјата не е иста со онаа од пред 3000 години. Видни астролози потврдија дека појавата за која зборувал Канкл влијае само на сидералната астрологија, односно системот кој се користи во Индија. Но, дури и таму биле правени корекции во пресметувањата во текот на годините за промените да бидат земени во предвид. Системот што се користи во Западната астрологија, кој и ние го користиме, воопшто не се влијае од оваа појава. Нашиот систем е „неподвижен“, т.е. движењето на Сонцето, Месечината и планетите се следи преку фиксирани сектори на небото. Овие сектори се непроменливи без разлика што се случува со земјината оска. Па, слободно можете да продолжите да си го читате хороскопот за знакот што си го знаете цел живот.
Па ете немао да се менува...А во суштина,што има тоа врска со нас,кои сме се родиле пред толку и толку години,кога сонцето си било во нашиот актуелен знак?!? Ај да се менува од одреден датум за родените по тој ден,ај,ами за сите?!? Нема логка! И нема логика јас да бидам девица...Немам допирни точки со нив
За два дена го избегнувам змијоносецот Си останувам стрелец, башка и сите карактеристики на стрелците ги поседувам