Девојки беше ли некоја од вас синојка на концертот во Битола?! Ако бевте дајте споделете импресии како си поминавте?
Anna, јас бев. Mислењето додека уште средував импресии. Малце се оддолжи концертот поради пробите на предгрупите, наместо во 21:30h- како што беше кажано, концеротот започна во 22h. Кога започнаа Pumpers беше тапа, ама на крај тие ја направија атмосверата. Се изненадив од самата себеси кога започнаа да пее Sarah. Сите песни и' ги знаев, а си мислев баш на неа ќе биде најдосадно. Нокаут со настапот започнаа (колку што се сеќавам) некаде кај единаесет и пол. Искрено не ми текнува со која песна започнаа, мислам беше Поинаку ама не ме фаќај за збор. Баш памтам, Знаеш каде да ме најдеш беше 4та по ред, а мојата омилена 6та. Ги испееа скоро сите хитови, од Фатална опсесја и hi-fi, до легендарната Во бестрага. Болка ми е што не ги слушнав Ти си проблем и Самовила, ама и ова беше доволно. Јас Ви завидувам што сте на ваков рок концерт, со моите омилени Памперси, македонската Грејс Џонс- Сара Мејс и најдобрите Нокаут. - рече Џамбазов кога се качи на сцената. И тој испеа 4-5 хитови, и веднаш после тоа замина. Концертот траеше до 2часот. Откако се подисчисти гужвата, со другарките се шмугнавме позади сцена, се посликавме со Пере и Франц, и после правец тобако, да купиме вода- ништо немавме ставено во уста пет часа. Франц, сонце е бе, каква гушка ми даде! Спојлер Еве неколку минутно интервју со Франц и Игор и дел од атмосверата. (01:01-11:09) http://tera.mk/View-Video/%D0%A0%D0%B8% ... %82/Page-1 Од телефонот на Владимир. И како верен фан, ене ме во прв ред.
^ Мило ми е што си поминала толку убаво Иначе Франц абе срценце најголемо е ,ако не се лажам од неговиот телефон е сликата така? Иначе прашав на страницата нивна на фб,и ми рекоа дека повеќе од сигурно било дека наскоро ќе дојдат во мојот град,така да се надевам дека ќе имам чест да ги слушам и јас!
Ми се свиѓа оној стил на Пере ака Johnny Depp, момциве се топ со нив растам со години, го имаат оној стил гроове и го презентираат со вкус.
Леле, преубаво беше на антички. Како сме тргнале со сестра ми, ниту еден настап им немаме пропуштено Утре да речат повторно правиме концерт, повторно би одела.
Маестрален концерт во Скопје. Ги засакав уште повеќе. Имаше многу повеќе народ отколку што беше препорачливо да има за да се дише нормално, ама сето тоа го занемарив. Ми се допадна фактот што многу луѓе знаеја очигледно што е 100 пати квалитетно од турбо фолкери. Него, има некаков абер за двд верзијата од концертот? Ако ме држи добро меморијата некаде април не требаше да биде излезено?
Најновиот сингл на Нокаут- La Vita e Bella. Летно, романтично песниче. Не ми е толку добра колку Знаеш каде да ме најдеш, но лесно влегува во увце- комбинација од совршена музика и добар текст. http://www.youtube.com/watch?v=pMsVS8jl ... ture=share
Ваше мислење за дуетов со Тони Зен? http://www.youtube.com/watch?v=1Q3giEEuESk Мене искрено ми дојде неочекувано,Нокаут да снимат дует со Тони Зен,во секој случај и не е толку лошо
Нокаут ♥♥♥ Многу ги сакам и оддамна ги слушам,скоро сите песни му ги знам. И на концертот им бев,незаборавно беше Омилена од нив ми е „Би се викал те сакам“ и „Мене ми припаѓаш“
Летото '12 Охрид на антички - магично! Алал да им е, преубаво си поминав, башка Игор екстра беше! Сакам пак!!!
Браво за дечкиве ,не очекував дека ке заживеат повторно и блеснат http://www.youtube.com/watch?v=a60lhna-m4I
Значи едно ГОЛЕМО БРАВООООООООООООО за дечкиве. сега само што се вратив од концертот што го одржаа во Кочани и ме оставија без зборови. Секоја чест за Пере, тој е мајстор ипол Се надевам ќе дојдат повторно пак во Кочани