Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нов хороскопски знак и промена на личниот

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од All-that, 15 јануари 2011.

  1. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Значи јас сум Девица? :?: Хахаха не ме смеј бре, секој можен хороскоп за Вага ми е точен и тоа како. Немам ништо заедичко со Девица...
     
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Пак сум си лав!!!
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    20 јули- 10 август рак ке сум хахахахаха
    Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.

    Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.

    Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.

    Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.

    Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.

    Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.

    Симбол:
    Рак

    Симболизира:
    Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.

    Елемент:
    Вода

    Планета:
    Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.

    Ден од седмицата:
    Понеделник

    Боја:
    Бела, сива и виолетова.

    Број:
    2

    Скапоцени камења:
    Сребро и перли.

    Најдобри професии:
    Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.

    За да се спријателите со нив:
    Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.

    Дел од телото:
    Гради, стомак.

    Добри карактеристики:
    Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.

    Лоши карактеристики:
    Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.

    Карактеристики по кои ќе ги познаете:
    Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.

    Омилени работи:
    Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.

    Работи кои ги мразат:
    Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.

    Можете да ги најдете:
    Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.

    Скриена желба:
    Да се грижат за своето семејство и пријателите! ова ке се моите особини но ништо нема да ми е погодено!!!!!!!
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    јас сум си целосна шкорпија
    воопшто немам карактеристики на девица (за малку ќе пишев вдовица :tmi: :tmi: :tmi: )
     
  5. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    јас сум водолија, но според новиот хороскоп за ден се паѓам јарец. си се пронаоѓам во мојот хороскопски знак и си го сакам. имам некои сличности и со јарците, но хороскопот за водолија најчесто ми се годи. не верувам во новиот хороскоп, најискрено.
     
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Ма близнаци си останувам ова врска нема новово, а и се ми е точно за близнаци до сега! :rock:
     
  7. Lollipop123

    Lollipop123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Глупости јас сум си вага и си го сакам знакот многу не се пронаоѓам во него но јас сум си вага :D
     
  8. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    јас сум си истиот :rofl: :rofl: :rofl: :rock: :rock:
     
  9. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Ајдее, девица :^) Како не, јас сум типичен претставник на вага.
     
  10. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Не се работи за промена на личниот знак, туку некои (родените во наведените периоди) поседуваат карактеристики на два знака.
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Риба :o Нема шанси :!: Јас сум си овен и така ќе си останам :!:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofija18

    Sofija18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    36
    Жена-змија :D :D Прочитав нешто за новиот знак и се пронаоѓам во карактеристиките... велат дека е спој од Шкорпија и Стрелец. Како се погоди некој да ги ремети 12те знаци и во тој некој да спаѓам и јас :( :D До душа не кажуваат нешто излишно- ми ги погодиле особините, ама ајде бе се тешам дека тие особини ги имаат Стрелците родени од 1 до 17ти декември :D
     
  13. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Да не излезе дека лошо се изразив, астролозите што го поддржуваат ова велат дека промената на знакот важи само за змијоносецот, т.е некои стрелци стануваат змијоносци.
    Додека останатите кои се родени во периодите наведени погоре не го менуваат личниот знак, туку поседуваат карактеристики на два знака, покрај на својот и на знакот претходник. Пример овен и бик, бик и близнаци, близнаци и рак и т.н. Некои пак си остануваат само на еден знак, зависи од датата на раѓање.
     
  14. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ма дај, не ни треба уште еден знак, јас се пронаоѓам во близнаци и нема шанси да сум Бик, тоа е невозможно! Немам ни слични карактеристики како Бик! А и не сакам да сум Бик! :envy:
     
  15. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Девица :rock: отсегоаш сум била заинтересирана за тој знак :rofl: се шалам.. :D
    хороскопските знаци за мене немаат некое значење, така да сеедно ми е дали сум Вага или Девица :D
     
  16. maja57

    maja57 Активен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Bik i bik sum pak :D
     
  17. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Ќе испадне дека сум змијоносец......абе бегај јас сите карактеристики на стрелец ги имам и во подзнак сум стрелец.И веќе кога го "измислиле" нека го воведат во сите веб страни каде шо читаме за хороскопот
     
  18. sweetgirl1106

    sweetgirl1106 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Јас бев,сум и ке останам BLIZNAK.. :*
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Близнаци?
    Нема шанси јас сум си најтипичниот рак на светов. :D
     
  20. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Не бе , си останав јас девица ! Не се давам ! хххх :lol: