Ги обожавааааам Порано ми беа некако детски нивните песни, ама последниве години, имаат одлични песни. Некои стихови толку ме погодуваат, ко јас да сум ги пишувала Бев на концертот што беше на саем, преубаво си поминав, играв и пеев цела вечер Многу е моќна песнава... http://www.youtube.com/watch?v=YtgwrfTvPJY
Единствени и незаменливи се мајке ми! Репер за квалитет на домашната музичка сцена. Бубамарата за најдобар концерт отиде во правите раце. Алал да им е! Посебно на Пере. Каков глас човече- совршенство. http://www.youtube.com/watch?v=DakB_lgj_Sc
НОКАУТ пролетно: 30-ти март - клуб Платинум во Струмица (акустик) 7-ми април - "Супер Урбан Фестивал" во Метрополис арена во Скопје (електрик) 12-ти април - Дом на млади "Ацо Шопов" во Штип (акустик) https://www.facebook.com/pages/Nokaut-Unplugged/182421791827490
Ќе одам јас во четврток, само уште карти да купеме.Не се многу скапи картите, концертот ќе биде во Домот на млади. Едвај чекам, фала Богу што си најдов друштво за одење. Импресии после концертот.
баш жално што концертот на 7ми се откажа недоволен број на карти мислам катастрофа незнаеме да си цениме нашето нешто што навистина вреди а за оние српски шабанери сите трчаат катастрофаааа
Немам зборови. Неверојатно беше, ма екстра. Само траеше многу кратко, саат и пол. Полна беше салата. Сите пееја, беше навистина супер, сеуште собирам импресии. А, овој Франц колку е убав, уфф, ми доаѓаше да се качам на сцена да го изнабацувам Перверзии е. Горе сум пишала Домот на млади, всушност беше во Домот на културата.
Нокаут ги слушам од малечка од некаде 4 години. Одсекогш омилена песна ми беше еј би си, но покрај неа исто така меѓу омилените ми се во бестрага, мене ми припаѓаш и ти си проблем ♥
Прочитав еден коментар на YouTube, и вика... Со Нокаут пораснавме, со нив изгледа и ќе остариме! Се сложувам...
За помалку од 1 час, точно на пладне на веб-страната на MTV Adria, ќе има промоција на спотот за новата песна ’Знаеш каде да ме најдеш‘. Едвај чекам да го погледнам.
Стариот состав повеќе го следев. Сега не толку... Им знам некои песни, ама искрено ни сама веќе не знам што е ново што е старо. Не сум отворила на нет да се информирам. Али песните главно се ок. Имам неколку омилени, ама ќе го постирам ова пошто многу ми се допаѓа: http://www.youtube.com/watch?v=1eZWjRT_eY0
Еве го и спотот на youtube http://www.youtube.com/watch?v=uT3r8vtA-tg 10/10 Инаку саксофонистот предава во музичкото средно кај нас во градот.
<3 <3 <3 http://www.youtube.com/watch?v=hQSyTXix8Is http://www.youtube.com/watch?v=YtgwrfTv ... detailpage
Многу си ја сакам песнава една од омилените нивни песни ми е http://www.youtube.com/watch?v=9OsYhHvG ... re=related