Имаме и нов чет: http://forum.femina.mk/chat/ Сега сме во тест фаза, па доколку има проблеми со функционирањето, пријавете ги во оваа тема.
Фала ви мноогу за четот. Баш е убав. Има ли некоја иконка за директен влез на четот, или мора од тука да влегуваме? Инаку многу е поубав и со подобрени опции, секоја чест.
На сите ви се допаѓа,освен мене Не е лош,ама понепрегледен е и ненормално многу кочи при пишување и предизвикува голтање на букви Ако е можно,да се среди тој проблем.
Eдна од подобрите страни на новата платформа.Четов се закон!Ми се допаѓа опцијата за внесување на слика .Овај ЧЕТ е многу подобар од предходниот @Marossa мене искрено предходниот повеќе ми кочеше,иако и овај кочи.Но заразлика од стариот,помалку
Мики бавен некако четов, башка нема посебни прозорчиња за да може да се разговара поединечно, или да се ставаме во групи. Се надевам работите на тоа.
Четот си е супер,ама една работа да си кажам.На пример некој ќе напиши долг текст,не долг така долг туку така 1-2 реченици нешто.Е сега кога сакаме да го прочитаме тоа некогаш одма можи,ама некогаш скроламе нагоре и одма не’ враќа назад бидејќи некој друг пишува и не можи да се види на раат то напишаното... Друго сега-засега нема од мене
Има еден проблем. Не е само кочењето. Кога ќе испратам нешто не се појавува, треба да испратам друго, па тогаш се појавува.
Не е лош,ама понепрегледен е и ненормално многу кочи при пишување и предизвикува голтање на букви http://pass4-sure.me Ако е можно,да се среди тој проблем.
Мики, кога стига известување на четов нека има и едно пиле да цвили да знаеме дека нешто се дешава. И Ќечо е во право, потребни ни се и нови прозорчиња за да можеме да се групираме. Башка проблем е што четот кочи. Апел од сите еве да ги корегирате стварите кога ќе можете. Поздрав.
Уште еден предлог:да биде исто како четот на старата платформа,да се гледа кој е присутен на четот,има многу отстрана што ѕиркаат,а не пишуваат