Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември вие сте Змијоносец. Овој хороскопски знак е сместен помеѓу Скорпија и Стрелец. Искреноста, изразена сексуална привлечност, променливи и љубоморни се карактеристиките на Змијоносецот. Spoiler: повеќе Астрономот Парке Канкл вели дека констелацијата на планетите и промената на положбата на Земјата, довела до измена на системот на хороскопски знаци, пренесува „Хафингтон Пост”. Наводно, датумите кои ги одредуваат знаковите се погрешни, бидејќи положбата на планетите и соѕвездијата, од времето на појавувањето на астрологијата до сега значително се има променето. Бидејќи поделбата на 12 хороскопски знакови е направена од пред 3.000 години, Канкл вели дека е потребно да се земат предвид овие промени и во системот да се вброи тринаесеттиот знак- Змијоносец (Ophiuchus). Spoiler: повеќе Астрономи од Минестота, велат дека со израмнување на ѕвездите поради гравитациското влијание на Месечината на вртењето на Земјата околу нејзината оска, ќе дојде до прескокнување на еден месец во хороскопот. Така на пример Рибите повеќе нема да бидат Риби, туку Водолија. Заради забрзувањето на прецесијата на еквионација, спори и постојани промени во движењето на оската на ротација или орбиталното движење на астрономските тела, сликата на небото се помрднала за 10 степени. Затоа повеќето луѓе родени како Лавови повеќе не се Лавови, туку Ракови. Според астролозите нема веќе да бидат храбри и родени водачи, туку многу чувствителни. -Откога постои астрологијата, луѓето знаеле дека има проблем со тој систем. Древните Вавилонци има 13 хороскопски знаци, па едноставно го исфрлиле Змијоносецот. Вагата на пример не постоела до времето на Јулие Цезар. Воведувањето на новиот знак го менува целиот систем. Проверете одново кој знак сте. Јас бев рак сега изгледа сум близнаци је јеее
Јас сум типичен близнак. Така да ми нема лоика ова до 13-тиот знак. Сите што ги познавам, колку толку, имаат карактеристики на својот хороскопски знак
Си го сакам мојот знак ЛАВ. Единствената работа што не ме поврзува со овој знак е жолтата боја. Јас не сакам жолта боја или златна. Не ги комбинирам во модата, а во шминката многу ретко користам златен туш. А во се друго сме исти.
Јаа сум шкорпија, а по новиов хороскоп би требало да сум девица.Ми имаат погодено неколку карактеристики од девицата, а најмногу за очите скитнички.Многу ми имаат кажано дека сум како ласица и премногу сум љубопитна. И за во љубовта повеќе се гледам како девица одколку како шкорпија, но и таму има по нешто што ми одговара.Но, сепак неможам да се навикнам како девица.Можда сум единствена шти и од таму и ваму имам карактеристики.
И јас сум шкорпија па воопшто не се пронаоѓам во девица. Од шкорпија ми е се погодено, а плус сум и мешана со вага